логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


zrze1.jpgМАЛОВЕРНОСТ И НЕЦРКОВНОСТ

Освен отстапувањата од правилата на нашата вера, слични на наброените, денес често може да се сретне и друго, помалку забележливо, но не и помалку одвратно предавство на православната вера - тоа е маловерноста како презирање на самото православие, на самата наша Мајка - Православната црква.

Маловерноста е лекомислен, површен, понижувачки однос кон догматите на Црквата, обредите и правилата што ги востановила Црквата. Маловерноста е нецрковен, неуреден и безблагодатен живот, кој без разлика на тоа што некој тврди за себе дека е „православен", а во суштина е двоен живот, зашто човекот повремено е „верник" - во одредени моменти и во одредени околности, а во своите вообичаени животни активности ни оддалеку не живее како христијанин. Маловерноста е безгрижно, „другарско" општење со еретиците и хулителите на нашите светињи, активно дружење со овој прељубодеен свет. Маловерноста е склоност и сраснатост со лажните „добродетели" на овој свет и со неговите лажни сфаќања. Маловерноста е ласкање на паднатото човештво. Маловерноста е лесно прифаќање на клеветите и хулата на црковниот поредок и одредби, често сомневање во исправноста на ова или она црковно правило. Маловерноста е непочитување на постовите што ги одредила Црквата и рамнодушност кон црковните прцзници и настани, тоа е, значи, онаа млакост за која се зборува во Откровението Јованово: Ги знам делата твои: ти не си ни студен, ни жежок; о, да беше студен или жежок! Така, бидејќи си млак, и не жежок, ниту студен, ќе те изблујам од устата Своја (Откр. 3, 15-16).

Меѓу нашите верници, веќе одамна, се одвива извесен страшен процес на внатрешно оладување кон божественото, внатрешно умртвување и оутѓување од Небесното, процес на оддалечување и предавство на православието, тајно одрекување од Бога. Но, при сето тоа надворешното исповедување на верата како да расте, се шири, громогласно се обзнанува. Колку многу се оние што сакаат да учествуваат во надворешната вера, да направат неколку радознали чекори во преубавиот свет на христијанството, а колку малку се оние што потоа сакаат докрај да одат по тој пат, пат тесен и полн со страдања, да го остават целиот свој поранешен живот, да ја отфрлат неговата „убавина" и да станат против своите страсти, својата волја, да не се враќаат во Содом, кој го оставила зад себе! Денес семето на верата, главно, паѓа на тенок слој земја што лежи на камена безчувствителност, паѓа меѓу трње или на пат и бидува исушено, загушено или украдено и изгазено. Сега уште повеќе, отколку во раните времиња, е потребно многу труд, борба, мудрост и внимателност за да се одгледа и да се зачува плодот на верата.


Многу свети отци уште во минатиот век ги забележале овие болести:
„Надворешната побожност уште некако лицемерно се одржува, луѓето се откажале од силата на верата и ја отфрлиле...";
„Оставено е на волјата верувањето во Христа, а отфрлено е живеењето по заповедите Христови: прифатен е живот во спротивност со нив, поради што верата никако не може да премине од почетна во активна, а уште помалку во жива, односно духовна. Вера без дела, т.е. без извршување на заповедите Христови е мртва";
„Уште има поединечни добродетелни христијани, но изгубено е општото познание на Вистината со кое сите христијани би се соединиле во едно духовно тело, со еден начин на мислење, во еден дух, под една заедничка глава - Христос. Денес секој има, помалку или повеќе, свој начин на мислење, своја религија, свој пат што ги прифатил произволно или случајно и кои ги смета за правилни или кои можат да бидат оправдани. Тоа е безбројно стадо кое ја изгубило врската и единството во вистината и духот, и кое на духовниот посматрач му изгледа како некој огромен хаос: секоја овца оди на своја страна, не знаејќи каде оди...";
„Ги оглувела бучавата на лутите земни грижи, буката на телесните веселби, буката на земниот успех...";
„ Нивната душа се прилепила за земјата...";
„Сите ние ги засакавме своите празни и глупави желби, го засакавме минливото и привременото, телото и крвта, вечната смрт што во нив живее! Тесниот пат е пат на самоодрекување, тесно е на широкиот пат угодување на себеси! Се стискаме, брзаме, се туркаме едни со други во веќе преполнета и презаситена пеколна провалија!.." (св. Игнатиј Брјанчанинов);
„Целиот свет се наоѓа под влијание на некоја сила што завладува со умот, со волјата и со сите душевни сили на човекот. Таа сила е одандестрана, зла сила. Нејзин извор е ѓаволот, а злите луѓе се само орудие преку кое тој делува. Тоа значи дека антихристот доаѓа во светот. Тоа се негови претходници. За тоа апостол Павле вели: Ке им испрати дух на заблуда, дух на измама, зашто не ја примија вистинската" (преподобен Варсануфиј Оптински).

Може да се најдат многу слични изреки полни со тага и горко претчувство за сите оние страшни духовни несреќи што се спуштиле на светот во нашиов век и му нанесоа многу тешки рани на целото христијанство. И боите на овие тажни слики стануваат се појасни.

Надворешноста на денешното православно христијанство се украсува и се слави, светот ја прифаќа и фали - додека внатрешниот живот осиромашува во духовноста и се одликува со невидена немоќ. Незабележливо, се она што е поврзано за вечноста и за животот во идниот век се истиснува во позадина. Особено внимание се обраќа на овој живот и на неговото уредување. Насекаде се гледаат и се слушаат дела и зборови, наизглед многу возвишени, побожни и благочестиви, а во суштина - сите тие се од овој свет и ги следат минливите и жалосни цели. За вечноста не се ни зборува, а ако се зборува тоа е некако несериозно, често како на шега или некако набрзина, како за нешто далечно и многу нејасно. Денес, на пример, кога се разговара дури и со многу црковни и ревносни христијани за Царството Небесно (на пример, при погреб на некој од блиските) се чувствува некоја затупеност кон стварноста на Небесното Царство; потсетувањето на другиот - вечен живот, кај нив не раѓа радост и мир, туку на нивното лице се одржува лесна сенка на некоја недоверба и досада. Колку често денес, ние православните христијани, се обидуваме да се мотивираме себеси или ближниот за нешто корисно со суетен и примитивен мотив, кој, дури, е заснован на некоја страст (на суета, среброљубие, гордост и на тоа слично) и колку ретко се обидуваме да се потрудиме и да патиме заради самото Небесно Царство.

Секако, таквата „вера" е мртва! „Верата" што не се грижи за вечниот живот, туку за минливото и пропадливото, го турка и ќе го турка човекот во разни соблазни, забави, похоти на овој прељубодеен век, во разни негови игри и позирања и порано или подоцна човекот ќе се побуни против православната вера која, како и секогаш, го одделува човекот од земјата, која го привлекува и разгорува, го води кон Небото, кон вечното и божественото. На таквите лажни верници нашата вера секогаш ќе им изгледа сурова, како вера која умртвува и забранува, како досадна и мрачна. Навистина, православието без жива вера и очекување на идниот век, за грешникот што го сака овој свет, станува неиздржливо тежок јарем, кој не е растворен со сласт и веселие.

Сите луѓе ја засакаа земјата! Ги засакале „своите празни и глупави желби, го засакале пропадливото, телото и крвта..." Тоа е страшна рана! А колку често таа е незабележлива! Многу е важно човекот цело време да ги проверува своето срце и ум, да следи каде го собира своето богатство: дали на Небото или на земјата, со што ја оживуваме ревноста за своите дела: дали со барање на Царството Небесно или со барање на царството земно! Такво внатрешно подметнување и замена на вишното со нижото води кон цел низ на предавства и измами на православието. Насочувајќи се кон земниот успех, иако човек и понатаму се моли и почитува многу обреди и правила на црковниот живот, неговите цели повеќе не се возвишени, не се животворни, не ја очистуваат душата, туку ја ослабуваат, ја натоваруваат со страсти. Тогаш се менуваат претставите на човекот за се, тогаш човекот самата гревовност и духовното сиромаштво повеќе не ги гледа во сета своја грдотија и многу од тоа што е мрачно почнува да му изгледа светло, горчливото - слатко, недопуштливото - крајно корисно, многу подметнувања - како нешто вистинско и убаво. Учењето на светата Црква се понижува, луѓето почнуваат да измислуваат свои погледи и учења во однос на вистината и заповедите за кои слушнале од православните и од Светото писмо, но не им се допаднало нивното православно толкување.

Така се зголемува бројот на „христијаните" по име, но вистински поклоници на Христа Господа има се помалку. Се повеќе се зборува за Црквата, за верата и за христијанството, а се помалку има дејствителен живот според верата, внатрешна борба против страстите. Вистинскиот духовен живот се заменува со нему директно спротивниот - барање душевни наслади. Или, како што за тоа зборува јеромонахот Серафим Роуз:
„Егоцентризмот и самозадоволството, со кои е исполнет животот на повеќето денешни „христијани", толку исполнале и продреле во се што секое сфаќање на тоа што е вистински духовен живот за таквите христијани е скриено 'зад седум печати'. Затоа, „духовниот живот" на таквите христијани не е ништо друго, туку друга форма на истото „самозадоволство". И: христијанската духовност се раѓа во тешката борба за стекнување на Божјото Царство, кое во сета полнота доаѓа после минливиот свет, и вистинскиот војник Христов не бара мир, дури, ни во предвкусот на вечното блаженство, во кое може да се увери уште за време на животот."

Така изгледа состојбата на современите христијани во нашево време.
Слабоверноста и неприфаќањето на верата во сета нејзина длабочина и сили, доведува до тоа христијаните повеќе да не ја сфаќаат Црквата и нејзиното учење, што потоа води кон нецрковност, напуштање на Преданието на светите отци и го остава човекот во потполна осаменост на жалосниот брод на средина од морето разбранувано од животните страсти.
Значи, кога човек сета своја надеж ја полага во земниот живот, тогаш и неговото срце, според учењето на Евангелието, се прилепува за земјата и сите негови активности и мисли стануваат приземни, тој повеќе не е во состојба да го подигне својот поглед кон Небото - и таквиот живот не може да биде христијански.

Светиот епископ Игнатиј (Брјанчанинов) пишувал: „Светото Писмо сведочи дека христијаните, како Јудејците, постепено ќе почнат да оладуваат кон откриеното Божјо учење; ќе престанат да внимаваат на обновувањето на човечката природа од страна на Богочовекот, ќе заборават на вечноста, сето внимание ќе го насочат на својот земен живот: во тоа расположение и насока ќе се занимаваат со развојот на своите животни услови на земјата, како тој да е вечен и ќе ја развиваат својата падната природа заради задоволување на своите ошгетени и развратни потреби и желби на душите и телата. Се разбира, таквото учење нема врска со Искупителот, Кој го искупил човекот за блажена вечност. Таквото учење е отстапување од христијанството".
Колку е сега важна и скапоцена, за верникот, најдлабоката преданост на учењето на својата мајка -Црквата, која духовно го родила во светата крстилница! Колку е неопходна огнена и цврста преданост на светото православие! Колку е потребна голема внимателност кон бурниот, надојден тек на лажна духовност, лажна религиозност, лажно добро! Со покајанието треба да го наоѓаме и од своето срце да го искорнеме одвратниот коров на страсна приврзаност за она што е привремено и оутѓено од се што е божествено, небесно и вечно! Замисли се над тоа, сигурно во себе ќе најдеш знаци на оваа, денес, распространета болест - исплаши се да не испадне дека и ти си еден од лажните христијани, кои ќе бидат големо мноштво во времето на доаѓањето на антихристот и во кои тој злотвор ќе најде свои предани поклоници.

„Деновите на овој свет секогаш биле лукави и такви ќе бидат: но не е ли нашиот век полукав од сите и заради тоа не се бара ли од нас повеќе мудрост за да го искупиме ова опасно време, така што ќе му го спротивставиме спасението?" (св. Теофан Затворник).
Мислиме дека ќе биде полезно да се потсетиме на митарствата, преку кои минува душата на умрениот човек третиот ден по смртта. Важно е секогаш да го паметиме тој страшен час кога ќе стоиме соочени со злото и срамот, кои не следеле во животот и со кои сме општеле. Црквата многу и подробно учи за митарствата. Многу детали се познати од откровенијата што ги соопштувале луѓе на кои им се јавувале умрени, како и од виденија или од луѓе кои често неочекувано се враќале во живот после неколку часови или, дури, после неколку денови по смртта, и кои со ужас сведочеле за тие страшни впечатоци. Притоа, многумина до крајот на животот останувале во покајничко расположение и непрестано се подготвувале за смртта, за да не ги изненадат злите духови - митарите.

  

(Продолжува)

Извадок од книгата:

ПОКАЈАНИЕТО- ПАТ КОН ВЕЧНОСТА

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархиј

Друго: Pokajanie.korica.jpg

 

 

 

 

Посети: {moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная