логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

crkva.skali.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


 КРАТОК ПРЕГЛЕД НА НАЈРАСПРОСТРАНЕТИТЕ ГРЕШНИ ЗАБАВИ И ПОРОЦИ ВО НАШЕВО ВРЕМЕ

 Архимандрит Лазар Витаниски

НАРКОМАНИЈА

Во нашето ужасно време се отвори уште еден широк пат кон пеколот - наркоманијата. Непотребно е да потсетуваме на ужасните последици од оваа болест за психичката, моралната и физичката состојба на човекот зашто сите денеска веќе доволно слушнале за тоа. Но, како треба да гледаме на ова зло од христијанска гледна точка?
Како прво: наркоманијата е многу блиска на страшниот грев - самоубиство. Освен тоа, оваа зла појава е многу блиска со појавите како што се: гатањето, црната магија и спиритизмот, т.е. со општењето со „одандестраниот свет", со духовите на темнината, потчинување на нивното влијание. Речиси сите генерации на волшебници користеле слични „треви" за достигнување на соодветната состојба на „рафинираност на свеста", а за што полесно општење со „боговите", кои всушност се демони. Самата желба човекот да доживее силна, необична и несфатлива состојба или преку тоа да дојде во допир со таинствениот свет веќе претставува доброволно повикување на духовите на темнината да ги користат неговите чувства, да завладеат со душата, а човекот тоа го прави само да би доживеал нешто „интересно", пријатно и необично.
Ние, христијаните, знаеме како злите духови секогаш се обидуваат да не прелажат, да не излажат со својата слатка лага, на секој што нема многу искуство во духовниот живот тие, во облик на наизглед вкусни јадења, им нудат плодови натопени со смртоносен отров, секој добар почеток се обидуваат да го свртат на страната на лажното добро. Сите свои замки, мрежи и клопки злите духови ги облекуваат во наизглед најубавите и најпривлечни облеки. Заради тоа ние христијаните секогаш се трудиме да бидеме многу внимателни кон сите „слатки", пријатни и „особени" душевни состојби, не прифаќаме никакви „откровенија", „привиденија", „просветленија", „визии", „блажени состојби" и на тоа слични невообичаени појави без внимателни духовни проверки. Не треба да имаме доверба ниту во изненадни „силни" чувства, ниту во покајанието, ни во молитвата, ни во искажувањето на изненадувачка огнена ревност, туку треба да сметаме дека во сето тоа ѓаволот може да не измами, па заради тоа многу се вардиме и будно внимаваме (зашто секоја таква грешка може да доведе до најстрашното од се што постои - до погибел на нашите души). При сето тоа злите духови често не доведуваат во измама. А што се случува со оној што копнее и ги бара токму овие силни и јаки доживувања, постојано нови и нови, што е можно понеобични чувства, визии, „откровенија" и „слики"? Таквиот човек набрзо потполно потпаѓа под влијание на злите духови и станува нивни роб и со телото и со душата. Овие зли духови го забавуваат се додека човекот сосема не заглави во страста на наркоманијата, кога престанува да биде самостојна личност и станува жалосен „приврзок" на наркотиците, а во средиштето на неговиот живот се наоѓа само една желба - повторно да влезе во тоа „царство" што се открива преку дрогата, да живее во свет што не постои, кој се состои од „розови облаци". Меѓутоа, после тоа демоните го лишуваат несреќникот и од оваа утеха - потребата за земање на дрога се појачува, дозите растат, без дрога е се потешко, а чувствата ја губат својата првобитна сласт, се гаснат и постепено од тој „розов облак" појасно се гледа грозната и подмолна муцка на ѓаволот, кој тогаш почнува грубо да и се потсмева на својата жртва, повеќе не и помага и не и ласка, туку сурово ја гази и често и вметнува помисла на самоубиство, зашто негова крајна цел е да ја улови човечката душа.
Комбинацијата на експерименти над својата душа со рок-музиката (или на нив сличните облици на современите демонски култови) е најбрз пат за достигнување на дното на погибелната провалија. Еве еден пример до кој степен на помрачување на умот може да дојде човек, ако ги користи „напредните" достигнувања на современата младинска „култура". Постојат сведоштва дека на Запад се случувале следниве грозни работи: многу млади хипици-наркомани - кога би дошле до состојба на крајна избезуменост поради употребата на силни халуциногени дроги, а постојано копнеејќи по нови и по се посилни доживувања и повеќе не наоѓајќи задоволство во својот „вообичаен" наркомански „пат кон нирваната" - го завршувале животот со самоубиство. Но, како! Се качувале на покривите на огромните облакодери, таму вбризгувале преголема доза на дрога и, кога дрогата би почнала да ги убива, се фрлале од покривот на земја. Дрогата дејствувала за време на падот, самоубиецот за тие неколку секунди доживувал „фантастични" искуства, а смртта понекогаш би настапувала уште во воздухот од прекумерната доза, додека на земјата би паѓало веќе мртво тело... Дури се појавиле рок-песни во кои се опејувал сличниот „подвиг" на самоуништување и самоубиствено пилотирање во пеколот...
Поради што, всушност, почнува наркоманијата?
Денес, кога секој млад човек уште од раното детство искусил многу тешки гревови, кога од сите страни е окружен со отпадништво од Христа, отуѓен и оддалечен од светата Црква, тој неизбежно чувствува тешка душевна состојба, неговата душа како да е притисната од тешки камења, непокајани гревови, таа нема доволно вера и христијанско знаење да би се обратила за помош кон Господа, да би барала олеснување, исцелување и ослободување од таа тежина во молитвата, во светата тајна покајание. Во таков случај, чувството на постојан внатрешен немир го поттикнува човекот да бара средство со кое, на лесен начин, би ја тргнал таа тежина и би се ослободил од оковите што и тежат и ја гушат душата (а тоа е дејството на непокајаните гревови), кое би му помогнало да се скрие од мачењето и грижата на совест што го растргнува срцето, да најде некој илузорен, фантастичен свет каде што нема ниту грижи ниту страдања.
Ние, христијаните, со сигурност знаеме кој свет е вистински посакуван за душата, и тој е потполно реален, многу пореален од овој видлив свет. Тоа место е „светло, родно, свежо, мирно, од него се оддалечени, и болести, и страдања, и воздишки" (така се зборува во молитвата на свештеникот за умрените). Тоа место е Царството Небесно што го благовестил нашиот Господ Исус Христос кога дошол на земјата и кое ќе се открие при Неговото Второ доаѓање, кога Он ќе им суди на живите и на мртвите. Тоа Царство е вечно! И сите ние, христијаните, го чекаме животот во идниот век, се подготвуваме за него, само за него треба да се грижиме, заради тоа сме подготвени да трпиме овде во овој привремен, минлив живот, и болки, и страдања, и секакво „отсуство на угодност". Знаеме дека таму влегуваат само оние кои својата душа ја пренесле неоскверната низ сите страшни искушенија на овој век и прељубодеен свет, само оние што храбро, трезвено, разумно, без малодушност и самосожалување, чесно ја отфрлале секоја непријателска измама, секое лукавство и кои на секој начин го чувале своето срце чисто, и ја барале само Вистината, Вистинскиот Вечен Бог, не признавајќи ги бедните измислувања за вистина, не продавајќи го вечното блаженство за чорба од зеленчук (како Исав што го разменил своето првородство со својот брат Јаков; 1 Мој. гл. 25).
А наркоманот ја продава својата душа, вечноста за „воздушен дворец", за „розов облак". Нему сега му е тешко да се врати од својот фантастичен свет каде што е така „мирно", во овој свет во кој се води постојана борба, битка за живот, борба помеѓу Небото и пеколот. А тој сака да остане настрана, како што дезертерот за време на битката, во текот на бојот сака да се скрие во некое скривалиште, да заборави на себе во длабок сон, да не гледа и да не слуша што се случува наоколу. Но не, човекот не може да ја избегне битката за сопствената душа, не може да се избави од решителните дејства на таа борба! Што побрзо човекот ќе се разбуди од таа духовна зашеметеност, што побргу ќе ја исфрли од себе таа хипноза и маѓепсаност - тоа побрзо ќе собере сили да се обрати кон Вистината, кон својот Господ.
Состојбата на човекот во такво тешко заробеништво на демоните, по својот мрак и оддалеченост од Светлината, е слична на состојбата на пророкот Јона во утробата на морското чудовиште на дното на морската бездна. Без разлика на тоа што е човек, а не мртовец, телото уште е живо, а душата „на оној свет" делумно меѓу злите духови во пеколот.
Пророкот Јона извикувал вака:
Ме притиснаа водите до душата моја, бездната ме затвори; со трева морска главата моја е обвиена. Слегнав до основите на планините, земјата со резињата свои за навек ме затвори, но Ти, Господи, Боже мој, ќе ја изведеш душата моја од пеколот (Јон. 2, 6-7).
Тој личи на несреќна и жалосна мува фатена во леплива пајажина, а пајакот веќе трча кон својот плен да ја исцица целата негова утроба.
Кон лекувањето на оваа болест треба да се пристапи што побрзо!

 

(Продолжува)

Извадок од книгата:

ПОКАЈАНИЕТО- ПАТ КОН ВЕЧНОСТА

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархиј

Друго: Pokajanie.korica.jpg

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7593
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная