логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Dejan.Nedelno

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

           Гласот за појавата божествениот Учител и за Неговата возвишена наука брзо се раширил низ пределите Палестински, па затоа огромен број на луѓе доаѓале од сите краишта со свои очи да Го видат Богочовекот, со свои уши да ги слушнат Неговите свети зборови и со свои очи да ги видат чудата кои Он ги правел. Меѓу огромните маси од луѓе кои Го следеле честопати биле и книжниците и фарисеите, чија единствена цел била да ги омаловажуваат Неговите зборови. Во една таква прилика, за да ги избегне фарисејските лицемерни сплеткарења, Господ Исус Христос заминал во краевите Тирски и Сидонски, во големите Феникиски градови, кои во тоа време цветале во својот незнабожечки раскош и сјај.
               И ете, пред Христа застанала една жена Хананејка која гласно извикала: "Помилуј ме, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко се мачи од бес". Откако Спасителот ништо не ѝ одговорил, Неговите ученици Го молеле да ја отпушти, зашто таа почнала да вика по нив. Меѓутоа, Он рекол: "Јас сум пратен само при загубените овци на домот Израилев". Но, таа уште посилно викала: "Господи, помогни ми". Можеби неочекувано, Христос ѝ рекол:
"Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата". А таа премудро на ова одговорила: "Да, Господи, но и кучињатајадат од трошките, што паѓаат од трпезата на нивните господари". Спасителот, восхитен од овој одговор, ѝ рекол на Хананејката: "0, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по желбата твоја!". И тогаш нејзината ќерка оздравела.

Dejan.Nedelno2


            Ѓаволот, кој ја мачел ќерката на Хананејката, и денес ги мачи луѓето во светот. Наместо мир, сее раздор и војни, а наместо љубов - злоба, пакост и омраза. Тоа ѓаволско семе денес никнува на сите страни. Било на која страна да се завртиме, насекаде ќе здогледаме појави кои длабоко не загрижуваат.
            Нам Спасителот ни рекол: "Каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив" (Матеј 18: 20). Но, меѓу двајца или тројца денес е тешко да се снајдеме, бидејќи ниту еден од нив денес не мисли на Спасителот, не ги слуша Неговите божествени зборови, туку секој бара трн во окото на својот брат и размислува како да го понизи. Во нашите домови денес се помалку свети светлината на Христовта наука. Денес разговараме за сите животни прашања, само за Христа не се зборува. Денес наместо со православните икони, нашите домови се украсени со безбожни слики во името на уметноста. Денес е тешко да се најдат двајца соседи кои живеат во слога и хармонија. Секојдневните вести изобилуваат со извештаи за меѓусебни убиства.
             А што да кажеме за мирот и љубовта, кои денес владеат во светот?
           И денес народите во Европа и светот, гордеејќи се со името христијани, ја задржале истата слика на своите меѓусебни односи, како во времето на Христовото доаѓање на земјата. Зарем Јудејците, кои се гордееле со името на избран народ, не ги сметале сите останати народи за нечисти, споредувајќи ги со кучиња и скотови? Зарем старите Грци, гордеејќи се со својата наука, не ги нарекувале сите останати народи варвари? Зарем Римјаните, гордеејќи со својата воена сила, не ги сметале сите останати народи за робови? Па зарем историјата на народите не се повторува и денес пред нашите очи, иако Господ Христос меѓу нас е цели дваесет векови?
          Како што некогаш феникиските трговци подигнувале кули и градови високи до небото и ги полнеле со материјални богатства, истото денес го прават сите современи народи. Мислејќи само на земното богатства, луѓето заборавија на својата душа, на своето срце. Меѓутоа, гласот на Спасителот и денес допира до нашите уши: "Каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости?".
           Заради својот морален пад, денес живееме во време на тешка криза, која се зацарила веќе со години на сите континенти, меѓу сите народи, преку сите државни граници. Меѓутоа, преку таа криза и на најголемите егоисти во овој свет им постана јасно дека сопствената среќа, богатството и благосостојбата не можат да се градат на рушевините и несреќите од својот сосед. Затоа Господ Христос денес ни го посочи случајот со жената Хананејка. И таа имала право на својата сопствена среќа и на убавините од овој живот. Јудејците не смееле да се радуваат на нејзината несреќа, зашто за секоја Божја творба има место под сонцето од овој свет.
               Денешната криза има една друга форма, за која, за жал, денес многу малку се зборува, или, пак, воопшто не се зборува. Таа форма е морално-духовната, која можеби е и најглавната причина за денешните несреќи.
              Настанот со жената Хананејка не принудува да направиме една паралела меѓу тогашниот и денешниот свет и неговиот поредок. Иако феникиската земја била пребогата за тогашните прилики, сепак, таа била осудена на пропаст, заради морално-духовниот пад и заради непознавањето на вистинскиот Бог. И денес многу светски велесили, иако уживаат во своите земни наслади, сепак, се уништуваат во сопствената ерозија, само и единствено заради кризата во моралните принципи и нарушувањето на Божјите заповеди. Денес слободно можеме да потврдиме дека морално-духовниот пад е причина и за економската криза, но и за недостатокот на мир во секоја земја. Богатството и воената моќ никогаш не биле и нема да бидат гаранција за нашата благосостојба. Напротив, внатрешниот душевен мир и живеењето според Божјата волја и Неговите заповеди, се гаранција за нашиот напредок, како телесен, така и духовен.
              Сеуште има луѓе со кои владеат ситни мисли, освети и омрази, а не Христовиот племенит дух на измирување и простување. Таквите луѓе не сакаат да разберат дека Христос дошол на земјава да створи еден нов човек, очистен од гревот, човек, кој ќе ги прегрне Неговите свети откриени вистини кој на урнатините на извитоперената цивилизација каква што била незнабожечката, ќе створи вистинска христијанска цивилизација, каде што човечноста и љубовта ќе ги заменат грубоста и насилството, каде што законот на милосрдноста ќе го замени законот на џунглата, каде што силата на духот ќе ја слави својата победа над грубата и безживотна материја.

Dejan.Nedelno4
             Според тоа, слободно можеме да заклучиме дека, сите несреќи кои се случуваат врз денешното човештво, дошле како неминовна последица, зашто тоа се оддалечило од Христа и од христијанските идеали.
Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела. Но, лекот не е во заборавањето, туку лекот е во препородот на душата и приближувањето кон Христа. Неговото божествено учење е единствената котва на спасението, зашто тоа претставува кулминација на морланото совршенство и возвишеност.
Нека Господ Бог, нашиот Спасител, ја засили нашата вера, нека ја просвети нашата душа, нека се всели во нашите срца и нека ги осветли нашите животни патеки, за да можеме да одиме по Неговите стапки. Амин!

 

отец Дејан Трајков

 Dejan.Nedelno1

Храм на св.вмч Димитриј,

на празникот на Пренос на моштите на Светиот свештеномаченик Игнатиј; Светите маченици Роман, Јаков, Филотеј, Иперихиј, Авив, Јулијан и Паригориј; Преподобен Лаврентиј Печерски;

 Скопје, 11 февруари 2024 лето Господово

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная