логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


II. За откровението

plaosnik.vecerna6.jpg

1

Секој обид да се објасни или да се сфати суштината на христијанството, суштината на верата и суштината на животот христијански од самиот почеток наидува на една потешкотија. Оваа потешкотија е типична за нашето време и се состои во познатата потреба за “докази”. А во дадениот случај доказ се нарекува само научниот доказ, то ест, она што е устроено на нешто достапно на проверка, објективно, такво кое не зависи од нашите субјективни преживувања на опитот.

Бог не е видлив, Тој не е допирлив, не е измерлив и да се установи Неговото присуство е невозможно - значи Бог не постои: ете ги, во примитивна форма, основните религиозни докази. И макар што како побивање на овој аргумент би можело многу да се каже (на пример, истото недокажливо присуство на умот кај човекот), ние ќе се запреме само на едно прашање. И не ќе се обрнеме кон атеистите, не кон оние кои го побиваат и одрекуваат постоењето на Бога, а кон верните, кон оние кои утврдуваат кој е Бог. Ова прашање е следното: ако навистина, како што е кажано во зборовите на Евангелието, “Бога никој не го видел”, тогаш сепак, на каква основа ние утврдуваме што Бог е, и тажно се чудиме на тоа што неверните Го отфрлаат? Ние велиме дека доказите, кои неверните ги наведуваат, се неприменливи за Бога, дека тие се оправдани и вистинити само во однос на видливиот, допирливиот, емпириски свет. Ние велиме дека Бог може да се спознае само преку верата. Но тогаш останува прашањето: од каде, како во нас се раѓа верата? Верниот, се разбира, може да одговори вака: мене не ми се потребни докази, доволна ми е верата. Така е. Но така е за оној кој верува. А ако верниот го прашуваат, и го прашуваат искрено: како си поверувал, што те привело кон верата? Зарем ќе го отфрлиш ова прашање и ќе се затвориш во својот горделив егоизам?

Значи, прашањето е законско, и тоа не треба да се избегнува. Ние ги отфрламе доказите кои од нас ги бараат безбожните, се смееме на астронаутот кој вели дека бил на небото и таму не го нашол Бога; но не можеме да го избегнеме прашањето за тоа какви се, во таков случај, другите, то ест нашите докази. И ете тука некаде доаѓаме до најдлабокото, централно тврдење на христијанството, со кое единствено и можеме да го започнеме неговото објаснување. Доаѓаме до основното за нашата вера, сфаќањето на откровението.

Верата е одговор на човекот на Бога, и овој одговор претпоставува дека иницијативата на овој однос на човекот со Бога, кој ние го нарекуваме вера, не му припаѓа на човекот, а на Бога. Бог му се открива на човекот, човекот го прима ова откровение, одговара на него, Му одговара на Бога. Ете зошто верниот нема докази, убедливи за неверниот, докази, такаречено, “објективни”, а покрај тоа, за него, верниот, верата е самоочигледна, како што е самоочигледен и Бог, кон Кого таа е усмерена. Но давајќи го овој одговор, говорејќи за откровението на Бога на човекот, ние одлично сфаќаме дека овој одговор на неверниот ќе му се чини неубедлив. Одлично, ќе рече неверниот, ти тврдиш дека тебе Бог ти се открил, и затоа веруваш. Но мене Бог не ми се открил, и затоа моето неверие е оправдано, и нема зошто повеќе да зборуваме. Затоа едноставно повикувањето на откровението не е доволно... Треба да се праша: можно ли е да му се објасни на друг, земајќи ги предвид и оние кои не веруваат, како се открива Бог, во што се состои откровението?

Целата Библија буквално е исполнета со вакви изрази: “И Му рече Бог на Аврам...”, “...и Му рече Бог на Мојсеј...” Но што значат овие изрази? Како тоа Бог говорел, како ја откривал Својата волја на луѓето? На многумина се тоа им личи на приказни затоа што најглавното - во верата е: самоочигледниот факт на Божественото откровение, на Божествената иницијатива, запишан во овие детски фрази - “и рече Бог” - одамна веќе никој тоа не им го разјаснува на луѓето. Но ако, како што секогаш тврдело и ќе тврди христијанството, верата започнува со откровението на Бога, повикот кој го слуша - и затоа одговара на него - човекот, ако пред да Му се обратиме на Бога и Го најдеме, Тој ни се обраќа нам, не наоѓа, ни се открива, тогаш треба да смогнеме да кажеме нешто за ова откровение. Инаку ние треба да ги признаеме за вистинити, правилни зборовите на атеистите: а ете, мене никаков Бог не ми се открил, и затоа моето неверување е законско.

Сепак, зарем ние, верните, можеме да го дозволиме тоа дека милиони луѓе на некој начин се заборавени од Бога, дека поради нешто Бог им се открива на едни, релативно малку, а на други не им се открива? Зарем можеме да дозволиме несфатлива неправда во Бога? Ако Бог, како што тврдиме, е Бог на љубовта, тогаш Тој сите ги љуби, сите ги повикува, од сите очекува возвратна љубов, возвратна вера. Но тогаш и откровението, за кое ние говориме, дека тоа стои во самото срце на верата и дека верата е возможна само како одговор на него, - тогаш и тоа откровение не е некое необјасниво чудо, не е нарушување на законите на природата, не е нешто надприродно, а попрво, само - повисок закон на светот и природата. Само закон кој луѓето не го гледаат и не го сфаќаат, затоа што нивното внимание и поглед се свртени на друга страна, затоа што тие, говорејќи повторно со зборовите на Евангелието, “со очите свои гледаат и не видуваат, со ушите свои слушаат и не слушнуваат...”, и затоа - “не се обрнуваат кон Бога”.
Секој Божји ден Црквата го започнува со торжественото и радосно тврдење, дека Бог се јави. Па така, какво е тоа Негово јавување, Негово откровение?

2

Бог им се открива на луѓето, и одговорот на тоа откровение, неговото примање - и е верата. Релативно неодамна зборот “откровение” започнал да се восприема како синоним за нешто натприродно, чудесно, за нешто спротивно на позитивното знаење, несовмесно со науката. И тоа никако не произлегло од раширувањето на човечкиот разум и сознание, а обратно - од нивното зачудувачко стеснување и осиромашување. Навистина, бедното, површното и тесно восприемање на светот, кое се нарекува себе “позитивизам”, чие појавување се случило само пред два и половина века, постепено го лишило човекот (за среќа, не секој човек) од восприемањето на светот подлабоко и побогато. Треба да се сфати дека живееме под тиранијата на упростени идеологии и погледи на свет, кои засекогаш го решиле прашањето на светот, на животот, за нив на се може и неопходно е да се пристапува само со таблицата за множење и таа таблица за множење е способна да одговори на сите прашања без исклучок.

Ќе додадам дека во ова туѓо упростување и осиромашување на човечкото сознание, во оваа тиранија вистинските учења и вистинската наука не се виновни. За тоа се виновни “идеологиите” - туѓа рожба на луѓето, на своите сопствени идеи, својот поглед на свет, кои ги претставуваат како “наука” и им ги наметнуваат на луѓето со отворено насилие. Така, на пример, денешните учења не даваат точно определување на сфаќањето на “материјата”, а ете, идеолозите најспокојно тврдат дека целата вистина е заложена во “материјализмот”. И се добива равенка со една непозната. Бидејќи што е “материјализмот”, ако не е јасно што е “материјата”? Како во животот да се применат “законите на природата”, за кои се уште се судираат најголемите учења? Најпосле треба да сфатиме дека живееме во свет со кој завладеале самозванци, кои се прикриваат зад науката, која не ја познаваат, и буквално, ги застрашуваат луѓето. “Никакви откровенија не може да постојат, тоа и противречи на науката”, - самоуверено прогласуваат тие, и милиони луѓе послушно и застрашено го повторуваат тоа.

Но ако само еден миг се ослободат од баналното и површното и, главно, крајно упростеното сфаќање на светот, тогаш возможен, приемчив, убедлив - на крајот и самоочигледен - станува сосема друг пристап кон се во светот, сосема друго чувствување на светот. Одненадеж словото “откровение”, словото “чудо” престанува да биде рожба на темнината и необразованоста, какви што нив ги направил баналниот “позитивизам”. А што ако во таа сосема друга, длабока - а истовремено и детски едноставна - смисла, се во светот и целиот живот е откровение, се е чудо, се е - тајна, со која обожената таблица по множење нема никаков однос? А што ако - најдлабокиот и истовремено најочигледниот опит е во тоа дека целиот свет е и она (што го спознава во него таблицата по множење), а во исто време, и нешто друго, кое никаква таблица по множење не може да го спознае и определи, и дека тоа ни се открива, ни се јавува, влегува во нас како најважно и најдрагоцено нешто во животот.

Науката ја изучува природата. Но на некој друг начин, не ја изучува ли, исто така, и поезијата, музиката и уметноста, зарем не некоја друга, исто така вистинита, и можеби многу повеќе ни се тие неопходни и многу повеќе ни откриваат за природата? “За што ти виеш, ветре ноќно?” Што се тоа - бесмислени, апсурдни зборови кои немаат никаков однос кон животот - или лажат идеолозите, кои го одрекуваат самоочигледниот факт за сите луѓе: дека се во светот истовремено и крие, и покажува некоја подлабока смисла, дека се во светот и животот ни зборува за нешто, ни сведочи за некое таинствено присуство, ветува, предвестува, некое друго знаење, друго постигнување. За се тоа би било можно да говориме без крај, но може и кажаното е доволно, за троа да почувствуваме дека христијанството говори за откровение, дека тоа не е едноставно некое чудно и необјаснува пројавување, а пред се - нешто засведочено со опитот на човештвото... “Небесата говорат за славата Божја”. “Се што дише да го слави Господа”. Ќе кажам едноставно: самиот свет, самиот живот ја чувствува верата како откровение, како присуство на невидливото во видливото. Всушност, човекот вистински живее преку откровенијата. Преку откровението на убавината, откровението на љубовта, откровението на природата, откровението на доброто - со се она за што таблицата по множење нема што да каже и што, сепак, секогаш и секаде ја чини вистинската смисла и вистинската содржина на животот.

Значи, се тоа е најпрво и најопшто откровение, и ние го познаваме. Тоа ни доаѓа од природата, ни доаѓа од другиот човек, ни доаѓа од љубовта, ни доаѓа од радоста и од страдањето. Тоа се излева на нас од нашето детство, кога се сме восприемале како чудо, како откровение. И во најдобрите мигови од нашиот живот ние знаеме дека Достоевски имал право кога истото го нарекувал - “допир на други светови...” И се разбира, веќе на овој степен, во овој несвесен опит на откровението, на човекот му е неопходно да признае дека во него не може да постои друг извор, освен Бог. Но да дозволиме дека заради нешто, човекот не го прави тој заклучок, или му се противи. Не го гледа, не го слуша Бога, Кој му се открива во светот... Да дозволиме и да одиме понатаму. Сепак, помнејќи дека во светот сме ја почувствувале тајната...

3

Ако не идејата, тогаш опитот на откровението се покажува несомнен, прв опит на човекот. Од првобитните времиња човек се осознавал себе живеејќи не само во чисто физичко, но и во духовно взаемно дејство со околниот свет. Говорејќи поедноставно, човекот не живее само со разумот, но и со чувството. Чувството - тоа и е органот на восприемање на се во светот, во природата, во животот, во општењето со другите луѓе, што голиот разум не може да го восприеми. И нема ништо понижувачко за религијата во тврдењето дека, пред човек да се замислил за Бога, пред да се обрнал кон Него со својот разум, тој го чувствувал Бога. Слично на тоа, како што вистинското, длабоко општење со друг човек ни дава да ја почувствуваме неговата “душа”, то ест онаа негова длабочина која се разоткрива и во неговиот надворешен облик, и во зборовите, и во постапките, но сепак, тој на тоа не се сведува, така и во светот човекот го чувствувал присуството, дејството, откровението на нешто, кое не треба да се сведе само на надворешното. И ете, тоа нешто тој во некој момент од својот развој го нарекол Божество, Бог. Не можело да се појави ова сфаќање, ако не постоела реалноста и опитот на она на што тоа се однесува. Со ова треба да се согласи и најбескомпромисниот “позитивист”. Колку што разбирањето на ова - Божеството - е општочовечко, колку што насекаде го наоѓаме, толку имаме право да заклучиме дека она што го нарекуваме “откровение”, то ест чувство, опит на присуство во се надворешно и видливо на нешто внатрешно и невидливо, дека ова откровение не е случајно, дека тоа - не е исклучок, а сочинува некој прв закон. Закон кој може да го наречеме закон на “религиозната суштина на човекот”. И овој закон, колку и да ни го тврдат обратното, не се нарушува со фактот дека денес, на пример, многу луѓе се сметаат себе за нерелигиозни, неверни. Не се нарушува затоа што, како прво, нивното одрекување на верата, одрекувањето на религијата се спроведува во име на други “вредности” и тоа значи - во име на друга вера, на друго “откровение”. Тоа е се. Неверниот тврди дека религијата го спречува воспоставувањето во светот на среќата и слободата. Но од каде ги нашол овие сфаќања на “среќата” и “слободата”? Од физиката ли или од математиката? На крајот на краиштата луѓето само и спорат нешто за “откровенијата”, и затоа толку апсолутно се точни зборовите Христови, запишани во Евангелието: “каде е ризницата ваша, таму ќе биде и срцето ваше...”

Но се разбира, со ова “природно” откровение, со ова својствено за човекот “религиозно чувство” не се исцрпува христијанскиот опит и христијанското учење за откровението. Ние можеме да појдеме понатаму. Или, поточно, сега можеме да се вратиме кон она прашање со кое ги започнавме нашите размислувања за верата и она што лежи во основата на нејзиното откровение. Во Библијата, реков, постојано се раскажува за посебни откровенија. “И му рече Бог на Авраам - стани и оди...” Или: “Ме посети словото Господово, и вака вели Бог”...

За какви појави овде станува збор? Како тие да се поврзат со “општото откровение”, за кое зборував погоре? Бидејќи, од една страна, христијанството, преку устата на самиот Христос, тврди дека “Бог никој не го видел”, и секој ден во својата молитва Црквата го нарекува Бога “невидлив, непостиглив, неопислив”. Според тоа, во библиските раскази не станува збор за некакви “физички” пројавувања на Бога. Но ете, од друга страна, толку е очигледно, толку заповедно, толку неотфрливо тоа откровение што човек го прима и го исполнува. “И му поверува Авраам на Бога, и стана, и појде во земјата непозната за него”. Јасно е дека овде повторно имаме работа со чувството, само со чувство бесконечно усилено, неизмерно понапрегнато, интензивно, за разлика од она со кое обично го восприемаме длабокиот слој на животот. И зарем не спознал, не искусил секој од нас во својот живот такви исклучителни моменти по својата судбоносност, по својата интензивност, кога навистина како небаре некој внатрешен глас да не повикува, да ни покажува, да ни открива, да не призива кон некое решение, миг пред тоа нејасно и спорно за нас? Зарем не сме ги искусиле овие моменти, кога како небаре да се напрегнува целиот живот, кога буквално целиот тој живот зависи од тоа, ќе го примиме или не ќе го примиме тоа решение кое толку заповедно, толку неотфрливо расте од нашето сознание и совест?

Се разбира, сме ги искусиле, се разбира, ги познаваме! И колку и да ни тврдат дека се во животот без остаток е потчинето на железниот закон на каузалноста и неопходноста, ние со цело суштество, со целиот опит знаеме дека, всушност, толку често се, решавачки се, зависи од нашиот избор, од гласот на совеста, од таинствениот пробив во таинствената длабина на нашето “јас”.

Никогаш точно не ќе дознаеме што се случило тој ден, кога Авраам го прифатил своето судбоносно решение, “му поверувал на Бога”, отфрлил се и заминал во земја далечна и со овој настан започнал сосема нов ред на настани, кои приведувале кон Христа. Ние никогаш точно не ќе знаеме што се случило кога, покорувајќи се на тоа таинствено наитие, Мојсеј се искачил сам на гората и потоа се спуштил од неа, носејќи им на луѓето заповеди - толку едноставни и толку вечни, што на нив до ден денешен се држи светот. Но ние знаеме дека тогаш се случиле настани кои, на коренит начин ја измениле духовната судбина на човекот. Знаеме дека, во длабочина, тоа бил призив и одговор, откровение и вера. Знаеме, најпосле, дека ова откровение и верата во одговорот на него - биле слободни, бидејќи откровението не било дадено “физички” ниту принудно, а одвнатре, од длабочината на чувството човеково. Авраам поверувал, но можел и да не поверува. Мојсеј послушал, но можел и да не послуша. Ете, ова триединство на откровението, верата и слободата непосредно еднододруго не приведува кон суштината на христијанската вера, подобро е да се каже - кон самиот Христос.

4

Во самиот центар на религиозното откровение или, поточно, религиозниот опит како откровение - како негово средиште, како негова лачезарна срцевина - стои Христос. Навистина, целата смисла на христијанската вера, нејзината единственост во однос кон сите други религии е во тоа што во човекот Исус нашата вера гледа откровение на Бога, јавување на Бога среде нас, на земјата, во времето, во целата конкретност на видливото, забележлив, допирлив свет.

Христијанството, Црквата како цело време да настојува на оваа конкретност, историчност, сецела човечност на Христа. “За тоа што сме го слушнале, што сме го виделе со свои очи, што сме го разгледувале, и што го допреле рацете наши” - така го започнува своето послание, својата проповед Јован, љубениот ученик на Христа; и така неизменливо учи Црквата. Не случајно во “Символот на верата” - краткото изложување на верата, кое секој ден се повторува и во црковната богослужба, и во личната, поединечна молитва на верните - неизменливо, се спомнува и името на Понтиј Пилат, управникот на Палестина на почетокот на нашата ера. Со ова име, со оваа конкретна личност, со овој однос кон неа на се кон што е усмерена верата, повторно и повторно се утврдува дека тој Христос во кого ние веруваме - не е митско суштество, слично на боговите на незнабожците, кои обитуваат во некој митски свет некаде, некогаш. За христијанската вера е бесконечно важна таа сврзка на Божественото откровение со земната историја, со земниот живот. Откровението се извршило - “при Понтиј Пилат”, и тоа значи - во определен момент од историјата, во определено место, при определени околности.

Навистина, не еднаш се правеле и се уште се прават обиди да се одрече “историчноста” на настаните опишани во Евангелието, да се докаже дека Христос исто го “измислиле”, но се разбира, дека тие обиди се преземале не заради науката, а заради “идеологијата”. Денешната наука, таа која во својот метод, во својата “објективност” еднакво ги обединува и верните и неверните, одамна веќе ја признава “историчноста” на Христа, иако тоа и не значи дека сите научници го делат и примаат христијанското религиозно толкување на настаните запишани во Евангелието. Ја одрекуваат историчноста на Евангелието само оние, за кои ова одрекување произлегува од потребата на нивната “идеологија”. Оние за кои историчноста на христијанството е - главна опасност.

Се разбира, за нас не се важни тие застарени и одамна веќе неславни обиди. За нас е важно да сфатиме, зошто христијанството своето учење, својата вера ја поврзува со историската конкретност на потполно определени историски настани и луѓе, имено со нив  го поврзува последното и највисоко религиозно откровение. Историјата го знае само човекот Исус, и само верата во Него го познава Бога: така може на кратко да се изрази главната суштина на христијанството. Се разбира, во оваа суштина се разоткрива нешто бесконечно важно за сфаќањето на христијанството, и пред се - христијанското сфаќање на Бога и на човекот. Непријателите на религијата секогаш тврдат дека луѓето го измислиле Бога од страв и дека целата религија не е ништо друго, освен плод на насилие. Но ете, ништо принудно, никакво насилство нема во тој образ на човекот Исус кој дошол до нас низ Евангелието. Едни луѓе Го слушале, други не Го слушале, едни оделе по Него, други не оделе, едни Го љубеле, други Го мразеле - но ниеден човек Христос не го привлекол преку насилие, никого не го натерал да верува преку принуда. А меѓутоа, оние кои Го љубеле, оние кои поверувале во Него и го примиле Неговото учење, сите еднодушно Го признале за Бог, го примиле и самиот Него, и Неговото учење како Божествено откровение. Не значи ли тоа дека христијанскиот опит, христијанското сфаќање на Бога - е буквално обратно нешто од тоа што му го наметнуваат носителите на атеистичката идеологија, кои се во религијата објаснуваат со страв, тајна, насилие врз умот и сознанието. Дека во самиот центар на овој христијански опит - е опитот на Бога кој не ја принудува човечката слобода, избор, решение; на Бога кој бара само слободна вера, и тоа значи - верата како слобода. “Ако Ме љубите, заповедите Мои ќе ги чувате”, - говори Христос, но да се љуби и не може насилно, имено во љубовта и нема и не може никогаш да има никаква принуда.

Да, Бог им се открива на луѓето: им се открива во природата, им се открива во историјата, најпосле, им се открива во животот - во пројавувањата, во учењето на еден човек, во еден настан единствен по своето значење, несличен на ниеден друг. Но се открива така што човекот е слободен да го прими ова Откровение, да го преживее како свое спасение, како повисока смисла и последна радост на својот живот, но слободен е, исто така, и да не го увиди, да не го познае откровението на Бога, да го отфрли. И тоа значи дека, верувајќи во Бога, кој бара слободен одговор на човекот на своето откровение, на својата љубов - христијанството ја утврдува слободата на човекот, поточно, човекот - како слободно суштество.

На тој начин, според христијанството, Бога и човекот не ги поврзува, не ги соединува надворешна “принуда”, а само љубовта, најслободното од сите својства човечки, и според христијанството, суштината на Бога е љубов. Евангелието Него го нарекува Љубов. Во љубов Бог го создава светот, и само низ љубовта ние узнаваме се во светот и во животот како откровение на Божествената љубов. Преку Љубовта Тој не спасува, и само во љубовта ние го узнаваме Христа како пројава, доаѓање кон нас, соединување со нас на Бога-љубов.

 (Продолжува)

Подготви: А. И.

Друго:

 Посети:{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7595
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная