логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.angeli.so.truba
Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020 15:47)

Прелеста е повреда на човековиот ум, како и на човековото срце, со лага. Односно, прелест е кога човековиот ум или срце во себе ќе прифатат лага. Прелеста е состојба во која, помалку или повеќе, најчесто несвесно, се наоѓаме сите ние – без исклучок. Најголема прелест е некој да мисли за себе дека не е во прелест. Освестувањето на овој факт е најдобра заштита од прелеста. Затоа, добро е да знаеме, покрај тоа – дека секако сме во прелест, и колку сме во прелест.

Прелеста е последица од заробеноста на нашиот ум и срце од страстите; на умот од страста на славољубието, а на срцето од страста на среброљубието и сластољубието.

Почетокот на прелеста е невeројатното одбивање на модерниот „христијанин“ да го  стави умот во процес на исцеление, односно одбивањето да ги восогласи начинот на својот живот и подвиг со степенот од духовниот раст на кој се наоѓа, во анонимност. Уште пострашна прелест е, кога на тоа што го спомнав ќе се додаде, и невосогласување на јавното дејствување во Црквата со позицијата што некој ја има во Црквата. А кога, пак, непросветлен христијанин ќе се заблуди во решавање на световни проблеми – политички, национални, од тоа само Господ може да излечи.

Сето тоа се случува затоа што чистењето на енергијата на умот, кое го доживуваме како просветлување, а всушност е добивање на првата светлина и знаење, го користиме (знаењето) не за согледување на својата болна и отпадната состојба, и само за свое исправање, туку за судење и осудување на грешките на ближниот.

Просветлувањето на умот е светлина која произлегува од чистењето на суштината на умот, преку дарот на умно-срдечната молитва, и тоа е светлина која не ни дозволува да им судиме и да ги осудуваме нашите ближни – затоа што веднаш ќе нѐ напушти, а никој кој се здобил со таа светлина не сака да остане без неа.

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување лажни чувства. Оттука произлегуваат и гревовите направени со збор, како и со дела.

Двете состојби на прелест заемно се поврзани и се надополнуваат – се потхрануваат едната со другата. Прелеста на умот предизвикува лажни чувства, а прелеста на срцето – лажни заклучоци и помисли на умот. Прелеста може да го направи бесплоден нашиот подвиг за многу години.

Ако прелеста се случува на ниво на помисли и чувства – зборуваме за религиозна невроза, а ако таа се случува на ниво на јавни зборови и дела – зборуваме за религиозна социопатија.

Како и да е, со свесно или несвесно одржување на прелеста остануваме и пребиваме во областа на душевноста, во областа на противприродниот начин на живот.

Прв, општ знак на прелест е кога проблемот го лоцираме надвор од себе. За секој паметен човек овој знак треба да е доволно предупредување. За религиозниот невротичар и за религиозниот социопат, Бог има подготвено други знаци – телесни. Тие, секако, проблемот го лоцираат надвор од себе, но тоа не го забележуваат.

За да се ослободи човек од прелеста на умот, како и на срцето, не треба да прифаќа лажни, демонски помисли, како и чувства. И нормално, треба да работи на очистување на своето срце од страстите, под надзор и во послушание на духовниот отец.

На пример, прелеста може да му почне од умот, со помислата дека Бог му е лут или дека го отфрлил поради гревот што го направил, а тоа би предизвикало чувство на депресија, очај, и би ја прекинало молитвата кај него. Или, пак, со помисла дека Бог е задоволен од него, што би предизвикало чувство на еуфорија, и повторно би бил прекинат православниот духовен подвиг, а посебно молитвата.

Може прелеста да почне и од срцето, односно од чувствата; на пример, некој ќе нѐ разгневи, па потоа започнува рој лоши помисли против него, на судење и осудување, така што прелеста се префрла од срцето во умот.

Можам да пишувам за многу вакви примери на почеток и развој на прелеста. На пример, не сфаќаме дека Христос пострада за секое место на земјата да го направи свето, и Свој храм и Свој олтар на кој Му служиме, и дека не постои некаква градација на светоста на местата, туку има само педагошки однос кон одредени места. Така, ако некој помисли дека влегол на некое „специјално“ свето место и затоа го обземаат „специјално“ свети чувства, да знае дека е во прелест.

Или, на пример, кога некој ќе си помисли дека Македонската Православна Црква – ОА е навистина во раскол и откако ќе ја прими таквата демонска прелест, само ни останува да гледаме и да се чудиме што зборува и што прави; оти таквите само Бог може да ги излечи од тешката религиозна социопатија во која западнале. Да не речам – демоноопседнатост.

Или, на пример, како појавата на одредена болест предизвикува обид за преразгледување на православната теологија во однос на примањето Света Причест и однесувањето во Црквата, а што е всушност обична проекција на страв и безверие. Со други зборови, прелеста на срцето ја поттикнува и прелеста на умот. Но, ни прва, ни последна болест. Итн., итн.

Бог нѐ љуби, и ние, исто така, треба Него – но и со свесност за својата отпаднатост од Него; и затоа, кога молитвено Му се себепринесуваме, тоа треба да го правиме само на подолу опишаниот начин:

„Од сите чувства на срцето, само едно, во неговата состојба на пад, може да биде употребено во невидливото Богослужење: тагата поради гревовите, поради падот и својата пропаст – наречено плач, покајание, скрушеност на духот“ (свети Игнатиј Брјанчанинов). Со еден збор, само плачот, макар и принуден, може да биде прифатлив во молитвата, поради изгубената заедница со Богочовекот Исус Христос – и тоа би бил најправилниот начин на изразување љубов.

Повторно како критериум и овде се појавува дарот на умно-срдечната молитва. Пред неа да ја добиеме на дар, Бог ги прима само плачот и покајанието – како состојба на срцето и држењето на умот во адот (без очајување), или последното место и анонимноста – како состојба на умот, за време на невидливото внатрешно богослужење, односно за време на молитвата. Што друго може да прими Бог после, ќе види тој што ќе го добие овој дар.

Покајанието, плачот и смирението се знаци за правилноста на духовниот подвиг на првиот степен од духовниот развој – очистување на срцето од страстите. Нивното отсуство е знак за прелест и бесплодност.

Постојаната свртеност кон надвор, напуштањето на анонимноста и безуспешните обиди за јавното решавање на црковните, како и, уште полошо, световните проблеми, со запалена крв – пред просветлувањето на умот и дарот на умно-срдечната молитва, го рушат покајанието. Ваквата состојба се нарекува прелест и многу лесно се препознава.

Постои свесно и несвесно опрелестување. Откако ќе прочитате и не послушате – станува свесно. Кој е дотолку малоумен свесно да се опрелестува, ајде да видиме?

Зашто, „оној што мисли за себе дека е бестрасен, никогаш нема да се очисти од страстите. Оној што за себе мисли дека е исполнет со благодат, никогаш нема да добие благодат. Оној што мисли дека е свет, никогаш нема да достигне светост“ (свети Игнатиј Брјанчанинов).

Пресвета Богородице, спаси нас!
 

Митрополит Струмички Наум

 

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7305

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3140
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная