логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT905

Немој да се мачиш со завист, бидејќи со тоа не го запираш успехот на оној кому му завидуваш, туку само си ја ставаш душата во пеколот. Немој да се мачиш со омраза дури ни кон најголемиот непријател, бидејќи со тоа не му наштетуваш на оној кој го мразиш, туку само си ја разјадуваш душата. Не мачи се со паметење на навредите, бидејќи со тоа не се осветуваш на оној кој те навредил, туку само си ги расчепкуваш раните. Свети Јован Лествичник напишал: „Памтењето на злото е како трн забоден во душата“. Тогаш зошто го памтиш злото, зошто носиш трн во душата, зошто се гневиш кога полесно е да простиш, да заборавиш и да сакаш, отколу тој јад да го носиш во себе?

Едно време кај нас во црквите во текот на цела година се читаше една молитва во која помеѓу останатото беа и овие зборови: „Господи, спаси нѐ од нас самите!“

На прв поглед изгледа необично. Зошто Бог би нѐ спасувал од нас, кога – мислам ние – сме си најголеми непријатели?

Но ако само малку се загледаме во животот, ќе забележиме дека во многу случки човекот може на себеси да биде најголем непријател и знае на себеси да си нанесе големо зло.

Во едно село кај манастирот Каленич ни покажаа еден сиромав и судејќи според изгледот – пропаднат човек. Ни раскажаа дека на тој несреќник татко му, му го оставил најубавиот имот во селото кој по смртта на татко му за многу кратко време се пропил и сѐ искоцкал. Стасал до таму што во кафана и на коцкарска маса ги оставал чаршафите и фустаните од жена му. За тој човек никогаш не може да се рече дека бил пријател на себе си и тој со својата расипаност си нанел повеќе зло отколку што му нанел некој друг.

Во некој манастир живеела некоја калуѓерка со многу дарови: дополнително пеела, везела и сликала. Со годините почнале во манастирот да доаѓаат нови и нови сестри и помеѓу нив имало доста способни и надарени со дарови. Таа даровита монахиња која некогаш била прва во сѐ, успехот на младите сестри ја погодувало толку многу што екстремно страдала. Толку многу станала завидлива што животот ѝ се претворил во пекол. А Бог ѝ дал толку многу дарови што животот би можел да ѝ биде рај. И за таа сестра не може да се каже дека на себеси била пријател. Таа предавајќи се на страшната завист се осудила самата на непотребни, но страшни маки.

Но, не си нанесуваат зло само пијаниците и не се мачат само завидливите, туку и обичните луѓе кои кога ќе им нанесат рани, уште повеќе си ја зголемуваат болката. На земјата не постои место каде можеме да се сокриеме од луѓето и да нѐ не повредуваат. Или ќе нѐ навредат или ќе нѐ клеветат, или ќе ни нанесат било каква рана на душата. Од тоа никој и никаде не може да се сокрие. Нам ни претстои тие болки и рани да не ги зголемуваме и преувеличуваме.

Достоевски ни го раскажа животот на оној млад човек кого во детството го исмевале заради неговото вонбрачно потекло. Тие навреди толку многу го болеле што низ годините после секое запознавање со човек тој раскажувал за неговото вонбрачно потекло, затоа никој повеќе не го прашувал. Сите навреди во детството што ги примал и ги трпел не престанал да ги потенцира пред себе и со тоа непотребно си ја измачувал душата.

Повторно кај Достоевски има тажен расказ за старецот Никола Сергејевич. Тој имал ќерка единица која без причина заминала од родителскиот дом и се омажила за еден млад човек кој не бил вреден за неа и затоа семејството претрпело многу. Старецот навреден ја проколнал ќерката и наредил нејзините ствари да бидат исфрлени од домот, да бидат запалени и наредил во негово присуство воопшто да не се спомнува нејзиното име. Навредената гордост не му дозволувала да ѝ прости ни тогаш кога тој лекомислен младич таа го напуштила, но татковската љубов го прогонувала тајно, кога никој не го гледал го земал медалјонот со ликот од ќерка му и го бакнувал, со таа слика разговарал со милост и нежност како да зборувал со ќерка му кога била во татковиот дом. Навредената гордост не му дозволувала јавно да го спомнува името на својата ќерка единица, а ноќе кога никој не го гледал одел под нејзиниот прозорец, стоел и гледал дали можеби ќе ја види сенката на ќерка си, приоѓал пред нејзината врата и стоел во темниот ходник и наслушнувал дали ќе го слушне нејзиниот глас или нејзиниот чекор. Тие страшни маки траеле сѐ додека татковската љубов не ја победила гордоста и додека старецот не го примил повторно своето дете во татковската прегратка.

Но, зошто да наведуваме примери од манастири и од книги кога секој од нас во текот на животот често си задавал болка и си ги повредувал раните кои друг му ги нанасувал? Колку старадал секој од нас поради навреда на самољубието, поради љубомора, поради повредена городст! Половина од животот ни поминува во тоа!

Кога нашиот Спасител ја изговорил прочуената беседа на гората, Он првите девет поуки ги започнал со зборот „блажени“. Зборот „Блажени“ во превод би значело: оној кој не се јадосува себеси.

Не јадосувај се, односно немој да се мачиш себеси… Доволно е што другите те мачат, немој дополнително и ти да се мачиш.

Немој да се мачиш со завист, бидејќи со тоа не го запираш успехот на оној кому му завидуваш, туку само од својата душа си создаваш пекол.

Немој да се мачиш со омраза ни кон најголемиот непријател, бидејќи со тоа не му наштетуваш на оној кој го мразиш, туку само си ја разединуваш душата.

Немој да се мачиш со памтење на навреди, бидејќи со тоа не се одмаздуваш на оној кој те навредил, туку само си ги продлабочуваш раните.

Свети Јован Лествичник пишува: „Злопамтењето е како трн забоден во душата“. Зошто тогаш да го памтиме злото, зошто да го носиме тој трн во душата, зошто да се јадеме самите кога е полесно да се прости, и да се заборави, и да се сака, отколку тој јад да се носи во себе?

Евангелието нѐ учи да бидеме искрени пријатели сами на себе, со кротост, простување и љубов да си го разубавуваме животот на себеси и на другите.

Затоа нашиот Спасител да ни биде на помош, во срцата да не носиме ништо против никого, душите да ни бидат светли и радосни како во Царството на Отецот наш Небесен, Нему нека Му е вечна славата! Амин.

Превод: Протоереј Игор Пармачки

Православна светлина бр. 67

 

 

https://crkvaveles.wordpress.com/2023/11/17/%d0%bd%d0%b5-%d0%bc%d0%b0%d1%87%d0%b8-%d1%81%d0%b5-%d1%81%d0%b5%d0%b1%d0%b5%d1%81%d0%b8/#more-3071

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3166
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7640
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

02/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светиот пророк Авдија; Светиот маченик Варлам; Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф; Светиот маченик Илиодор; Преподобен Порфириј Кавсокаливит;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Велик е животот на праведникот пред Господа,и него наградата не го одминува,така ти Авдие Божји пророче,дар доби да ја видиш...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная