логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


sv.Fotij.Carigradski.jpg


Беседа прва


За покајанието  

 (дел први)


изговорена по враќањето од  бања  каде што Златоуст се задржа заради лекување.

Дали вие мене ме чувствувавте  во времето на моето отсуство? Зашто јас вас никогаш не можев да ве заборавам.  Иако и градот го напуштив, сепак не можев да пропуштам, а да не помислам на вас.

И како што во мислите,  каде и да заминеме, ги носиме сликите на нашите сакани - така - засакувајќи ја еднаш добрината на вашите души, во умот свој насекаде ја имавме красотата на вашето срце.  Како што живописците разновидните бои ги спојуваат во една,
 и од разновидните облици сликаат суштества и предмети, така и јас, вашата желба за средба, усрдноста во слушањето, љубовта спрема проповедникот и другите ваши врлини  како разнолики шари на добродетели  во едно ги спојував и така го отсликував  образот на вашите души.
Гледајќи на таа слика со очите на умот, јас во отсуство се тешев. А тоа секако го правев и кога дома седев, станував, и кога патував и кога се одмарав, кога во домот свој се враќав или надвор од него излегував, зашто непрестајно се сеќавав на вашата љубов.
И не само дење, туку и во ноќите се насладував од тие сеќавања. И како што Соломон за себе рекол: „Јас спијам, а срцето мое е будно“ (Песм. 5,2) така и мене тогаш ми се случуваше. Сонот ми ги замараше телесните очи. а силата на вашата љубов ги будеше очите на душата.
Често ми се причинуваше како со вас да разговорам во сонот бидејќи обично душата ноќе  сонува за она за кое што преку денот размислува. Така вас ве посматрав со очите на љубовта, иако со телесното око не можев вас да ве видам. Со вас бев со желбата, иако не и телесно.
Уште повеќе од тоа, моите уши беа исполнети со вашите гласови. А тоа беше она што ме натера пред време да се вратам, иако со тоа ја отфрлив користа која што ја имав од она место и неговата клима каде што требаше подолго да останам заради здравствено опоравување.
Повеќе сакав, иако не сосема опоравен,  да бидам со вас и во ваша близина отколку заради уживање и одмор и други пријатности да чекам потполно да оздравам, а вашата љубов и натаму дa ја жалостам.
Особено што приликите беа такви што од вашите писма кои често ми пристигаа, ги слушав вашите прекорувања , а јас никогаш на оние што укоруваат не сум им обраќал помало внимание  отколку на оние што  испраќаа пофалби. 
Освен тоа и тие прекори доаѓаа од душа која ме љуби, па  од тоа потикнат и дојдов неможејќи никогаш да ве заборавам.
Но што ли е тука така убаво?
 Токму тоа што јас се сеќавав на вашата љубов, додека бев во бањата и со мир се насладував. А познато ви е вам дека Апостол Павле ги опоменуваше своите браќа и кога врзан лежеше во затвор и отаму независно на многубројните свои маки, како да не се наоѓа во зандана туку на некоја плодна полјана, им пишуваше и вака им говореше:
„Како што е и право да го мислам тоа за сите вас, оти ве имам на срце - и кога сум во окови и кога го бранам и утврдувам Благовестието, бидејќи сите вие сте ми соучесници во благодатта“ (Фил.1, 7).
Гледајте, значи:  од надвор имаше оков кој што непријателите му го ставија, а од внатре друг оков: ученичка љубов.
Надворешниот оков  беше закован од железо,  а внатршниот извираше од љубовта спрема учениците. Првиот (оков) често го отфрлаше од себе си, додека од другиот никогаш не можеше да се ослободи.
 Но, како што жените откако ќе ги  претрпат породилните маки  и ќе постанат мајки, во потполност живеат преку децата кои што ги родиле каде и да се наоѓаат, така уште поусрдно од жените, Павле за секогаш е прилепен за своите ученици. Уште повеќе заради тоа што духовниот пород почувствителен од природниот.
Покрај сè, тој не пораѓал едни исти само еднаш, но и два пати, па токму затоа жалејќи се говорел: „Чеда мои кои пак, со мака ве раѓам “ (Гал. 4,19).
Такви болки  жена никогаш не трпи , ниту од нив страда, зашто тоа во природно породување е невозможно. Ниту една мајка новороденото дете не може повторно да го прими во себе  си ниту пак повторно да претрпи жестоки породилни болки.
А Павле и тоа го претрпел и за да ги посрамоти им рече:
 „кои пак со мака ве раѓам“, што со други зборови значи:
„ Зошто веќе еднаш не ме поштедите?
 Зашто ниту еден син со повторното свое раѓање  мајчината утроба не ја растргнуваше, а вие мене ме присилувате и тоа да го поднесувам“.
 Освен тоа мајчинските болови се кратки и со раѓањето на младенчето прекинуваат,  додека овие, вторите, траат  и повеќе месеци. Така и Павле кој што со години се трудеше, пак не можеше да ги роди зачнатите. Покрај тоа при породувањето на мајката  боледува само телото, а во другото (духовното) породување он не ја растргнува утробата туку ја напрегнува и самата душевна сила (дејство).
А дека се овие болки навистина најтешки, се гледа и по тоа што никој и никогаш не посакал заради раѓање на деца да достигне до адот, а Павле не само што тоа силно го барал туку молеше да биде оддалечен и од Христа и од неговата слава, само за да ги препороди  Евреите за кои што постојано болувал. Само заради тоа што тоа не му беше дадено, се жалеше и говореше:
„Дека ми е многу жал и срцето ме боли постојано“ , (Рм.9,2)
и  „Чеда мои, кои пак со мака ве раѓам, додека не се изобрази во вас Исус Христос“ (Гал. 4,19).
А зошто не рече Павле: „деца мои, кои пак ве раѓам“, туку:
„кои пак со мака“?
Особено кога на друго место спомнува:  „Зашто јас ве родив во Исуса Христа“ (1 Кор.4,15).

Зашто со овие зборови сакаше да го објави самото сродство, а на оние претходните  да им ги прикаже своите болови! Зарем уште неродени ги нарекува,  деца мои?
(Ова апостоплот го рече) за ти да сфатиш дека тој ме се мачи со оние првични болки, иако веќе и со нив би можел да ги засрами.
 Зашто гледај! (Говори апостолот) Зарем не постанав веке јас еднаш татко и не ли ги претрпев породилниоте маки, а потоа и вие синови постанавте: Зошто тогаш ми предизвикувате нови болки?
 Доста маки имав и додека првиот пат ве раѓав. Зошто (тогаш) ми предизвикувате нови болки? Зарем согрешенијата на вените не предизвикуваа помали маки од оние кои што сеуште  биле неверни; Неподносливо беше и да се погледа дека стремат кон злото и оние на кои што им биле разјаснети толкави тајни.
Заради тоа (Апостолот)   и прегорко плачеше, пожалосно и од секоја жена и говореше:  Чеда мои кои пак со мака ве раѓам, додека не се изобрази во вас Исус Христос“ (Гал.4,19).
А ова тој го рече зашто сакаше да и пружи надеж, но и да ги застраши. Зашто изговарајќи дека Христовиот Образ во нив сеуште не е  утврден, ги  охрабри , зашто во изреката: „ додека не се изобрази во вас Христос“, се подразбираат двете; т.е. и дека тоа изобразување сè уште не настанало и дека е возможно да се случи.

 Зашто, кога тоа би било невозможно, залудно би им говорел  :  „додека не се вообрази во вас Христос“, зашто на тој начин само би ги залажувал со празни ветувања.
Знаејќи го ова, ниту ние не треба да очајуваме, но ниту немарни да бидеме, зашто и едното и другото е убиствено.
Очајот не му допушта на оној кој што паднал да стане, а немарноста прави и оној кој што стои, да падне. Она првото (очајот) прави да не се извлечеме од  тињата на постоечките зла, додека другиот,  ( намарот) придонесува да ги арчиме и оние  богатства кои се веќе стекнати. 
 Како што немарот нè исфрла стрмоглаво и од самите небеса, додека очајанието нè сурива во самата бездна на злото, така и надежта е единственото средство  оттука што побрзо да се искорнеме.
А дека тој беше добар, за тоа и Господ говори:  „Го видов сатаната дека падна од небото како молња“ (Лук. 10,18) и споредувајќи го неговиот пад со молњата и возвишеноста на неговата претходна положба, ја објаснува наглоста на падот.
Напротив, Павле беше и хулител и гонител и насилник, но бидејќи се потруди и не очајуваше, веднаш се подигна и можеше да се споредува со ангелите.
Исто така и Јуда, со немарноста спрема себе си, постана издајник , иако претходно беше апостол, додека пак, разбојникот  и после толку многу злодела, пред сите отиде во Рајот, само затоа што не очајуваше.
Како што фарисејот заради својата дрскост падна од самата висина на добродетелта, така , цариникот, што не очајуваше, се издигна и го надмина (по добродетели) фарисејот .
Така постапи?
На ист начин и градот Нанив се спаси иако одлуката Божја до очај ги доведувала неговите жители. Зашто,  на Нинавјаните пророкот не им рекол дека  ќе бидат спасени ако се покајат, туку едноставно: уште четириесет дена, па Нинивеја ќе пропадне“ (Јон. 3,4).
Но иако Бог така се заканил и пророкот тоа го наговестил, така што самата одлука не содржеше никакви одлагања ниту услови, Нинивјаните не малаксаа  ниту  посустанаа  во добрата надеж. А Бог никакви услови не даде ниту рекол дека ќе бидат спасени, зашто единствено сакаше нивната Богобојазливост да биде поголема и  да ги оттргне од голем неред.
Друго што сакаше Бог е тоа, кога ние  таква безусловна одлука ќе чуеме и имаме таков пример пред себе, да не се предаваме на очајанието и малодушноста. Зашто, токму оттаму уште подобро се спознава мислосрдието Божје, зашто Он се смирува со оние што се каат. Така, неговите одлуки со ништо не се условени дури ни тогаш, кога изрекува одредена пресуда.


Превела: Мирјана Даниловска - Мина
(продолжува)

 

Друго:

СВ. ЈОВАН ЗЛАТОУСТ-Беседа прва (2)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3131
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7606
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

17/11/2024 - недела

Преп. Јоаникиј Велики; Св. свештеномаченик Никандар, епископ Мирски и Ермеј презвитерот;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная