логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


                                              
Сакам да празнувам, љубени и орен сум да торжествувам. Зашто светото Богојавение е печат на празникот и врата на торжеството. Ја запечатува витлеемската пештера каде Вечниот како бебе во јасли лежеше; и ни отвора јордански извори, каде што сега Он истиот со грешниците се крштева, дарувајќи му на светот простување на гревовите преку Своите пречисти екстремитети. Тогаш, раѓајќи се на земјата од утробата на Пречистата Дева, им се јави на бебињата како бебе, на луѓето како човек, на мајките како син, на мудреците како цар, на пастирите како добар пастир кој душата Своја за овците ја полага (Јован 10:11); а сега доаѓа на водите јордански, сакајќи на цариниците и грешниците да им ги испере гревовите. За великото чудо на таквото прославување и премудриот Павле силно говори: се јави благодатта Божја која ги спасува сите луѓе (Тит. 2:11). Зашто сега секоја светлост му се умножува на светот: најпрво се радува небото, слушајќи го гласот Отчев: воздухот се осветува со летањето на Духот; се осветува природата на водата и се учи да ги измива душите и телата; и сета твар заеднички ликува на земјата. Само ѓаволот плаче, гледајќи како се подготвува бањата која само него ќе го удави.
 А што вели Евангелието? Дојде Исус од Галилеја на Јордан при Јована за да се крсти од него. А Јован Го одвраќаше велејќи: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли доаѓаш?’’ (Мт. 3:13-14). Кој виде господар да стои пред слуга? Кој виде цар да приклонува глава пред војник? Кој виде пастир кој овцата го покажува? Кој виде експлоататор да прима чест од страдалник? Ти треба мене да ме крстиш, зашто сум затворен под прародителски грев и змиин отров носам. Ти треба да ме измиеш мене од сквернста на древниот престап; а Ти поради какви гревови дојде да се крстиш? Ете го пророкот кој сведочи за Тебе и вели вака: „Не направи грев и во устата Негова немаше лага.’’(Ис. 53:9). Како бараш очистување Ти Кој даваш избавување? Обичај е крстените да ги исповедаат своите гревови; а Ти што имаш да исповедаш, кога си потполно безгрешен? Зошто од мене го бараш она на што не сум се научил? Не се осмелувам на она што е над мене: не знам како да ја измијам светлината; не умеам да го осветлам Сонцето на правдата. Ноќта не го осветлува денот, златото не служи за олово, грнчарот не добива совет од калта, морето не позајмува вода од изворот, на реката не и‘ требаат капки; нечистотијата не го очистува Чистото; осудениот не го ослободува Судијата. Ти треба мене да ме крстиш. Мртвиот не дава живот, болниот не го лекува докторот: ја знам немоќта на мојата природа. Нема ученик над учителот, ниту слуги над господари. Херувимите не ми пристапуваат мене со страв; Серафимите мене не ми се поклонуваат и не ми пејат Трисвето. Небото не е престол за мене; Ѕвездата не ме покажа мене на мудраците; за мене не сведочи гласот од облаците. Твојот угодник Мојсеј одвај се удостои да Ти го види грбот; а како јас ќе се осмелам да ја допрам Твојата пресвета глава? Зашто ми го наредуваш она што ја надминува мојата моќ? Немам раце кои можат да Го крстат Бог.  Ти треба мене да ме крстиш. Старица ме роди, но затоа што Ти нареди, природата не се спротистави. Додека бев во утробата спречен да зборувам, ја позајмив устата на својата мајка; а сега кога дојде роден од Дева, јас со своите усни Те благословувам. Не сакам да бидам со заслепен ум како Евреите, зашто знам дека си Господар, а зема обличје на слуга, за да го излечиш човековиот род. Знам дека се јави за да нé спасиш. Знам дека си камен отсечен од горе не од рака; и кој верува во него, нема да се посрами. Разните форми на Твоето смирение не ми пречат со Духот да ја познаам величината на Твоето Божество. Јас сум смртен, а Ти бесмртен; јас сум од неродилка, а Ти од  Дева; јас сум прв по раѓање, но не сум поголем од Тебе Кој си роден после мене. Дојдов пред Тебе за да проповедам, а не да крстам таков. Дознав дека Ти си секира која стои кај коренот на дрвото. Сфатив дека Ти ги сечеш неплодните дрва, односно еврејските. Видов срп кој оди на страстите и решив да соработувам со изворот на исцелувањето. Зашто каде е местото на кое нема да бидат Твоите чудеса? Лепрозните со збор ќе ги очистуваш; крвотечението со допир на Твојата облека ќе го сопреш; со заповед раслабениот на нозе ќе го подигнеш; со трошки чудеса Твои, ќерката на Хананејката ќе ја нахраниш; со кал на слепиот вид ќе му дадеш; и како од мене сега бараш мојата рака на Тебе да ја ставам? Ти треба мене да ме крстиш, но Ти ли доаѓаш кај мене? Ти Кој ја надгледуваш земјата и правиш таа да се тресе; Ти Кој по вода како по земја одиш; Ти за Кого проповедајќи многу пати воскликнав: Иде по мене посилен од мене, пред Кого јас не сум достоен да се наведнам и да ги одврзам врвките на Неговите обувки. Единствено надевајќи се на Твојата неизречлива добрина, јас ќе се осмелам и надевајќи се на Твоето неизмерно човекољубие, зашто и на блудница ќе и‘ допуштиш да ги измие Твоите пречисти нозе и да се приклони кон пресветата Твоја глава.
А што му рече Господ нему?- Остави го сега тоа, зашто нам ни престои да ја исполниме секоја правда. Како глас Му посужи на Словото, како слуга поради Господарот, како војник –на Царот, како кал – на Грнчарот. Не плаши се , туку биди храбар: крсти ме; зашто Јас ќе го ослободам светот; се предавам на смрт, за да ја оживеам умртвената природа. Ти, иако ти наредувам се срамиш да ја пружиш твојата рака, а Евреите после некое време нема да се засрамат своите бесрамни раце да ги кренат на Мене, за да Ме предадат на смрт. Остави го тоа сега, зашто така треба. Со Своето предвечно човекољубие одлучив да го спасам човечкиот род. Постанав човек заради човекот. Тогаш, што е чудно што доаѓам да се крстам како Син Човечки. Зашто созданијата на Својата рака не ги презрев, не се посрамив од земната природа; останувам што Бев, а што не Бев зедов на Себе и Моето битие ќе остане непроменето. Значи, остави го тоа сега, зашто непријателот на човечкиот род, отфрлен од небото, истеран од земјата, се гнезди во водата, но дојдов и од таму да го истерам, по зборовите на пророкот кој за мене вели: Ти ги сотре главите на змиите во вода (Пс. 73:13). Остави го сега тоа, зашто тој сака да ме искуша како човек; но, јас трпам, за да ја разобличам неговата немоќ. Јас ќе му кажам: Не искушувај Го Господа, својот Бог.
О, ново чудо! О, неизречива благодат! Христос се бори, а јас венец примам! Он војува против ѓаволот, а јас ја земам победата над ѓаволот! Он ја смачкува главата на змијата во вода, а јас како законски страдалник се крунисувам! Он се крштева, а јас скверноста ја симнувам од себе! На Него Духот Свет се симнува, а мене ми се дава опростување на гревовите! За Него Отецот сведочи дека Му е Син возљубен, а јас постанувам син Божји поради Него! Нему небесата Му се отвараат, а јас влегувам во нив! Се јавува вишното царство Крштевајќи се и јас го наследувам. Гласот Отчев е кон Него, а мене ме повикува! Он Му е по волја, а мене ме прегрнува! И јас Го славам Отецот Кој одозгора говореше, Синот Кој доле се крстеше и Духот Кој како гулаб се симна, Еден во Бог Троица, на Кого Му се поклонувам за навек, амин.

 

Извор: сбр

19ти  јануари 2019 лето Господово

Подготви: Снежана Корнет

Друго:

Снежана Корнет - „Избор" (I) ...

Старец Ефрем Филотејски

Схимандрид Кирил Павлов - Поука

СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА И НЕГОВОТО УЧЕЊЕ

ОСАНА, СВЕТ ГОСПОД САВАОТ

ДЕНОТ НА СПОМЕНОТ НА СВЕТИТЕЛОТ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ

Смоленска икона на Богородица наречена “Одигитрија’’

ПРАЗНИК НА ИКОНАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА „РАДОСТ НА СИТЕ НАЖАЛЕНИ’’ (06.11.2018)

 ДА БИДЕМЕ КАКО ДЕЦА КАЈ ПРЕСВЕТАТА- за тоа како подвижниците Ја почитуваа(2)

  Кого го покануваме во својот дом

ДА БИДЕМЕ КАКО ДЕЦА КАЈ ПРЕСВЕТАТА- за тоа како подвижниците Ја почитуваа(1)

Митрополит Лимасолски Атанасиј: Бог никогаш не го турка човекот...

Икона на Пресвета Богородица „Нажалена за бебињата убиени во утроба“

Седум разгорувања на духот

СОВРЕМЕНИ ЧУДЕСНИ СВЕДОШТВА ПОВРЗАНИ СО ПРЕПОДОБЕН СЕРАФИМ САРОВСКИ

http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%A1%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82&ordering=newest&searchphrase=all

http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%A1%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82&ordering=newest&searchphrase=all&start=20

http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%A1%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82&ordering=newest&searchphrase=all&start=40



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3220
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7713
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная