логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Преподобен Макариј Велики - Духовни беседи за совршенството 

БЕСЕДА 6

sv.Makarij.Veliki.jpgОние што имаат намера да Му благоугодуваат на Бога треба молитвите да ги извршуваат во мир, тихување, кроткост и премудрост, за да не станат соблазна за сите ако се молат со гласни повици. Во истава беседа се одговара на две прашања: Дали се престолите и венците материјални творби? И што се дванаесетте Израилеви престоли?

1. Тие што му приоѓаат на Господа треба молитвите да ги извршуваат во тихување и мир, со голема благодушност, и да не Му се одѕиваат на Господа со непристојни и збркани повици, туку со копнеж во срцето и со трезвени мисли. Некој што страда од некоја болест, кога ќе му ја изгорат раната или ќе го стават под некој друг хируршки третман, болката што ја чувствува ја поднесува мошне храбро и трпеливо, владеејќи со себе без паника и вознемиреност. Други, пак, трпејќи ја истата болка, додека им ја горат раната или при некој друг хируршки зафат, испуштаат неприлични извици. А болката е иста и кај двајцата. И кај тој што вика и кај тој што не вика, и кај тој што паничи и кај тој што не паничи. Значи, едни доживуваат мака и други болни чувства и тоа го поднесуваат благодушно, без паника, владеејќи со помислите на својот ум, а други, имајќи ја истата мака, ја поднесуваат нестрпливо, панично и збркано се молат, со што ги соблазнуваат оние што ги слушаат. А има и такви коишто не чувствуваат никаква болка, но за да предизвикаат внимание, или поради нивната ќудливост, испуштаат повици коишто не се на место, како да е можно на тој начин да Му се благоугоди на Бога.
2. Слугата Божји не треба да престојува во такво неустројство, туку во секоја кроткост и муцрост, како што рекол пророкот: „На кого ќе погледам: на смирениот и паднатиот со дух и на оној што трепери пред Моето слово" (Иса. 66, 2). Исто така, наоѓаме дека во времето на Мојсеј и Илија, кога им се јавувал Бог, пред величеството на Владиката меѓу масите служеле трубите и силите, меѓутоа Господовото доаѓање се одликувало и покажувало преку она што е наброено погоре, т.е. преку мирот, молкот и спокојството. Зашто кажано е: „Здив од тих ветер, и таму е Господ" (3. Цар. 19, 12). А со ова се покажува дека Господовото спокојство се состои од мирот и благодушноста. Но каква основа ќе положи човекот и каков почеток ќе направи, во тоа останува се до крајот. Ако почне да се моли громогласно и збркано, тогаш оваа навика ќе ја задржи до крај. Со оглед на тоа што Господ е човекољубив, во некои случаи тој и на овој човек му укажува помош. Така, таквите луѓе, осоколувајќи се од дејството на благодатта, остануваат до крај при својата навика. Но ќе видиме дека така прават лаиците, затоа што и другите ги соблазнуваат, а и самите се молат збркано.
3. Вистинската основа на молитвата е следнава - да се биде внимателен кон помислите и молитвата да се извршува во големо тихување и мир, па и непознатите да не се соблазнат. Таквиот човек, ако ја прими благодатта Божја и совршенството, до крај ќе ја извршува молитвата во тихување, а уште повеќе ќе послужи за поука на многумина, „оти Бог не е Бог на безредие, гуку на мирот" (1. Кор. 14,33). Тие што се молат со повици, личат на веслачите со кратки весла. Не можат да се молат постојано ниту во црквите, ниту во населбите, а ќе се молат само на пусти места, каде што се им е по волја. А тие што се молат во тихување, без сомнение ќе ги поучуваат другите на секое место. Човекот треба сите свои усилби да ги обраќа кон помислите, па тоа што служи како храна за лукавите помисли да го отсекува, а со мислата да се устремува кон Бога и да не ги исполнува посакувањата на помислите, туку помислите што го опкружуваат отсекаде да ги собира во едно, разликувајќи ги природните помисли од лукавите. Душата под гревот е слична на некое големо дрво в планина, или на речна трска, или на некој дел од грмушка или дрво. Тие што имаат намера да поминуваат низ ова место, треба рацете да ги испружат напред и со напор и труд да ги тргаат гранките пред себе. Исто така и душата ја опкружува цела шума од помисли, коишто ги сугерира противничката сила. Затоа, за да може човекот да ги разликува туѓите помисли, што ги сугерира противничката сила, потребна е голема ревност и внимателност на умот.
4. Некој се потпира на својата сопствена сила, мисли самиот да ги пресече куповите што стојат пред него. А друг спокојно и со расудливост управува со својот ум и без измачување го извршува своето дело поуспешно од првиот. Така и во молитвите некои прибегнуваат кон непристојни повици, како да и се доверуваат на телесната сила, не забележувајќи го грабежот на помислите, туку мислејќи со својата сопствена сила целосно да го завршат делото. А други се внимателни кон помислите и целиот подвиг го извршуваат внатрешно. Таквите со својот разум и расудливоста можат да напредуваат, да ги одбиваат помислите што ги напаѓаат и да одат во волјата Господова. Кај апостолот наоѓаме дека тој го нарекува подобар оној што го поучува другиот: „Кој зборува на непознат јазик", вели тој, „тој се поучува сам; а кој пророкува, тој ја поучува црквата... кој пророкува, е поголем од оној, кој зборува јазици" (1. Кор. 14, 4 и 5). Според тоа, секој нека го претпочита поучувањето на другите и ќе се удостои за небесното царство.
5. Прашање: Некои велат дека престолите и венците се материјални творби, а не духовни суштества. Како да се разбере ова?
Одговор: Престол на Божеството е нашиот ум, и обратно, престол на умот - Божеството и Духот. А слично на ова и сатаната, силите и кнезовите на темнината, од времето на престапувањето на заповедта заседнале во срцето, умот и телото Адамово како на свој сопствен престол. Затоа најпосле дошол Господ и примил на себе тело од Девата. Бидејќи кога Тој би посакал да дојде со нескриеното Божество, кој би можел тоа да го поднесе? Наспроти тоа, преку ова орудие - телото, тој им зборувал на луѓето. И најпосле, Господ ги соборил лукавите духови, кои биле заседнати во телото, од престолите, т.е. од поимите и мислите со кои тие управувале, ја исчистил совеста и умот, мислите и телото ги направил свој сопствен престол.
6. Прашање: Што значи кажаното од Господа: „Ќе седнете... на дванаесет престоли и ќе судите над дванаесетте Израилеви колена" (Мат. 19, 28)?
Одговор: Мислиме дека ова се исполнило на земјата откако Господ се вознесе на небото, бидејќи Тој на дванаесетте апостоли им го испрати Духот Утешител и светата сила, и таа, откако слезе, ги осени и седна на престолите од нивните умови. Кога луѓето што ги гледаа почнаа да зборуваат: „Се напиле со слатко вино" (Дела 2, 13); уште тогаш Петар почна да ги суди, говорејќи за Исуса: Вие распнавте човек силен со слово и знаци, обесувајќи го на дрво. А ете, тој и сега прави чуда, го одвалува каме-нот од гробницата и воскреснува мртви. Зашто напишано е: „Во последните дни... ќе излеам од Мојот Дух на секое тело и ќе пророкуваат синовите ваши и ќерките ваши" (Дела 2, 17). И на тој начин многумина од оние што ги прозва Петар пристапија кон покајание; затоа и настана нов свет, избран од Бога.
7. Гледаш ли како се покажа почетокот на судот. Таму се покажа новиот свет; зашто овде им е дадена власт да седнат и да судат во овој свет. Вистина, тие ќе седат и ќе судат при Господовото доаѓање, при воскресението на мртвите. Но ова се случува и овде, зашто Духот Свет седи на престолите на нивните умови. Па и венците, што христијаните ги примаат во оној век, не се материјални созданија. Кој го тврди тоа, зборува погрешно. Напротив, во ова се пројавува Себеси Духот, Кој се преобразува. И ние го исповедаме тоа што го вели апостолот Павле за небесниот Ерусалим, дека тој е „мајка на сите нас" (Гал. 4, 26). А кога размислуваме за облеката, што ја носат на себе христијаните, очигледно е дека самиот Дух ги облекува во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, во вековите. Амин.

  Издавач: ЃаконијА

Друго:

БЕСЕДА 5 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7594
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная