Sidebar

логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Свети Константин Идрејски
Јуни 7, 2012

(Заштитник на Родос)

Светиот Константин Идрејски живееше во времето на Турското владеење. Се роди и порасна на херојскиот остров Идра. Неговите родители беа благочестиви православни христијани и го одгледаа со чистите води на верата и љубовта кон Христа и кон татковината.

Сиромаштијата и недостатокот од вработување на островот го принудија, и покрај противењето од мајка му, да се пресели на Родос, за да заработи за обезбедување на неговата иднина и да помогне во својата куќа.

Беше чесен и работлив, и затоа сите го сакаа. Некои негови пријатели го запознаа со турскиот управител на Родос – Хасан Капитан, којшто го вработи во неговиот сарај. Тој се грижеше за коњот на Хасан Беј и секогаш вршеше разни други должности со усрдност.

На една голема веселба Константин се опијани и Хасан Капитан ги покани оџите кои му извршија сунет, односно обрезание, и му облекоа бела чалма ставајќи му го името на управникот, Хасан. Кога се разбуди утрото сфати што се беше случило, но му беше тешко веднаш да реагира. Неговата загриженост се зголеми кога на мајка си ì испрати пари преку некого, којшто ì раскажа за промената на верата на нејзиниот син, и таа огорчена ги фрли парите, се затвори дома и неутешно плачеше дење и ноќе за она што му се беше случило на нејзиното дете.

На Родос, пак, сите негови другари го избегнуваа затоа што го сметаа за јаничар, а тој многу се огорчуваше.

На Идра кога отиде да ја види мајка си, додека одеше накај родителскиот дом, побара да се напие вода од една сосетка, којашто му даде да се напие, но штом се пооддалечи малку, таа ја скрши стомната што ја извалкаа усните на отпадникот.

Кога стигна кај неговата куќа, тропна на портата и на прашањето од мајка му, кој е, ì одговори: „Јас сум, син ти Хасан, кој дојдов од Родос“. Со скршен глас од болка му одговори: „Не ти отворам. Јас немам син Хасан. Го имам само син ми Константин“.

Само Бог ја знае тагата и болката на младиот Идреец. Без губење на време пак се врати назад на Родос и веднаш отиде во Родии (место во близина на градот Родос), каде што во една пештера се подвизуваше еден стар духовник. Клекнувајќи на колена тој му го исповедаше гревот и духовникот му даде разрешување и соодветни совети за да знае што треба да прави отсега па натаму.

Ја фрли чалмата и турската облека и качувајќи се на еден брод отиде најпрво во Кримеа и потоа во Константинопол (Цариград, денешен Истанбул) каде што патријархот-маченик свети Григориј V го посоветува да оди на Света Гора и да остане таму засекогаш.

Откако престојуваше во манастирот Ивирон живеејќи со големо покајание, молитва и подвизи каде што ја доби и монашката схима, со дозвола на неговиот духовник, пак се врати на Родос со цврста одлука да отиде кај Хасан Капитан и да му каже дека е христијанин и дека како христијанин ќе умре.

Дојде благословениот час. Се најде пред некогашниот негов газда, страшниот управник на Родос, Хасан. Со вера и неопислива храброст му рече: „Хасан Беј, јас сум твојот некогашен слуга, Константин од Идра, когошто со измама го направивте муслиман. Ти ја враќам лажната твоја религија и ти кажувам дека сум христијанин и како христијанин ќе умрам“. Хасан се шаштиса. Гледајќи го Константина како му ја фрла в лице муслиманската чалма неверојатно се разгневи и се нафрли врз Константина удирајќи го со тупаници и клоци. Во просторијата за куњушарите имаше еден мрачен подрум, што го викаа зандана. Зандана на турски значи темнина. Таму почнаа деноноќно страшно да го измачуваат. Најпосле го врзаа за едно стебло од дрво ставајќи му ги нозете во две дупки. Тој претрпе сè со непрестајни молитви. Една ноќ заблеска затворот од небесна светлина и неговите нозе се ослободија од оковите. Турците и христијаните кои беа во затворот се зачудија. По пет месеци пак го донесоа пред турскиот управник и откако со истата вера и храброст пак ја исповедаше неговата христијанска вера, повторно беше фрлен во затвор и на 14 ноември 1800 година, по заповед на султанот, претрпе маченичка смрт со бесење, што се случи според едни во местото Колона, а според други во Мандраки. Го целиваше својот крст и се молеше, а кога мачителот отиде да му го земе, Константин го фрли на јаворот, за да не падне во нечисти раце. Тогаш Константин имаше 30 години кога го обесија на јаворот. Раскажуваат и Турците и христијаните дека, во таа ноќ на мачеништвото на Константин голем светол крст го облеал јаворот со светлина. Наредната година еден силен ураган издувал под јаворот и по краток временски период управникот Хасан Беј умрел од лоша болест.

Тогашниот родоски митрополит Агапиј и првенците на Родос ги побараа светите мошти и ги закопаа со големи почести зад храмот на Воведението во Ниохори. Подоцна беше откриена мермерната плоча што ја беше ставил врз гробот на светителот неговиот сожител Константин Кафас, која денес е вградена во истиот храм.

 

„Овој гроб е на светиот новомаченик Константин Идрејски, платена од Константин Идрејски Кафас“.

 

Ова го имаше напишано сожителот на светителот на гробната плоча. По три години дојде на Родос мајката на светителот и ги зеде моштите на нејзиниот син со себе заедно со препорачаното писмо на родоскиот митрополит Агапиј и ги пренесе на Идра, сместувајќи ги во манастирот на Пресвета Богородица, каде што постојат и денес во златен реликвијар. Тогашниот свештеник на Ниохори, поп Јани, ја задржа коската од лактот на маченикот која се чува во сребрена кутија до денес во олтарот на црквата.

По еден век Вселенската Патријаршија официјално го вброи Константина во хорот на светите новомаченици и одреди неговиот спомен да се слави на 14 ноември, на денот на неговото бесење.

По неговите свети молитви, Господ да нè помилува и спаси. Амин!

 

Тропар, глас 1:

Светлиот потомок на Идра и на Родос пофалба, и слава на новомачениците – Константина го почитуваме, со химни и песни духовни, неговиот спомен го извршуваме, за да добиеме богата награда, кон Бога повикувајќи: слава на Христа Кој те прослави, слава на Оној што те укрепи и во последните времиња те овенча.

 

Превод од новогрчки јазик:

Ѓакон Јани Мулев

Извор: Ортодоксија ортопраксија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 1330
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3559
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 8174
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

14/04/2025 - понеделник


Велигденски пости;
(строг пост)

Св. Марија Египетска; Св. Мелитон, епископ Сардиски; Преп. Прокопиј Чех;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2025

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2025

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на Христовиот монах кој никого не осуди 12 април/30 март  2025

Тропар на Христовиот монах кој никого не осуди 12 април/30 март 2025

Велик си Ти Господи Кој раце спрема нас подаваши заповеди кои живот источуваати слабоста во сила спасителна ја преобразуваат:не судете...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Манастирски посни рецепти

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная