логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


СТОТИЦА ТРЕТА

sv.Maksim.Ispoved.jpg1. Разумната употреба на мислите и нештата раѓа целомудрие, љубов и познание, а неразумната, распуштеност, силна омраза и незнаење.
2. Трпеза пред мене Си послал (Пс. 22, 5-6) и така натаму. Трпезата тука ја означува дејствената добродетел, зашто таа е приготвена од Христа, против нашите душевни мачители. Елејот што го помазува умот, е созерцанието на творенијата. Чашата Божја е познавањето на Бога. Неговата милост е неговото Слово и Бог, зошто преку Вочовечувањето Свое, Тој не следи во сите дни, се додека не ги задобие оние што ќе се спасат, како некогаш Павле (Фил. 312-313). А домот е Царството (Небесно), во кое се настануваат светиите, многуте дни, пак, се вечниот живот.
3.  Гревовите ги извршуваме поради неправилната употреба на душевните сили, т.е. желбената, дразбената и разумната. Злоупотреба на разумната сила е незнаењето и безрасудноста, а на дразбената и желбената, силната омраза и распуштеност. А правилната употреба носи познание И благоразумие, љубов и целомудрие. А штом е така, ништо од создаденото и приведеното во битие од Бога, не претставува зло.
4. Не е храната зло, туку стомакоугодувањето; не чедородството, туку блудот; не материјалните блага туку среброљубието и не славата туку суетата. И ако е така, значи во оние што суштествуваат нема никакво зло, тоа е само во злоупотребата на нештата, што произлегува од негрижата на умот за приро-дата на душевните сили и нивната добра на-соченост.
5. Блажениот Дионисиј кажува дека злото во демоните е неразумната чувствителност, безрасудната похота, лесномислената вообразеност. Но и во разумните суштества неразумноста, нерасудувањето и лесномисленоста се недостаток на разум, ум и будност. Но, недостатокот сведочи за дамнешното постоење на истите. Соодветно на тоа, и демоните имале разум, ум и благобојазлива будност. Штом е така тие по природа не се зли, туку станале такви поради злоупотребата на природните сили.
6. Едни од страстите раѓаат распуштеност, други силна омраза, а трети и распуштеност и силна омраза.
7. Презаситувањето на стомакот и лакомоста во јадењето се причини за развратност, а среброљубието и суетноста, за силната омраза кон ближниот. Нивна мајка е самољубието, коешто е причина и за двете.
8. Себељубието е страсна и неразумна љубов кон телото. Спротиви на него се љубовта и воздржливоста. Очигледно, оној што поседува себељубие поседува и секакви страсти.
9. Зашто никој никогаш не го намразш телото свое; туку го истоштува и совладува (Еф. 5, 29; I Кор. 9, 27), не давајќи му ништо освен прехрана и облека (I Тим. 6, 8), и само нив, затоа што се неопходни за живот. Телото треба да го сакаме бестрасно, како слуга на божественото, давајќи му ја само онаа нега што му е потребна.
10. Кога некој сака некого, се стреми нему и да му угоди. Затоа, оној што го сака Бога, се грижи да го извршува она што Му е угодно Нему. А оној, пак, што го сака телото, на него и му угодува.
11. Љубовта, целомудрието, созерцанието, и молитвата Му се угодни на Бога, а стомакоугодувањето, распуштеноста и се што ги умножува му се угодни на телото. Затоа, оние што живеат за телото, не можат да му служат на Бога. Оние пак, што се Христови, си го распнуваат телото заедно со страстите и похотата (Рим. 8, 8; Гал. 5, 24).
12. Кога умот е насочен кон Бога, тој го има телото како роб и не му дозволува ништо повеќе од неопходното за живот. Кога пак, е насочен кон телото бива поробен од страстите и веднаш ги преобратува грижите за телото во похота (Рим. 13, 14).
13. Ако сакаш да ги победиш помислите, исцели се од страстите, и лесно ќе ги прогониш помислите од умот. На пример, во врска со блудот, пости, бдеј, труди се и осамувај се. Во врска со гневот и тагата, презирај ја славата, нечесноста и материјалните добра. Во врска со злопамтењето, моли се за оној што те навредил и ќе се ослободиш.
14. Немој да се рамниш со најслабите меѓу луѓето, туку подобро барај повеќе од себе и расти во заповедта за љубовта. Мерејќи се со лугето, ке паднеш во пропаста на високоумието, а воздигнувајќи ја љубовта во себе, ќе ја достигнеш висината на смирението.
15. Ако целосно ја запазуваш заповедта за љубовта кон ближниот, зошто допушташ во тебе да проникне горчината на гневот кон него? Не е ли јасно дека со тоа ти ги претпочиташ минливите нешта, пред љубовта, и дека борејќи се да ги стекнеш, креваш војна против брата си.
16. Златото е посакувано од луѓето, не толку заради неопходност, колку заради тоа што преку него многу му угодуваат на своето сластољубие.
17. Има три причини за љубовта кон богатството: љубовта кон насладувањата, суетноста и неверието. Најтешко од сите е неверието.
18. Оној што ги љуби насладувањата, го љуби и среброто, за да живее во раскош благодарение на него, суетниот го љуби за да се прослави преку него, а само неверникот, за да го скрие и да го сочува, плашејќи се од глад, старост, болест или прогонство и се надева на него повеќе отколку на Бога - Творецот и Промислителот на секое создание па дури и на најпоследното и ништожно живо суштество.
19. Има четири типови на луѓе што соби раат богатство. За три од нив стана збор прет ходно, а четвртиот е домоуправителот. Очи гледно е дека само тој човек собира правилно, за неговата рака никогаш да не престане да им подава на оние што се во оскудност.
20. Сите страсни помисли, го возбудува ат или желбениот дел на душата, или дразбе ниот, или го помрачуваат разумниот. Тоа до ведува до заслепост на умот и во однос на ду ховното созерцание, и во однос на молитвено то вознесение кон Бога. Затоа монахот, особе но безмолвникот, треба да им обрнува најго лемо внимание на помислите и да ги отсекува причините за нив. И да ги познава според следниот начин: желбениот дел од душата се возбудува од страсните сеќавања за жена, а причина за тоа се невоздржаноста во храната
и пиењето, како и честото и неразумното оп штење со жени. Тие причини се отсекуваат со глад, жед, будност и повлеченост. Чувствени от дел од душата се возбудува од спомени за оние што не ожалостиле. Причина за тоа се љубовта кон насладите, суетата или приврзаноста кон материјалните нешта. Заради нив, се разжалостува страсниот човек: или Татоа што се лишил од нив, или зашто не ги стекнал. Нив ги отсекува љубовта кон Бога, омаловажувањето и презирот кон тие нешта.
21. Бог се познава и себеси и созданијата Свои. Светите сили, Го познаваат и Бога и неговите созданија. Но, тие не Го познаваат Бога и Неговите созданија, така како што Бог се знае себеси и созданијата свои.
22. Боѓ се познава себеси од својата блажена суштина, а своите созданијата од својата премудрост, низ која и со која се создал Светите Сили пак, Го познаваат Бога благодаре-ние на заедничарењето со Него, макар што Тој е над секое заедничарење. А Неговите созданија Го познаваат преку поимање и созерцание.
23. Созданијата се надвор од умот, но умот го восприема созерцанието внатре во себе. Но не е така во однос на вечниот, безграничниот и неописливиот Бог, кој од Себеси, на се што постои му дарил битие, блаженство и вечен живот.
24. Словесното и разумно битие е во заедништво со Светиот Бог и со своето битие и со својата способност за благобитие (т.е. за светост и мудрост) и со своето вечнобитие по благодат. На таков начин, тоа го познава Бога. А неговите созданија, како што кажавме, тоа ги познава со поимањето и со согледувањето на творечката мудрост што се наоѓа во нив. Таа во умот се наоѓа како едноставна и безлична.
25. Приведувајќи ја во битие секоја разумна и умна суштина, според својата возвишена благост, Бог ипридал четири божествени својства, кои ја одржуваат, чуваат и спасуваат: битие, вечнобитие, благост и премудрост. Првите две својства иги дарил на суштината, а другите две на волјата, т.е. на суштината и дал битие и вечен живот, а на волјата, благост и премудрост, за да може тварта, преку заедничарење да стане она што Тој е по суштина. Според тоа, секое словесно битие има образ Божји, а подобие само благите и мудрите.
26. Секоја разумна и духовна суштина се разделува на две: на ангелска и човечка природа. Целата пак, ангелска природа повторно се разделува на два општи дела и групи: на свети и нечисти, т.е. на свети сили и нечисти демони. И целиот човечки род се разделува само на два општи дела: на благочестиви и нечестиви.
27. Бог како самобитие, самоблагост и самопремудрост или, повистинито кажано, бивајќи над сето тоа, воопшто нема нешто што му е спротивно. Но, созданијата, коишто имаат битие само како причесници по благодат, а словесните и разумните уште и способност да бидат благи и премудри, имаат и свои спротивности: на битието му одговара небитието, а на способноста за благост и премудрост - злото и незнаењето. Нивното вечно битие или небитие зависи од власта на нивниот Создател. Но, дали ќе заедничарат со Неговата Благост и Премудрост или не, зависи од волјата на разумните созданија.
28. Кога кажуваат дека природата на созданијата од вечност суштествува заедно со Бога, и дека од него ги восприема само своите својства, Елините всушност тврдат дека во нивната суштина нема ништо спротивно, туку дска спротивноста се наоѓа само во нивните својства. А, ние велиме дека единствено Божјата природа, како вечнопостоечка, бесконечна, нема ништо што ие спротивно. Единствено таа им дава вечност на сите останати природи. На природата на созданијата и е спротивставено небитието и нивното вечно битие или небитие, е во власта на вистинското Битие е зашто Бог нема да се покае за даровите свои (Рим. 11, 29). Затоа тварта, иако го има небитието за своја спротивност, засекогаш ќе остане држана од Семожната сила, Којашто од небитие ја приведе во битие и од Чијашто волја зависи дали ќе постои или не.
29. Како што злото е лишеност од добрина, а незнаењето лишеност од знаење, така и небитието е лишеност од суштественото, но не од Суштественото во вистинската смисла на зборот, зашто тоа нема спротиставености, туку од суштественото по заедничарење со Вистинското Суштествено. Како што лишеноста од првите две зависи од волјата на созданијата, така лишеноста од второто зависи од волјата на Создателот, Кој според Својата Благост секогаш сака созданијата да суштествуваат и секогаш да бидат облагодатени од Него.
30. Од сите созданија, некои се словесни и духовни, па се приемчиви за противставености во себе, на пример добродетел и порок, знаење и незнаење, а други се различните тела, кои се состојат од спротивности, т.е. од земја, воздух, оган и вода. И додека едните се наполно безтелесни и нематеријални, макар што некои од нив се поврзани со тела, другите се состојат само од материја и форма.
31. Сите тела се неподвижни по природа. Тие се доведуваат во движење од душата: едни тела од разумната душа, други од неразумната, а трети од бесчувствената.
32. Од силите на душата, едни се оние што ја хранат и ја возраснуваат, други се силите на вообразувањето и посакувањето, а трети, на разумните и мисловните. Првите ги имаат растенијата, вторите заедно со првите -бесловесните животни, а третите, заедно со првите две - луѓето. Првите две сили се подложни на гниење, а третата е нетлена и бесмртна.
33. Светите сили, предавајќи си една на друга просветување, и на човечката природа и предаваат, како од својата добродетел така и од своето познание. Таа добродетел е богоподобна благост, со којашто си благотворат и на самите себеси и едни на други и на пониските од себе правејќи ги боголики. Тие предаваат и повозвишено познание за Бога, зашто: Ти Господи, - вели пророкот - си Севишен секогаш (Пс. 91, 8), или продлабочено знаење за телата, или поточно знаење за бестелесните суштества, или појасно знаење за Промислата, или поразбирливо за Судот.
34. Нечистотата на умот е содржана: прво - во лажното познание; второ - во незнаењето за општите нешта, зборувам за човечкиот ум, зашто за ангел не е својствено да не знае дури ни за нешто делумно; трето - во страсните помисли; четврто - во прибегнувањето кон грев.
35. Нечистотата на душата се состои во тоа што таа не дејствува согласно на природата, а од тоа во умот се раѓаат страсни помисли.
36. Нечистотата на телото е гревот направен со дело.
37. Оној што не е пристрасен кон светските нешта, го љуби безмолвието. Оној што не љуби ништо човечко, ги љуби сите луѓе. Оној што не се соблазнува од никого, ниту поради неговите падови, ниту поради помислите родени од подозрение, тој има знаење за Бога и за божественото.
38. Големо дело е да не сме пристрасни кон материјалните нешта, но уште поголемо е да останеме бестрасни и во мислите за нив.
39. Љубовта и воздржанието го очувуваат умот бестрасен и кон предметите и кон помислите за нив.
40. Умот на богољубивиот човек се бори не со материјалните нешта и не со мислите за нив, туку со страстите што ги придружуваат тие мисли. На пример, тој води борба не со (некоја) жена, не со оние што го ожалостиле, не со тие мисловни образи претставени преку вообразувањето, туку со страстите кои се сопатници натие мисловни образи.
41. Целата борба на монахот се состои во тоа да ги оддели страстите од мислите. Инаку за него е невозможно да гледа бестрасно на нештата.
42. Едно се нештата, друго мислата, трето страста. Нешта се на пример мажот, жената, златото итн.; мислата е просто сеќавање на нештата, а страста е или неразумна љубов, или силна омраза кон нив. Борбата на монахот е насочена против страста.
43. Страсната умствена претстава е помисла која возникнува со соединување на страста и мислата. Ако ја одцелиме страста од мислата, ќе остане проста помисла. И, ако посакаме, ние ја одделуваме со посредство на љубовта и воздржанието.
44. Добродетелите го одделуваат умот од страстите, духовните созерцанија од простите мисли, а чистата молитва го претставува пред Самиот Бог.
45. Добродетелите постојат за познание на созданијата; познанието за оној што познава; а оној што познава - заради Познавачот на познанието што го надвишува секое знаење на зачудувачки начин.
46. Себлажениот Бог ги привел созданијата во битие не затоа што имал потреба од нешто, туку тие, сообразно со својата восприемчивост, да станат заедничари во Неговото блаженство и да се насладуваат. Тој се весели за Своите созданија кога ги гледа како се радуваат и како секогаш ненаситно се наситуваат со Оној, на Когошто никогаш не можат да Му се наситат.
47. Во светот има многу бедни по дух, но не така како што би доликувало; многумина плачат, но за загубата на имот или челад; многумина се кротки, но кон нечистите страсти; мнозина се гладни и жедни, но желни да го зграбат туѓото и неправедно да се збогатат; многу се милостивите, но кон телото и кон телесното; многу се чистите по срце, но заради суета; многумина се миротворци, но потчинувајќи си ја душата на плотта; мнозина се прогонети, но заради своето богатство и многумина се хулени, но заради срамни гревови. Но, блажени се само оние што заради Христа, и како Христа го извршуваат и претрпуваат сето тоа. Зошто!? Зашто нивно е Царството Небесно; тие ќе го видат Бога (Мат. 5; 3, 8). И тие се блажени не заради тоа што го извршуваат и претрпуваат (бидејќи и гореспоменатите го прават истото), туку заради тоа што се извршуваат и претрпуваат само заради Христа, и како Христа.
48. Често се зборува како во сите наши дела Бог ја бара нашата цел, дали сме ги правеле заради Него, или заради нешто друго. Затоа, кога ќе сакаме да направиме нешто добро, да го имаме за цел Бога, а не човекоугодието, за да го гледаме вечно Него и се да правиме заради Него, зашто инаку залудно ќе се трудиме и ќе се лишиме од наградата.
49. За време на молитвата отсечи ги од умот и простите мисли за човечките нешта, и созерцанијата за се што е создадено, та претставувајќи си пониски нешта, да не отпаднеш од Оној, Кој е несразмерно подобар од се што постои.
50. Ако чистосрдечно сме Го возљубиле Бога, преку таа љубов ќе ги отфрлиме страстите од себеси. Зашто љубовта кон Него е да го претпочитаме Него пред светот и душата пред плотта, откако ќе ги презреме сите световни нешта и постојано ќе Му се посветуваме себеси на Бога, со воздржание, љубов, молитва и псалмопеење.
51. Ако Му посветуваме многу време на Бога и будно го набљудиваме страсниот дел од душата, повеќе нема да бидеме жртви на нападите од помислите. Но, како што доаѓаме до нивните причини и ги отсекуваме, така стануваме повеќе будни, при што во нас се исполнува Словото: И окото мое ги погледа непријателите мои, и увото мое ќе чуе за побунетите против мене беззаконици (Пс. 91, 12).
52. Кога гледаш дека умот благочестиво и праведно се занимава со мислите што се однесуваат на светот, знај дека и телото ти останува чисто и безгрешно. Но, кога гледаш дека умот ти се предава на грев во мислите, а ти не го отсекуваш, знај дека и телото нема да се воздржи да падне во нив.
53. Како што телото ги има како свој свет предметите, така и умот ги има за свој свет мислите. И како што телото паѓа во блуд со тело на жена, така и умот прељубодејствува во помислите, со претставите за своето тело. Заради тоа што тој во мислата го гледа образот на своето тело соединувајќи се со образот на жена. На сличен начин, во мислата го гледа образот на оној што го ожалостил, кому му се одмаздува со образот од своето тело. Така е и со другите гревови. Зашто она што телото го извршува со дела во материјалниот свет, го извршува и умот во светот на мислите.
54. Не треба да се, растреперуваме, да се избезумуваме, и да се ужасиме од тоа што Отецот Бог, не суди никого, туку целиот суд Му го предал на Синот (Јов. 5, 22). А синот вели: Не судете, за да не бидете судени (Мат. 7, 1) и: Не осудувајте, за да не бидете осудени (Лук. 6, 37); исто вели и апостолот: Не судете ништо предвреме, додека не дојде Господ (1Кор. 4, 5) и уште: со каков суд судиш друг, со таков ќе се осудуваш сам (Рим 2, 1). Но, луѓето што престанале да ги оплакуваат своите гревови, го зеле судот од рацете на Синот Божји, и самите, сметајќи се за безгешни, се судат и се осудуваат едни со други. Небесата се ужаснуваат пред тоа (Јер. 2, 12) и земјата затреперува, а тие како бесчувствени, не се срамат.
55. Оној што пројавува љубопитство за туѓите гревови, или според сомнежи го суди својот брат, се уште не поминал ниту низ почетокот на покајанието и не застанал на патот на спознавањето на своите сопствени гревови, натежнати од многу тешко бреме. И тој не знае зошто човек станува жестокосрдечен, ја заљубува суетата и ја бара лагата (Пс. -4, 3). Затоа, како безумен талкач низ темнината, тој ги остава своите гревови и мисли на тугите, вистински или претпоставени.
56. Себељубието, како што кажавме, е причина за сите страсни помисли. Од него се раѓаат трите основни помисли: помислата за цревоугодието, среброљубието и суетата. Од цревоугодието, пак, се раѓа помислата за блуд, од среброљубието - помислата за користољубие, од суетата - помислата за гордоста. Од нив сите останати произлегуваат: помислите за гнев, тага, злопамтење, униние, завист, озборување и др. Тие страсти го приврзуваат умот за материјалните нешта, го држат на земјата, и го притискаат кон неа како тежок камен, макар што тој по природа е полесен и побрз од оган.
57. Себељубието е почеток на сите страсти, а нивни крај е гордоста. Себељубието е неразумна љубов кон телото. Оној, што ја отсекува таа љубов, заедно со себељубието, ги отсекува и сите страсти родени од него.
58. Како што родителите се пристрасни кон своите телесни рожби, така и умот, природно е приврзан кон своите мисли. И како што најпристрасните родители си ги сметаат своите деца за најтелентирани и убави, макар и од сите аспекти повеќе да заслужуваат потсмев, така и на безрасудниот ум сопствените мисли му изгледаат најразумни, па макар да се и најбедни. На мудриот пак, неговите мисли не му изгледаат така, туку дури и кога ќе се увери дека тие навистина се правилни и добри, не му се доверува на сопствениот суд туку поставува други мудри луѓе за судии на неговите мисли и расудувања, за да не трча или да не трчал залудно (Гал. 2, 2), и од нив прима потврда.
59. Кога победуваш некои од нечестивите страсти - цревоугодие, блуд, гнев или користољубие, веднаш те напаѓа помислата на суетата. А, кога и неа ќе ја победиш, следи помислата на гордоста.
60. Сите нечестиви страсти, господарејќи во душата, ја прогонуваат од неа помислата на суетата, а кога биваат победени, пак ја отвораат врата за неа.
61. Суетата раѓа гордост, и кога е исчистена од душата и кога останува во неа. Кога е исчистена, раѓа самомнение, а кога останува внатре раѓа надменост.
62. Суетата се уништожува со таен труд, а гордоста со тоа што ќе Му ги припишеме на Бога нашите добри дела.
63. Оној што се здобил со богопознание и навистина ја вкусил неговата сладост, ги презира сите задоволства родени од плотски-те желби.
64. Оној што се стреми кон земното, копнее или за јадење или за она што им служи на подутробните страсти, или за човечка слава, за пари или нешто што произлегува од сето ова. И ако умот не пронајде ништо подобро од тоа, врз кое би можел да ја пренесе својата желба, нема да биде докрај убеден во неопходноста да ја презира таквата страст. А неизмерно подобро од тоа е познавањето на Бога и божествените нешта.
65. Оној што ги презира насладувањата, ги презира или од страв, или заради надежта, или поради познанието на нивната ништожност или поради љубовта кон Бога.
66. Бестрасното познание на божествените нешта не го убедува умот докрај да ги презира материјалните нешта, а поскоро не потсетува за простата помисла на материјалното. Затоа постојат многу луѓе, кои имаат големо знаење, но како свињи се валкаат во плотските страсти (II Петар. 2, 22). Заради тоа што на почетокот се погрижиле малку за прочистувањето на душата и придобиле знаење, а потоа престанале да мислат на тоа, станале слични на Саул, кој, откако се удостоил со царство, започнал да живее недостојно за не-го и бил отфрлен од Бога.
67. Како што простата помисла за човечките нешта не го присилува умот да ги презира божествените, така и простото познание на божествените нешта не го убедува умот докрај да ги презира човечките, зашто вистината сега постои во сенки и претчувства. Од тука изникнува потреба за блажената страст на светата љубов, којашто го доведува умот во единство со духовните созерцанија и го убедува да ги претпочита нематеријалните пред материјалните нешта и мисленото и божественото, пред чувственото.
68. Оној што ги отсекол страстите и стекнал прости помисли, се уште не ги преобратил целосно кон божественото, и заради тоа тој може да не е приврзанниту кон човечкото, ниту кон божественото. Тоа им се случува на луге што се оддадени единствено на делата, но не се удостоиле со познание, па се воздржуваат од страстите или поради страв од вечна казна, или поради надежта во Царството.
69. Според верата живееме (II Кор. 5, 7), и познанието ни е нејасно како во огледапо (I Кор. 13, 12). Затоа имаме потреба од нив, за низ долго изучување и применување на верата и познанието да можеме да стекнеме беспрекорна навика во созерцанијата.
70. Ако делумно ги отсечеме причините за страстите и се оддадеме на духовни созерцанија, но не само на нив да се посветиме и да се занимаваме само со тоа, повторно лесно ќе паднеме во плотските страсти, без да собереме никакви плодови, освен просто знаење и високоумие. Во краен случај настапува помрачување на самото знаење и целосно насочување на умот кон материјалните нешта.
71. Осудувачката страст на љубовта го потопува умот во материјалните нешта, а пофалната страст на љубовта го соединува со божествените нешта. Зашто обично, врз какви предмети умот го задржува своето внимание, кон нив и се простира, а во она во коешто се простира, кон тоа ги насочува желбата и љубовта: или кон својствените нему божествени и постигнати со ум нешта, или кон плотските нешта и телесните страсти.
72. Бог го создал и невидливиот и видливиот свет; Тој ја создал и душата и телото. И ако видливиот свет е толку прекрасен, каков ли е невидливиот? И ако тој е поубав од видливиот, колку ли ги надвишува тие два света Бог, Оној Кој ги створил? А, ако Творецот на сите богатства е подобар од се створено, зашто умот го напушта најдоброто и се предава на најлошото, т.е. на плотските страсти? Не е ли јасно дека тоа е така по сила на навиката и постојаното општење со плотта започнато од раѓањето, зашто уште не добил совршен опит за Оној, Којшто е најдобар од сите и надминува се? Затоа, ако продолжиме со воздржување од чувствени наслади и со грижа за божествените нешта ние постепено го оттргнуваме умот од дотогашната врска, за тој постепено да напредува во божественото; тој ќе се воздигне, ќе го спознае сопственото достоинство и на крајот целиот пламено ќе се насочи кон Бога.
73. Ако некој бестрасно зборува за гревот на својот брат го прави тоа од две причини: или за да го поправи или за му донесе корист на друг. Ако пак, му зборува на него или на друг без такви намери, зборува со осудување или со подсмев. Но, Бог нема да го дозволи тоа, па тој ќе падне во истиот или во друг грев, и кога ќе биде изобличен и укорен од другите ќе се засрами.
74. Не е една иста причината поради којашто грешниците извршуваат ист грев, туку е различна. На пример: едно е да се греши по навика, а друго по изненадна неразумност. Во последниов случај човекот ниту пред, ниту по гревот не мислел на него тој многу тагува за она што се случило. Сосем обратно се случува со оној што греши по навика: тој и до самиот грев не престанува мисловно да греши, а и по него го задржува истото расположение.
75. Оној што врши добродетели од суета, од суета бара и познание. Таковвеќе ништо не прави и не зборува за надградба, туку во се очекува да добие слава од оние што го виделе неговото дело или го чуле неговото слово.
Неговата страст се изобличува кога некој од нив ги порекнува неговите мисли или неговите дела и тој силно се ожалостува - не заради тоа што другите не се надградиле, оти целта и не му била таква, туку затоа што бил понижен или оскрбен од нив.
76. Страста на среброљубието се открива со тоа што обземениот од неа прима со радост, а дава со жалост. Таков човек не може да биде домоустроител.
77. Човек ги поднесува страдањата или од љубов кон Бога или од страв од казна, или од страв пред луѓето, или поради природна издржливост, или заради наслада, користољубие и суета, или поради неопходност.
78. Едно е да се избавиме од помислите, а друго е да се ослободиме од страстите. Човек често се избавува од помислите поради отсуство на нештата што се предмет на неговата страст. Но, притоа страстите се сокриваат во душата и при појавувањето на тие предмети се пројавуваат. Затоа, кога нештата се присутни, тре ба да се набљудува умот и да се знае кон што тој има страст.
79. Вистински пријател е оној кој после искушенијата предизвикани од ближните спокојно и смирено ги поднесува ожалостувањата, потребите и бедата на ближниот како свои сопствени.
80. Не ја занемарувај својата совест којашто секогаш ти го советува најдоброто. Зашто таа ти предложува божествена и ангелска мисла, те ослободува од тајните осквернувања на срцето и при излегувањето од овој свет ти дарува смелост кон Бога.
81. Ако сакаш да бидеш разумен и скромен и да не бидеш поробен од страста на гордоста, секогаш, во она што постои, барај го тоа што е скриено од твоето познание. И кога ќе пронајдеш многубројни и различни нешта скриени за тебе, ќе се зачудиш од своето не-знаење и ќе го смириш своето мудрување. А кога ќе се спознаеш самиот себеси, ќе спознаеш и многу возвишени и прекрасни нешта, бидејќи мислата дека поседуваш знаење не ти дозволува да напредуваш во него.
82. Искрено сака да се спаси оној што не им се противставува на исцелувачките лекови. А тие лекови се маките и страдањата, родени во различни несреќи. Оној што им се противи, не знае што ќе стекне со нив, ниту каква полза ќе извлече од нив кога ќе го напушти овдешниот свет.
83. Суетата и среброљубието се раѓаат едно од друго, зашто едни се збогатуваат од суета, а други, откако ќе се збогатат стануваат суетни. Но така е со световните луѓе, а монахот станува уште посуетен кога нема ништо свое. Кога има сребро тој го крие, затоа што се срами бидејќи тежнее кон нешто недолично за монашкиот чин.
84. На суетата на монахот и е својствено да се величи со добродетелта и нејзините последици. На неговата гордост ие својствено да се превознесува од сопствените духовни достигнувања кои си ги препишува на самиот себеси, а не на Бога, и ги презира другите. А на суетата и гордоста на световниот човек ие својствено да се превознесува со убавината, богатсвото, власта и паметта.
85. Достигнувањата на луѓето во светот се падови за монасите, а достигнувањата на монасите се падови за мирјаните. На пример достигнувањата на светот се богатството, славата, авторитетот, раскошот, телесното здравје, мноштвото на деца итн. Ако го стекне ова монахот гине, зашто негови достигнувања се сиромаштијата, неславноста, безвластието, страдањата итн. Ако вакви околности го стигнат човекот што го сака светот, тој ги смета за големи беди и често е подготвен на самоубиство, кое некои од нив дури и го извршуваат.
86. Храната е создадена од две причини: за наситување и за исцелување. Затоа, оние што ја примаат од други причини, го злоупотребуваат она што е дадено од Бога за да му користи на човекот, и се осудени како сластољупци. Неправилната употреба на сите нешта е грев.
87. Смирението се раѓа од постојана молитва со солзи и труд. Зашто таа секогаш кога го призиваме Бога на помош, не допушта безумно да се надеваме на својата сила и мудрост и да се превознесуваме над другите, а тоа се две тешки болести на страста на гордоста.
88. Едно е да се бориме со простите помисли за да не ја придвижиме страста, а друго е да се бориме со страсната помисла за да не паднеме во грев. Но и двата начини на духовна борба не им дозволуваат на помислите да се задржат во нас.
89. Злопамтењето е проследено со тага. Зашто кога умот како во огледало го одразува лицето на братот со чувство на огорченост, јасно е дека тој чува злопамтење кон него: за-што патот на злопамтивите е смрт (Мудр. Сол. 12, 28), зашто кој што помни зло е беззаконик (Мудр. Сол. 21, 24).
90. Ако злопаметиш некому, моли се за него и ќе го запреш движењето на страста, отстранувајќи ја преку молитва жалоста од споменот за злото што ти е направено. А кога ќе станеш благорасположен и човекољубив, наполно ќе ја прогнеш страста од душата. Кога, пак, друг човек тебе ти злопамети, биди љубезен и смирен кон него и однесувај се благородно, и тогаш ќе го избавиш од страста.
91. Жалоста на оној што завидува тешко може да се запре, затоа што тој го смета за несреќа она на коешто ти завидува тебе. На друг начин не можеш да ја отстраниш неговата тага, освен ако го скриеш од него. Но, која страна ќе ја пренебрегнеш, ако на многумина тоа им користи, а него го ожалостува? Се разбира треба да ја изберме користа за мнозинството, но по можност да не го занемариме и него за да не бидеме повлечени од лукавството на страста и да ја заштитиме не страста туку страдалникот. Затоа, со смирение да сметаме дека тој е над нас и да го предпочитаме во секое време на секое место и во секое дело. А својата завист можеш да ја запреш кога ќе почнеш да се радуваш на радоста од човекот што ти ја преизвикала зависта и заедно со него да жалиш во неговата жалост - така ќе ја исполниш заповедта на апостолот: радувајте се со.радосните и плачете со расплаканите (Рим. 12, 15).
92. Нашиот ум се наоѓа меѓу двајца, т.е. меѓу ангелот и ѓаволот, од кои секој му го советува она што му е својствено: едниот добродетел, а другиот порок. Но, умот има власт да го избере и сила да го следи или да го отфрли она што сака.
93. Светите сили не обрнуваат кон добро, а природните семиња на доброто и добрата волја ни помагаат. И обратно, страстите и лошата волја стануваат сојузници на демонските влијанија.
94. Понекогаш Самиот Бог го посетува чистиот ум, снисходејќи до него. Понекогаш светите сили му вдахнуваат добро, а понекогаш тоа го прави созерцувањето на природата на нештата.
95. Умот којшто се стекнал со познание треба да ги чува во безстрастие мислите за нештата, да ги држи во неколебливост своите умствени согледувања и во непоматеност својата молитвена состојба. Но тој не секогаш може да ги зачува, помрачувајќи се како од дим, од телесниот нагон, раѓан од злобата на демоните.
96. Она што ни предизвикува огорченост не секогаш се совпаѓа со она што го предизвикува нашиот гнев, зашто првото е почесто од второто. На пример нешто се скршило, друго се изгубило, некој човек починал. Заради едно ние само се огорчуваме, заради друго се огорчуваме и се разгневуваме, зашто немаме љубомудро расположение на душата.
97. На умот што ги возприема мислите за нештата му е природно да се променува според секоја мисла. Созерцувајќи ги пак, духовно, тој  се  преобразува соодветно  на секое созерцание. Но, кога ќе се најде во Бога, тој станува наполно лишен од образи и претстави, затоа што созерцувајќи го Еднообразниот, умот и сам станува еднообразен и целосно светловиден.
98. Совршена е онаа душа, чијашто желбена сила е целосно и потполно насочена кон Бога.
99. Совршен е оној ум којшто, спознавајќи Го со вистинска вера Неспознатливиот, ги опфатил сите Негови творенија и добил од Бога сеопфатно познание за Неговата промисла за нив, онолку колку што тоа е достапно за човек.
100. Времето се дели на три дела: сегашност, минато и иднина. Верата се простира врз сите три, надежта врз еден (иднината), а љубовта врз два (сегашноста и иднината). Верата и надежта суштествуваат до извесни предели, а љубовта, соединувајќи се со бескрајното и секогаш раснејќи, престојува во вечноста. Затоа, најголема од се е љубовта (I Кор. 13, 13).

 (Продолжува)

Друго:

Blagodatniotogan.doma.jpg Св. Максим Исповедник- 400 глави за љубовта (1)

sv.Maksim.Ispoved.jpgСв. Максим Исповедник- 400 глави за љубовта (2) 

Извор:Библиотека : СВЕТИ ОТЦИ, Книга 2

Издавач: ИКОНА

 

 


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная