логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 rsz_1lebot

Во раната Црква (и не само во раната, туку и во целата непрекината литургиска традиција којашто, чинам, и денес ја запазила силата, како и пред илјада години) целото богослужение, целиот литургиски живот на Црквата се однесува на упокоените во истата мера како што (се однесува тој) и на живите. Оваа традиција што јас ја сметам за основна, суштинска, едноставно не гледа разлика меѓу живите и мртвите, со други зборови – нема „специјален оддел“ ниту за живите, ниту за упокоените. Таа не ги спротивставува меѓусебно, бидејќи самата идеја на богослужението, новината на христијанското доживување на Црквата како leitourgia подразбирала доживување на Литургијата, на тоа општо дејствие, како „општење со светиите“, communion sanctorum, коешто го надминува поделувањето, поделбата на живи и упокоени.

Основната функција на таа leitourgia е токму обединувањето на сите нас во Христа, во живиот Бог, а тоа значи – во Неговиот воскреснат и бесмртен Живот. Во раната Црква нема специјален „оддел“, специјални служби за упокоени, не затоа што таа ги заборавила нив, туку затоа што целиот нејзин литургиски живот – почнувајќи од празнувањето на Господовиот Ден како „осми ден“ (ден по денот на смртта) и истовремено „прв ден“ (прв ден на новото создавање) – претставува празнување на победата над смртта, или поточно, над смртта како поделба. И ако целата Литургија на Црквата во најдлабоката смисла на зборот претставува споменување на упокоените, тогаш вистински центар и извор на тоа споменување несомнено е Евхаристијата – не специјалната „споменувачка Евхаристија“, која во рускиот јазик придобила назив „заупокоена Литургија“, туку Евхаристијата како таква, Божествената Литургија, со која (кога и да ја служиме) ја известуваме смртта на Христа и Неговото воскресение.

Да се нарече некоја конкретна Евхаристија „заупокоена“, разликувајќи ја неа од некоја друга, логично – не „заупокоена“ – е сосема бесмислено, зашто Евхаристијата и е споменување. Не сакам да кажам дека споменувањето е дел од Евхаристијата, не, туку самата Евхаристија е споменување. И таа била востановена како споменување на Самиот Христос: „Правете го ова во Мој спомен“ – рекол Он.

„Споменување“, „паметење“, „сеќавање“ – сево ова се преводи на староеврејскиот збор zikkaron, спомен. Но, староеврејскиот zikkaron, за разлика од она што претставува споменувањето за современиот човек, не е пасивно дејствие, способноста на човекот да „помни“, т.е. да го реконструира во мислите она што повеќе го нема, она од што човекот е одделен со времето, растојанието или смртта. „Споменувањето“, „паметењето“ е активен и пред сè божествен дар. Сè што постои – и ова претставува само едно кратко резиме на овој чудесен аспект на библиската вера – постои затоа што Бог го држи во Својата меморија, бидејќи Он го помни него. Бог нè помни нас и ние сме живи, и со тоа смртта отпаѓа од Божјото паметење. „Што е човекот, па да си спомнуваш за него“ (Пс 8,5).

Божествената меморија е навистина живототворна и ова „живототворно споменување“ ѝ е дадено на Црквата како нејзин темел, како нејзин живот. Таа ѝ е дарувана на Црквата, затоа што Црквата е Телото Христово, затоа што ние сме членови на Неговото Тело, на Неговата плот. „Правете го ова во Мој спомен“. Евхаристијата е zikkaron, споменување на Христа. А бидејќи Христос е вистински Живот на самиот живот, затоа Евхаристијата и е споменување, паметење и затоа „одржување во живот“ на сите оние што се „во Христа“. Ние во Него го паметиме создавањето на светот и, ете, во Евхаристијата небото и земјата ни се откриваат во блесокот на Неговата слава. Ја помниме онаа единствена по својот вид ноќ, кога Он „посакал“ да ја јаде пасхата со Своите ученици и со тоа го јавил во горницата Царството Небесно, и не само во таа горница, туку и повисоко – на Својата Трпеза во Своето Царство. Ја паметиме Неговата спасителна смрт и таа ни се дава нам како наша смрт и наше спасение. Го помниме Неговото воскресение и стануваме негови сведоци и го исповедаме. Во Него се помниме меѓусебно и се соединуваме. Ги помниме нашите браќа и сестри што се упокоиле во Него – и меѓу нив и нас нема поделба, нема смрт. И затоа „Спомни си, Господи…“ и „Да те спомне Господ Бог во Своето Царство…“ се главните молитви на Евхаристијата, молитви со кои смело и храбро ја утврдуваме Христовата победа над поделбата на смртта, молитви на љубов кои ги „држат во живот“, во Христа, сите оние што се живи и умреле во Него. „Спомни си, Господи…“ значи „запази го (ја) во Твојот бесмртен Живот“, „запази ги нив живи“.

Уште од првите денови, основна форма на ова споменување било „именувањето“ – кажувањето на имињата на оние што ги споменуваме преку живототворното Божјо паметење. Оние што настојуваат да произнесуваат имиња на Божествената Литургија воопшто не грешат. „Именувањето“ е литургиско дејствие, и кога јас стојам при жртвеникот и ги кажувам сите тие многубројни имиња, имиња на живи и упокоени, тоа е таинство на споменувањето. Зад секое име, непознато за мене, стои од Бога создаден живот – човек, облечен во неискажлива убавина и повикан кон вечен живот; произнесувајќи го неговото име, јас како свештеник, како Црква, „во Христа“ имам власт да го повикам назад во живот, во прекрасната и чудесна Христова светлина, повторно и повторно воведувајќи го него во бесмртниот живот на Христа, со којшто се причестуваме на Евхаристијата.

Таква е смислата и на диптисите, во кои имињата на живите и упокоените се споменуваат заедно, сите имиња на живите во земјата на живите…

rsz_smeman-vhod_resized

Сега би можеле да кажеме неколку зборови за заупокоената молитва – за оние заупокоени служби, коишто јас ги нареков „приватни“ и коишто се регулираат со одредени правила. Од една страна, во светлината на кажаното за споменувањето на упокоените од Црквата треба да е јасно, дека тоа споменување, вкоренето во самата природа на Црквата, во нејзината вера, се изразува во литургиското, соборно дејствие, но тоа исто така има и личен аспект. Апсолутно е природно и нормално за секој од нас да се молиме за оние што ги љубиме, оние што ни недостасуваат, оние што во овој свет се одделени од нас со смртта. Оваа лична или индивидуална молитва ја има истата природа како и соборната молитва на Црквата. Тоа е истата љубов, истото општење, истото споменување, со еден збор – стремеж да се надмине смртта како поделба. За нас е сосема природно да ги споменуваме (во формите на културата, во којашто живееме) нашите мили упокоени, посетувајќи им ги гробовите, одбележувајќи различни денови на спомен итн., а исто така да бараме Црквата да се моли во тоа време за нив и заедно со нас.

Но, причината заради која Црквата го регулира и ограничува ова лично споменување е многу едноставна, и ќе ја разбереме, доколку го знаеме односот на христијанството кон смртта, ако сето она што го говорев во овие предавања, макар нецелосно, за соодносот на нашата смрт со смртта Христова, за смртта како стапување во Христовата благословена Сабота, за тоа дека смртта веќе не нè разделува нас од упокоените. Црквата со помош на правила и укажувања се обидува да не го допушти имено возвратот кон „старата смрт“, кон смртта како поделба и капитулација на христијанскиот опит пред древниот култ на мртвите. Во целиот христијански лексикон нема поеретички збор од зборот „приватен“, „посебен“. Смислата на сето она што го говорев е ваква: упокоените браќа и сестри (што се упокоиле во Господа) немаат потреба од возвраќање кон поделбата и самотијата на смртта, ами пред сè тие имаат потреба од Црквата како присуство на живиот Христос, како живот и единство во Него, како причестување во Него со Неговиот бесмртен живот. Смртта – во тоа и е целата работа – престанала да биде „приватна“, зашто престанала да биде поделба. Опасноста од нашето приватно споменување се состои во тоа што истото често нè возвраќа кон „старата смрт“ и стариот „култ на мртвите“, нè оттрга од христијанското преобразување на смртта.

Во првото предавање споменав за тоа дека во детството набљудував како во руската црква по неделната Литургија понекогаш служеа и по петнаесет панихиди (секоја пократка од другата). (Само обидете се да им предложите на луѓето да се обединат сите во една панихида! Обидете се да ги обедините нивните покојни! Не знам кој би бил поенергичен, поубеден во нивното не-обединување – дали свештеникот или „нарачателите“, бидејќи за свештеникот служењето на една панихида значи помала плата, а „нарачателите“ мислат дека на „нивните“ покојни не им се укажува доволно почит). Така што тврдам дека веројатноста на возвратот кон „старата смрт“ не е теоретска, не е академска веројатност, туку нешто од што сосема основано се плаши Црквата. И токму заради тоа, да не ги одделува упокоените од Денот Господов и неговата радост, Црквата забранува приватно споменување во недела (не поради тоа дека смртта е жалосна, а денешниот ден е ден на живите, туку заради тоа, да не ги лишува упокоените од општата радост и причестување со бесмртниот живот). Приватните заупокоени служби се забранети за време на Светлата Седмица за да не бидат упокоените одделени од „денот на смртта“ par excellence– Пасхата, зашто упокоените „пребиваат во Пасхата“. (Ќе ви раскажам уште еден случај од мојот живот. Во мојата мала парохија во Франција, ми пристапи една жена и замоли да се отслужи панихида веднаш по пасхалното сеноќно бдение. Одговорив дека не е возможно, а таа рече: „Ама, отец, мојот покоен маж толку ја сакаше оваа служба“. Каква би била смислата на тоа „мини-псевдопогребение“ што би следело веднаш по торжественото пасхално уништување на смртта?!).

Во деновите кога се дозволени овие приватни, „нарачани“ заупокоени служби, колку е жалосно, дури и трагично да се види како тие се извршуваат „во приватен поредок“, одделно од Црквата.

За Православната црква настапило време, дошол час – не да се реформира литургијата на смртта (Бог да чува!), не да се модернизира истата (Бог да чува!), туку едноставно повторно да се разоткрие, повторно да се види таа во вистина и слава, т.е. во нејзината врска со Црквата, со значењето на бесмртната смрт на Христа за упокоените, за нас, за сето Создание, во нејзината врска со Крштението и Евхаристијата, со целиот живот на Црквата и со животот на секого од нас, нејзините членови.

Таквото „преоткривање“ е неопходно пред сè на Црквата, зашто во оваа област има многу изневерувања и извратувања, но истото е потребно за нашата секуларна култура, за која, сакале или не, ние сносуваме одговорност.

протопрезвитер Александар Шмеман

Извадок од книгата: Литургия смерти,  Москва 2013.

 

rsz_smeman-vhod_resized

 

 

 

 

Извор: http://mistagogia.mk/smeman-spomenuvanjeto-i-molitvata-za-upokoenite/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная