логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Благоразумниот разбојник

 Пасха и Светлата Седмица отсекогаш ме потсетувале на рајската радост. Дверите постојано стојат отворени во Светлата Седмица, потсетувајќи го народот Божји дека Христос за нас го отвори рајот. Ова се некои мисли за ненадејноста и блискоста рајска. Како што старец Клеопа милувал да каже, „Нека ве проголта рајот!“

Егзапостиларот на утрената на Велики Петок е химната: „Благоразумниот разбојник“, со која нашето внимание се насочува кон милоста Божја – која на благоразумниот рабојник му го ветила рајот „уште денес“. Тоа е една од моите најомилени химни од Страстната седмица. Разбојникот, распнат од десната страна Христова, се покајува и се здобива со рајот „за еден миг“. Со тоа се објавува полнотата на Божјата љубов, преку која покајанието дадено во еден миг се преобразува во живот бесмртен. Размислите околу блискоста на рајот се тема и во писанијата на Достоевски. Доколку рајот е толку близу – оти се задоволуваме со нешто помало?

Разбојникот благоразумен, за еден миг си го удостоил за рајот, Господи: и мене со крсното дрво просветли ме и спаси ме.

Често се навраќам на овие стихови, затоа што верувам дека често само еден миг нè дели од рајот, дури и тогаш кога сме во искушенија и сме исполнети со секакви помисли. Стоиме еден миг од рајот, затоа што истиот распнат Господ стои покрај нас. Или пак, ќе похулиме на Него со едниот разбојник (макар што оној на кого хулам можеби не излгеда како Христос, но изгледа барем на еден од Неговите браќа). И, додека хулам, рајот повторно стои покрај мене, повикувајќи ме кон небесната цел со зборовите: „Жеден Сум“. За нашата љубов и покајание Тој е жеден – Тој, Кој толку многу претрпе поради љубовта кон луѓето.

Уште еден трогателен пример на таквото покајание може да се најде во „Браќа Карамазови“ на Достоевски. Повеќе пати сум го препрочитувал овој извадок, и несомнено, повторно ќе го исчитувам. Се работи за приказната за братот на старецот Зосима, Маркел, кој го придобил рајот во еден краток миг, приближувајќи се кон смртта.

Ме потсетува на Писмото:

„Оти е речено: »Во благопријатно време те чув и во денот на спасението ти помогнав«. Еве, сега е времето благопријатно; ете, сега е денот на спасението!“ (2 Кор 6,2).

Извадок од „Браќа Карамазови“: …

но пристигна лекарот и брзо ѝ прошепоти на драгата мајка дека се работеше за галопирачки напредок [на болеста] и дека тој нема да ја преживи пролетта. Мајка започна да плаче, набљудателно [воглавно за да не го исплаши] започна да бара од него барем малку да пости, и потоа да се причести со Божјите свети тајни, затоа што во тоа време сè уште беше добар. Откако го слушна ова, тој го изгуби трпението и започна да го колне божјиот храм, но потоа се задлабочи во себе… Поминаа три дни, и започна Страстната Седмица. И тогаш, од вторникот вечерта, мојот брат започна да пости и се причести. – Ова го правам, да бидам искрен, за тебе, драга мајко, за да ти угодам и да ги смирам твоите стравови – ѝ рече. Мајка зарида од среќа жал; „значи му се ближи крајот, штом нагло се измени“. Но недолго одеше в црква; состојбата му се влоши, и така, дома го исповедаа и причестуваа. Деновите започнаа да бидат светли, ведри и пријатни – беше доцна Пасха. Саноќ ќе кашлаше, се сеќавам; лошо спиеше, но наутро секогаш ќе се облечеше и се обидуваше да седи во меката фотеља. Така и ќе го запомнам: седејќи таму тивко, кротко, вистински болен, но со ведар и радосен лик. Доживеа целосна духовна преобразба – о, каква чудесна промена неочекувано започна во него! Нашата стара сестра ќе влезеше во неговата соба: „Дозволи ми да го запалам кандилцето пред твојата икона, драг мој“, ќе му речеше. Претходно тој не ѝ дозволуваше да го стори тоа, дури и ќе го дувнеше. „Запали го, драга сестро, запали го, бев сурово чудовиште штом не ти дозволував порано. Штом ќе го запалиш, кажи ги твоите молитви, и јас, радувајќи се за тебе, ќе ги кажам и моите. Тоа значи дека на ист Бог се молиме“. Чудни ни беа тие зборови, и мајка ќе побегнеше во нејзината соба, ридајќи, но враќајќи се повторно при него, ги бришеше очите и се појавуваше со ведар дух. „Драга мајко, не плачи, драга моја“, ѝ велеше. „Имам уште да живеам, ќе се радувам со вас, и мојот живот ќе биде радосен и весел!“ „О, драго дете, каква веселост има за тебе, кога саноќ гориш во бунило, и кашлаш додека градите речиси не ти се распаднат?

„Мамо“, ѝ возвраќаше, „не плачи, животот е рај, и сите ние сме во рајот, но не сакаме да го сфатиме тоа, а доколку се грижиме да го сфатиме, рајот ќе се објави во светот уште утре“. И сите се чудевме на овие негови зборови, како чудесно и мажествено ги кажуваше; се разнежнувавме и липтавме… „Драга мајко, капко од мојта крв“, велеше тој [во тоа време тој беше започнал да користи вакви милувки, неочекувано], „возљубена капко од мојта крв, радосна, мора да научиш навистина, секој од нас е виновен пред секого и за сè. Не знам како би ти го објаснил ова, но го чувствувам, и ме измачува. И како сме можеле да живееме сето ова време лутејќи се еден на друг, незнаејќи го ова?“ [Зборуваше дека сме виновни дури и пред птиците и сето создание]… „Да“, велеше, „сегде околу мене имало толку божествена слава: птици, дрвја, ливади, небо, а јас самиот живеев во бесчестие, самиот бесчестејќи го сето тоа, целосно запоставувајќи ја убавината и славата“. „Премногу гревови си земаш врз себе“, драгата мајка ќе му речеше, плачејќи. „Но мајко драга, радост на животот мој. Од радост плачам, не од скорби; зошто сакам да сум виновен пред нив, ни самиот не знам да ти објаснам, оти јас не знам како да ги љубам. Нека бидам достоен за прекор пред секого, и тогаш сите ќе ми простат, и тоа ќе биде рајот. Не сум ли во рајот сега?“

Извор: http://pravoslavie.mk.

 

05.04.2018 лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3120
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7590
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная