"Чедо мое, чувај се да не судиш на ниту една душа, оти Бог допушта да падне оној кој му суди на својот ближен, за да научи да сострадува со својот слаб брат. Благодатта Божја го поддржува секој од нас но, ако се погордиме, Бог ќе ја оддалечи од нас и ќе бидеме полоши од останатите.
Едно нешто е да осудуваме некого, а сосем нешто друго е да војуваме со помислите на осудување. Осудувањето е ужасна страст но, да бидеш нападнат од такви помисли и да им се спротиставиш, причина е за добивање венец."
Старец Ефрем Аризонски