логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


sv.Kliment..Ohridski.jpg


 

sv.Kliment.Ohridski2.jpg

СЕТИКЛИМЕНТОВИОТ ПРИОД
КОН СВЕТАТА БИБЛИЈА

Ѵ.1) Свети Климент учесник во преводот на Светото писмо и на богослужбените книги од грчки на старомакедонски словенски јазик.

Основниот црковен текст на старомакедонскиот словенски јазик е
Светото писмо - Библијата
Зборот е одлика на човекот, а писмото е карактеристика на културниот човек. Писмото е силен симбол и чувар на трајноста од минатото за иднината. Во таа смисла го разбирале писмото и писменоста и светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици свети Климент и Наум и затоа сецело се вложиле за развивање на писменоста кај словенскиот род.
Словенските рамноапостоли, светите браќа Кирил (Константин Филозоф (826-869) и Методиј (820-885) ја создале првата словенска азбука и ги превеле од грчки јазик неопходните богослужбени книги, а до 863 година тие, заедно со своите ученици и соработници, ги превеле евангелијата, делата на светите апостоли и псалмите. Кога свети Кирил умрел, брат му свети Методиј го довршил преводот на Библијата. Кирилометодиевската Библија ги содржи сите книги, без Прва и Втора Макавејска, и е преведена од "Септуагинта". Преводот е извршен на јазикот што го зборувале Македонските Словени во Солун и солунско.
При преведувањето на новозаветните и старозаветните книги од грчки на старомакедонски јазик, покрај светите Кирил и Методиј, сигурно учествувале и нивните ученици, а особено даровитиот свети Климент Охридски.
Според зборовите на Господа Исуса Христа, искажани во Светото евангелие, Библијата е дадена за да можат, словото Божјо да го читаат и да го слушаат сите народи на својот јазик. Во таа смисла Спасителот им рекол на апостолите: "Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание."214 Затоа, уште во апостолско време, еден од 12-те апостоли, евангелистот Матеј, бил првиот преведувач на Евангелието, којшто прво го напишал на арамејски јазик (кој во тоа време бил говорен јазик на Евреите), и потоа, самиот тој го превел на грчки јазик, за да ја направи Благата Вест достапна на поголем број луѓе. Значи, преведувањето на Евангелието е Христова наредба и апостолска практика, којашто ја продолжиле и рамноапостолните свети Кирил, свети Методиј и свети Климент Охридски. Потребата од Светото евангелие и од целото Свето писмо на старомакедонски словенски јазик била многу голема и од особено значење при покрстувањето на словенскиот род. Α целта на Светото писмо ја кажал апостолот и евангелист Јован Богослов, велејќи дека божествените книги "се запишани, за да поверувате дека Исус е Христос, Син Божји, и верувајќи да имате живот во Неговото име".215 Словото Божјо има животворна сила која се пројавува врз луѓето. Библијата благодатно делува врз умственото, моралното и духовното развивање на човекот. Светото писмо и кај нив имало животворна сила, зашто новообратениот народ го прибрало кон вистинската вера и правилниот живот. Така се развивала Црквата Христова, "а словото Божјо растеше и се распространуваше", како што се вели во книгата Дела на светите апостоли.216 Α свети Јован Богослов во Светото евангелие ја запишал Божјата заповед до сите христијани, во која се вели: "Прегледајте го Писмото".217
Појавата на Светото писмо во превод на старомакедонски словенски јазик, за тоа време бил настан на векот и особено значајна новост.
Рековме дека првите преводи на Светото писмо и на некои богослужбени книги од грчки на старомакедонски словенски јазик ги направиле светите браќа Кирил и Методиј. Уште пред почетокот на Моравската мисија, тие го започнале преведувањето на библиските и литургиските книги.
Во христијанската црква на Исток, богослужението и храмот се центар и основа од каде што се распространува Христовата наука и евангелското учење. Токму затоа, најнапред се пристапило кон најпотребното - кон преводот на богослужбеното Евангелие,218 и Апостолот.219 За потребите на црковното богослужение, биле преведени: Изборното евангелие,220 Изборниот апостол,221 делови од Псалтирот, и избрани делови од најнеопходните богослужбени книги - октоихот, минејот и триодот. Оваа констатација на недвосмислен начин се потврдува во XV глава од Опширното житие за свети Методиј, каде што, зборувајќи за преведувачката активност на свети Методиј, свети Климент појаснува дека двајцата браќа претходно го превеле Псалтирот, Евангелието со Апостолот и избрани црковни служби.222
Новозаветниот библиски превод бил подготвуван за црковна употреба, како апракосно евангелие, изборно евангелие, односно евангелски апракос, а не тетраевангелие.223 Постојат три вида изборно апракосно евангелие: празнично, кратко224 и полно изборно евангелие.225 Најпрво било преведено краткото изборно Евангелие,226 најверојатно "неделното изборно евангелие", а потоа, набрзо било дополнувано во форма на "кратко изборно евангелие" и најпосле е дооформен текстот на "полното изборно евангелие"227 или "полн апракос".228
Луѓето, во она време, не можеле и немало да купуваат Евангелија и Библии за дома, туку книгите се чувале во црквите, за богослужбена употреба и таму верниците оделе и го слушале словото Божјо од устата на свештеникот, заедно со неговото толкување преку беседите и омилиите. Читањето и слушањето на словото Божјо во храмот, се смета како жив разговор на човекот со Бога, поточно, тоа е кога Бог им зборува на луѓето преку Светото писмо. Во апостолското и мисионерско служење, текстот на Светото писмо се јавува како духовен наставник и раководител на патот кон спасението.229 Затоа, и за светите Кирил и Методиј, а особено за свети Климента охридскиот чудотворец, Евангелието било најчестиот и најучениот собеседник и основа на мисионерството и творештвото. Кај словенскиот род, литургиското живеење и врската со словото Божјо постанале основа на христијанскиот живот. Таквиот богослужбен приод кон словото Божјо била и останала карактеристика на словенските христијани. Во храмот, на богослужбите, верникот ја постигнувал вистинската смисла и значење на словото Божјо. Вистинските христијани биле добри и постојани посетители на храмот и на богослужбите, како и слушатели и исполнители на евангелското слово Божјо, затоа се нарекувале и чеда на Евангелието.
Народниот јазик, кога постанува и богослужбен јазик, тогаш тој поволно и силно влијае за развојот на црковноста кај луѓето. Тоа го постигнале светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, преведувајќи го Светото писмо и богослужбените книги на книжевен, старомакедонски словенски јазик.
Светите Кирил и Методиј немале можност во релативно кусо време да ги направат сите потребни преводи, иако биле многу интензивно заангажирани во оваа важна и одговорна работа. Тие не само што ги превеле неопходните за богослужба црковни книги, туку и веднаш по нивното доаѓање во Велика Моравија, во оваа западнословенска земја го организирале црковното богослужение. Во оваа благородна мисионерска дејност на словенските првоапостоли, активно им помагале нивните најблиски ученици, меѓу кои посебно место заземале свети Климент и свети Наум Охридски. Свети Климент и свети Наум, како и некои други нивни ученици и следбеници, продолжиле и потоа да ја прават оваа тешка, макотрпна и одговорна работа. Токму свети Климент потоа ги допревел непреведените од светите браќа Првата и Втората книга Макавејска и со тоа тој го дооформил канонот на старозаветните книги со вкупниот нивни број. Од свети Климента ние ја имаме, буквално кажано, целата Библија со потполн канон на Светото писмо од 77 книги, од кои 50 во Стариот завет и 27 во Новиот завет. Оваа и ваква Библија, позната како Словенски превод на Библијата, ја имаат сите словенски православни народи и таа е поставена во основата на преводите на современите словенски јазици. Таа Библија е основата на нашиот превод на Светото писмо на современ литературен македонски јазик, издание на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква.
Познато е дека свети Климент бил еден од најплодните преведувачи, како на делови од Светото писмо, така и на делови од богослужбените книги. Во неговото опширно житие се вели дека во последните години од животот, тој го превел цветниот триод.230 Само познавачите на старомакедонскиот словенски јазик можат со сигурност да кажат дека преводите на свети Климент, на свети Наум и на нивните следбеници, претставуваат големо совршенство во познавањето на новиот јазик и во техниката на преведувањето.
Кој грчки текст им послужил за оригинал при преведувањето на Светото писмо?
Во III век пред Христа е извршен преводот на Стариот завет од еврејски на грчки јазик од седумдесетте преведувачи, познат како Александриски превод или (οι Έβδομήκοντα)231. Преводот е направен во Александрија, Египет, за религиозните потреби на александриските Евреи, кои имале потреба од Стариот завет, особено од Мојсеевиот закон (Тора), а бидејќи оддалечени од својата земја, живеејќи во Александрија, тие го заборавиле својот јазик и не го разбирале текстот напишан на еврејски оригинал, затоа што во тоа време, цел Египет, а посебно Александрија, зборувале и пишувале на грчки јазик. Токму поради тоа, тие побарале Светото писмо на Стариот завет да им се преведе на грчки јазик. Овој превод е од огромно значење за христијанството, за културата и за писменоста воопшто.232 Дури и авторите на новозаветните книги, апостолите, се ползувале од преводот, како што се гледа од цитатите што се посочуваат во новозаветниот текст. Овој превод, толку многу бил прифатен, така што, просто, го заземал местото на оригиналот, па еврејскиот оригинал како да останал заборавен и непотребен.
Околу 130 година по Христа, се појавил преводот на Акил. Тој бил незнабожец, кој потоа преминал во христијанство и по извесно време се откажал од христијанството и станал јудејски прозелит. Преводот на Акил се карактеризира со фанатично придржување кон буквата на оригиналот. Заради тоа, тој превод бил многу ценет од Јудејците како и од Ориген, а и од блажени Ероним.
Во II век се појавил и преводот на евионитот Теодотион, јудејски прозелит. Овој превод претставува повеќе преработка на, а не целосно нов превод.
Во почетокот на III век се појавува нов превод, направен од Симах, кого Епифаниј Кипарски го нарекува Самарјанин, кој преминал во јудејство. Овој превод е многу слободен, но Евсевиј го карактеризира како многу јасен, а блажени Ероним го претпочитал и го ползувал при создавањето на својата Вулгата.
До почетокот на III век по Христа, преводот, сепак останал како најпочитуван. Потоа, почнале да се јавуваат различни рецензии врз преводот. Блажени Ероним спомнува три рецензии: од Исихиј, употребувана во Египет, од Лукијан233 во Цариград и Антиохија и од Ориген во Палестина. Ориген, за таа цел, го составил ненадминатото критичко библиско издание наречено хексапла - во шест столбови или колони, при што, ги дал споредбено повеќето грчки преводи и еврејскиот текст.
Според библиските цитати, ползувани од светите оци во нивните дела, се согледува дека Лукијановата рецензија на Ѕер1иа§т1а била најмногу користена и во Цариград, каде што во IX век е сметана за единствен официјален библиски текст за целата Цариградска црква.234 Според тоа, тој превод им бил најдостапен и на светите браќа Кирил и Методиј. Тоа значи, преводот на Светата Библија од свети Кирил и свети Методиј и нивните ученици е направен од грчкиот текст на со Лукијановата рецензија. На тој начин, преводот со Лукијановата рецензија останал во основата на словенската Библија и до ден денешен, и тоа: и во руската, и во бугарската и во македонската Библија.235
Во преводот на синодското издание на Библијата на македонски литературен јазик,236 во основа е вграден преводот на светите браќа Кирил и Методиј и нивните соработници, меѓу кои и свети Климент Охридски. Тоа, впрочем, е и сосема природно.
Евангелскиот текст на старомакедонски словенски јазик бил преведен многу автентично, но и целосно во духот на јазикот. Неговата форма, стил и израз се спуштале до простонародноста, за да може словото Божјо да допре до самата душа на народот.237 Преводот претставувал и творечки акт, вели професорот протоереј Г. Флоровски: "Преводот од Библијата секогаш бил сврзан со битијата на народната судбина... Да се преведува, значи, мислено да се бдее и да се испитува."238 Стариот и првоначалниот превод на Библијата се одликувал со точност, верност и јасност.
Преведувачката работа е многу тешка, бидејќи бара многу труд и големо стручно знаење. Секое преведување, од еден на друг јазик, е многу суптилна и деликатна задача. Таа осетливост е особено голема кога се преведуваат библиски или богослужбени текстови, бидејќи тие содржини не се исти како и другата литература. Богослужбените текстови се многу различни и стилски и терминолошки, па затоа тие се и многу тешки за преведување. Притоа, не смее да се губи од вид ниту главниот факт дека тоа се, пред сё, и поетски содржини, како и содржини со силна богооткровенска, богословска мисла и длабочина, преку кои е изразено Божјото Свето предание.
Тешкотијата при преводот на богослужбените книги од грчки на старомакедонски словенски јазик била изразена и во тоа што се преведувало од еден богат класичен јазик, каков што бил грчкиот, на еден новооформен книжевен јазик на кој штотуку се започнува литературно творење. Нашите свети учители и просветители имале очигледна боговдахновеност за да можат така мудро и соодветно да најдат вистински термини во новиот јазик, со кои ќе ја искажат длабоката мисла од грчкиот текст.
Тврдиме, дека тие најнапред го превеле Светото писмо и потоа, богатството на термините и изразите употребени во Светото писмо, многу им помогнало при преводот на богослужбените книги. Уште повеќе, затоа што и во богослужбените содржини се внесени текстови од Библијата. На пример, преведувањето на посланијата на свети апостол Павле, кои се пребогати со изрази и поезија, како и длабочината на Евангелието, посланијата и Откровението на свети Јован Богослов, претставувале добра подготовка за натамошните преводи. Лапидарниот стил на библиските содржини во Павловите посланија и фундаменталните прашања за верата, како и апстракциите кај свети Јован Богослов, биле најголемата тешкотија за преведувачите и егзегетите и тогаш, а и денес.
Богослужбените книги во својата содржина имаат многу догматски вистини, кои, исто така, биле прилично тешки за преведување. Дури и одделни песни посветени на Пресвета Богородица се наречени "догматици", бидејќи содржат догматски разјаснувања. Потоа, во богослужбените текстови се содржат и пророчки вдахновенија, и библиски настани, и поетски возвишени славопојки, и длабоки тагувалки за страдањата Христови, како и силни богооткриени изрази на верата и добродетелноста. Сето тоа, тешко е да се преведува, па дури и да се овозможи, новопреведеното веднаш потоа и да се пее на богослуженијата. Во овие богослужбени содржини има и безброј симболички изразувања (на пример, во катавасијата за Духовден и други). Тие симболики се многу тешки за преведување, како и некои тешкопреводливи сложенки, што се среќаваат во едниот јазик, а за кои преведувачите морале да создаваат кованици и во новиот јазик. Но, сето тоа, тие многу умно и боговдахновено го извршиле, така што, не се изгубило скоро ништо во изразната форма и во пораката.
Светите преведувачи се судрувале и со тешкотии од граматиката. Тие на новиот јазик штотуку создавале правописни правила, но сепак, наоѓале соодветни начини и форми. Затоа, тие ја задржале и формата на партиципи и на пасивни и активни глаголски форми, според примсрот на грчкиот јазик.239
Во едно биле сосема сигурни и постојано свесни - дека преводите мора да бидат точни и прецизни; дека на текстот не смее ништо да му се додава, ни да му се одзема; дека преведеното, како и она од кое се преведува е боговдахновено и свето, па треба такво и да остане. Сето ова тие го запазиле.
Со аргументи во славистичката наука се говори и за уделот на свети Климент Охридски во преведувањето (и редактирањето) на познатите споменици на старата словенска писменост: Синајскиот требник и Клоцовиот зборник, додека за неговата работа на преведувањето на Цветниот триод ни остави сведоштво архиепископот Теофилакт во Пространото Климентово житие, тврдејќи дека над преводот на овој релативно ретко сретнуван богослужбен зборник, во морето од други богослужбени книги во старословенската книжевност, свети Климент работел и на болничката постела, пред самата смрт.240
Светите браќа Кирил и Методиј, создавајќи Ја писменоста и црковноста, меѓу словенските народи распространиле еднакво црковно искуство, ист богослужбен типик, исти симболи, дејствија, химни и молитви. Тој процес продолжувал низ вековите и затоа ние сме народи со иста црковност и со блиска душевност. Како што вели свети апостол Павле, ние сме "телото Христово, а поодделно членови".241

 

sv.Kliment.svJ.Zlatoust.jpg


Од книгата: Библијата во делата на Свети Климент Охридски
на протоѓакон Ратомир Гроздановски


Подготви : Стојанка Тежак

СВЕТИКЛИМЕНТОВАТА ЕВАНГЕЛИЗАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

 

Друго:

Прoф. Ратомир Гроздановски - Господовата молитва (7)

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная