логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Обновено)

38.machenici1

Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021 )

             „А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе, Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исус Христoс.“ Познанието на Бог не е вера, не е фантазија, не е размислување, не е идеја, не е читање, не е интелектуално знаење, не е световно образование, не е добро воспитување, не е обичај, итн. И се фаќа човек самиот себе како одречно толкува чисто потврдна појава – нешто што е достапно и може од опит да се познае. Арно ама, го нема опитот – па затоа така.

            Познанието на Бог во Православната Црква значи благодатен опит на Бог во очистеното срце, преку православен духовен живот под надзор и во послушание на духовен отец, пројавено како умно-срдечна молитва и освестено од просветлениот ум. Само такво познание на Бог сигурно значи и живот вечен.

            Од денешното евангелско четиво (Јован 17, 1–13) посебно внимание ќе обрнеме на следниот пасус: „Сега разбраа дека сè што си Ми дал е од Тебе; зашто зборовите што си Ми ги дал, им ги предадов, и тие ги примија и разбраа навистина оти од Тебе сум излегол, и поверуваа дека Ти си Ме пратил“.

         Во зборовите примија, разбраа и поверуваа можеме да го забележиме описот на трите степени од духовниот развој: очистување на срцето од страстите, просветлување на умот – со дарот на умно-срдечната молитва, и обожение.

        Примија ја означува – самата пракса при очистувањето на срцето од страстите. Оти, по што друго можеш да познаеш дека некој ги примил твоите зборови, ако не по послушанието во нивното извршување?

         Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост на умот? Обично субјективно гледиште, кое може да биде и многу ретроградно и разградувачко во црковната заедница; и насекаде.

        Просветлувањето на умот може да се случи само ако успееме енергијата на нашиот ум – расеана преку сетилата, молитвено да ја собереме и соединиме со нејзината суштина во срцето и во Бог. Затоа и велиме: просветлување – со дарот на аскетската умно-срдечна молитва.

       Зборот поверуваа, посебно на степенот од обожение, е исто што и познаа; затоа што она што го поминуваш на дело, од опит го знаеш и познаваш, а во новиот хоризонт што се отворил пред тебе – кој го гледаш а уште не си го достигнал, почнуваш да веруваш.

      Зборовите прослави Ме се кажани и напишани исклучиво за наша поука и за наше спасение, како и многу други евангелски зборови на Богочовекот Христос, а не за некоја Негова потреба. Со што повеќе да биде прославен едносушниот Син на Отецот Кој од моментот на воплотувањето во Себе ја носи сета Божествена слава и телесно?

      „Јас Те прославив на Земјата; го извршив делото, што си Ми го дал да го извршам.“ Со кое дело Богочовекот Христос Го прослави Својот Отец Небесен, ако не со Воскресението од мртвите? Откако е светот и човекот, нема ништо ново освен победата над смртта преку Воскресението на нашиот Господ Исус Христос. Ниту ќе има.

       А, зборовите запази ги во Твоето име подобро се сфаќаат во контекст на зборовите Јас ги пазев во Твое име. Гледате, Богочовекот Христос – во ништо помал од Својот Отец, целата слава Му ја оддава на Отецот; и ова е неискажливо.

         А, зборовите да бидат едно како што сме и Ние, иако искажливи, нема да ги толкувам – јасни ни се отприлика, ама далеку сме ние од тоа.

Пресвета Богородице, спаси нè!

Митрополит Струмички Наум

 

 Извор: МПЦ-ОА

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7613
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная