логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Воспитување на момче-Татјана Шишова
    
    Работата со тешки деца, нѝ дава обилен материјал за размислување не само за тие деца и нивното семејно опкружување туку и за мноштво социо-културолошки фактори кои  потпомагаат да ослабне и без тоа нејаката детска психа.
Притоа неретко се покажува дека претставите кои постојат во современата масовна свет за тие или други работи се чисти митови. Понекогаш безопасни, почесто-не. Но, во секој случај, оттгрнуваат на страна од поимањето на вистинската состојба на нештата. Со самото тоа го спречуваат барањето на вистинските решенија.


МИТОВИ КОИ ВОДАТ ВО ЗЕМЈАТА ЗАД ОГЛЕДАЛОТО

    На бројот на таквите митови, кои во никој случај не се безопасни, припаѓа, според мене, митот за поголемата ранливост на машката психа. Велат дека женската психа е постабилна, а мажите се сметаат за појак пол. По сѐ изгледа дека тоа не е точно. Всушност сѐ е баш спротивно. Од хиперактивност, аутизам, различни видови на зaвисност (алкохолизам, наркоманија, зависност од интернет и видео игри) многу почесто страдаат претставниците на машкиот пол, а не женскиот. Мажите живеат и пократко од жените. Воопшто, за што да разговараме-тоа е неоспорен факт!

    Меѓутоа, може да се зборува за многу нешта. Можеме да почнеме од  претпоставката, ако мажите отсекогаш биле такви слабаци, човечкиот род одамна би исчезнал, затоа што на машкиот удел во сите времиња припаѓале најтешките, најопасните работи. Пробај да  водиш војна со чувстителна, ранлива психа! Или да ловиш свирепи ѕверови и тоа без огнено оружје, како што правеле многу поколенија на нашите предци. А животот на земјоделецот! Колку многу исцрпувачка работа! Колку, говорејќи со современ јазик, стресови и трауми! Непрестаната закана од глад заради неплодност (во секој случај во руската зона ризичното земјоделие), високата смртност на младенците и децата... Како и да се убедуваш себеси дека тогаш луѓето на смртта на децата гледале поинаку («Бог дал, Бог зел»), сеедно тоа било страдање кое требало да се преживее. За тоа било потребно многу сила.

    А, каква само одговорност лежела на главата на  големото семејство! На современите луѓе тешко им е дури да си претстават какво е тоа огромно оптеретување, бидејќи ние од пелени се учиме поинаку. За нас три деца се веќе многудетност, а пет или шест (тоа е среден број на деца во руските семсјства до револуцијата)-само што не  е знак за симнатост од умот. Особено ако «условите не дозволуваат». Тие пак услови, треба да ни ги создаде државата, од која сме ние вечно незадоволни, затао што таа «не дава». Односно граѓаните  со држававата завземаат однос на пубертетлии кои се борат за своите права но, притоа тежнеејќи да се скријат од обврските. Нема да влегувам во поединости за да не се оддалечам од темата премногу. Ќе кажам само дека таквиот поглед на свет на нашите предци им бил длабоко туѓ. Пред 150-200 години рускиот човек би се изненадил кога би ја слушнал денес модерната реченица: «Јас никому ништо не сум должен». Така што, совршено е очигледно дека бремето на одговорноста можат да ја издржат само јаките луѓе. Што е поголемо бремето, човекот треба да е појак. Значи таа теза за начално ранливата и чувствителна психа на мажот не може да ја издржи критиката. Но, од друга страна, мажите навистина ослабнале што особено го докажува статистиката на гореспоменатите пореметувања.

    За што се работи? Мене ми се чини дека се работи за тоа што мажот, ако може така да се каже, е битие подруштвено (поопштествено) отколку жената. Со векови, дури и со илјадалетија светот на жените се ограничувал во семејниот круг. Тие не учествувале во општествените работи. Секако, имало исклучоци но, тие не го менувале поредкот на нештата. Мажите ги обликувале условите на животот во општеството, создавале општествени  и државни институти, управувале со нив, составувале закони (меѓу нив и оние кои се однесувале на семејството). Веројатно затоа нивната психа посилно реагира на ситуацијата на социјално-културниот слом. Тие побрзо ги усвојуваат новите општествени поставки, појасно чувстуваат на  која страна дува «општествениот ветер», во нив има помалку конзервативизам. Во склад со тоа, ако социјално-културните промени имаат позитивен карактер, момчињата ќе се стремат да се приближат кон позитивниот идеал. А ако во општеството оди пропаганда на дегенеративни вредности и модели на однесување, машкиот дел на општеството пропаѓа повеќе отколку женскиот.

    Само неколку доволно свежи примери. 1990-тите години, кога на власт во Русија беше претседател-алкохоличар и сите знаеја за тоа, пијанството на работа (покрај останатото во многу престижни институции и уреди) стана скоро незаобиколна појава. Би се рекло дека со тоа веќе ништо не можело да се направи. Доаѓаше до тоа да раководителите, кои не смееа да пијат поради здравствената состојба, праќаа наместо себе потчинети да одговараат. Така се случи и со нашиот семеен пријател, кој завземаше многу виско место на службеничките скалила. Кутриот само што не се пропи, беше принуден под закана со развод да го менува работното место.
Но, на власт дојде друг човек и непреченото пијанство на работното место брзо беше прекинато. Притоа за тоа не беа потербни некои посебни укази! Просто меѓу раководителите пијанството одеднаш стана непрестижно, а потчинетите се ориентираат на раководителите. Не говорат без причина дека рибата смрди од главата.
    
    Друг пример. 1990-тите години, кога одозгора беше пуштена максимата «Богатете се!» многу момчиња од претшколска возраст и помала школска возраст, кои ги водеа на советување, мечтаеа да се збогатат. А на прашањето: «Што би сакал да бидеш кога ќе пораснеш?» Заедно одговараа:« Бизнисмен!» Сега мечтата за богатство (во секој случај, меѓу нашите луѓе) е многу малку популарна, а професијата претприемач во списокот на «животни стратегии», скоро и да не постои. Затоа многумина сакаат да станат фудбалери, меѓу нив се и оние, на кои тоа јасно «не им доликува» поради здравјето.
Што се променило? Зар парите ја изгубиле својата важност? Или претприемаштвото станало непотребно?-Не, во општествената свест дошло до промена. Во јавните гласила се повеќе се спомнува темата на неправедно стечено богатство. Зборот «олигарх» точно се поистоветува со ознаката «крадец», а фудбалот  почнаа да го промовираат (пак одозгора). Фудбалските новости се издвојуваат, во многу кафулиња со цел на привлекување, се појави можност да се гледа директен пренос на фудбалските шампионати. Општеството повторно нечујно започна да ја подржува идејата дека фудбалот ја одвлекува младината од штетните навики... Резултатот не задоцни да се покаже.

    Што разговараме за изборот на професија! Дури и желбата да го продолжат својот род кај многу мажи се појавува не на рамниште на инстикт туку под влијание на општествените поставки. Ако биде престижно да се биде татко на големо семејство-тие ќе се стремат кон тоа. Ако пак напротив, потребен ликот на Дон Жуан,  кому од разбирливи причини деца не му се потребни, многу мажи ќе воздивнат со олеснување. Обрнете внимание само колку малку од нив се бунат за грубото кршење на машките права во законодавството по прашањето на абортусот, според кое жената може да изврши абортус без согласност на мажот. А тука станува збор за нивно заедничко дете! Занчи таква сосотојба на нештата мажите ја создаваат.

    Тие воопшто не го сметаат тоа за повреда на своите права, затоа што и во советското, а уште повеќе во пост-советското време многудетноста се разбирала како нешто архаично, што го обременува нормалниот човек со непотребни грижи, му смета да се развива, да живее со интензивен, потполн (сега говорат «квалитетен») живот. Затоа, состојбата кога жената, по закон, фактички сама одлучува колку деца ќе има во семејството, често не известувајќи го мажот за тоа што се случува, на многу мажи не им се чини понижувачка. Иако всушност таа е понижувачка до безумство! Туку обидете се да ја пренесете состојбата на нешто друго, повредно во очите на современото општество. На пример, предложете закон според кој жената ќе има право да располага со станот или куќата, стекната во бракот, не барајќи согласност од сопругот за продажба на недвижнини, дури и не известувајќи го за тоа, а сопругот да биде лишен од тоа право-тоа кај сите мажи ќе предизвика бура негативни чувства.

    Многу гораздо јасно општествената ориентираност на мажот се покажа во тешките години на перестројката и пост-перестројката. Пропадна државата, се распаднаа врските коиго држат општеството: творците на општественото мислење почнаа да го уверуваат народот дека може да се прави сѐ не е забрането со закон. На таков начин, моралот е фактички укинат, затоа што мноштво грди постапки, кои општествениот морал ги осудува, законот не ги забранил. Подлоста не е забранета, блудот и прељубата исто така. Пијанството и нарокомаијата-не се гонат по закон. Луѓето останаа препуштени сами на себе: преживувај како знаеш. Прави што сакаш.Или немој ништо да правиш. Кривичното дело за паразитирање го укинаа, принудното лечење на алкохоличарите и нарокоманите го прогласија за штетно, неефективно,  дека ги нарушува правата на човекот, дури и трезнилиштата ги испозатворија. Државата ја залеаа со ефтина вотка, ја преполнија со наркотици, со порнографија и другите атрибути на западната слобода. Така многу татковци на семејствата не издржаа. Откако дознаа дека над нив нема надзор, тие (а да не говориме за неоженетите момчиња) потонаа во сѐ со сета тежина. Секако не се однесуваше така секој маж но, тоа беше (и остана) доволно масовна појава. Мајките ѝ подлегнаа на соблазната да «земат сѐ што им пружа животот», многу поретко (иако и тоа се случуваше).

    Типична сцена од тоа време: жени продавачки со товарени со роба повисока од нив самите. Што ги тераше да се исцрпуваат, да го губат здравјето, да се изложуваат на разни опасности, лишувања, понижувања? Зошто тие не можеа да одат по нивните мажи и да си заминат од неиздржливо тешката стварност? Бидејќи жестокиот пијалак не се продаваше по полна припадност. Исто така и над нив, како и над мажите надзор немаше никаков.
Што им сметаше, откако ќе ја искористат приликата да не бидат казнети, брзо да се лизнат низ стрмнината? Им сметаше мајчинскиот инститкт. Истиот оној кој ја тера малата беспомошна птичка со своите гради да ги брани пилињата од напаѓачот кој неколку  пати ги надминува нејзините сили и мера. Мајките  ги жалеа децата повеќе од самите себе. И не можеа да си го замислат живот без нив, психолошки не разликувајќи се себеси од детето, и покрај тоа што тоа веќе не било мало но, пораснато. Физички се раздвојувале од нив за време на патувањата за робата, а потоа и на работата на пазарот. Но, сеедно, тие со детето биле една целина, семејство.

    Истиот таков инстикт, не дозволува на поголемиот број на мајки да ги отфрлат децата-инвалиди. Постојат исклучоци, но се уште, не гледајќи на дваесетгодишниот напад на моралот, тоа се  сѐ уште исклучоци. Ситуациите кога таткото го напушта семејството во кое се родиело дете-инвалид е толку раширена што тоа и веќе никого не го зачудува. «Не го издржа притисокот»-обично се говори во таквите случаи. Израз во духот на сега модерната толерантност: како објаснувањето истворемено да е и оправдување. Што-велат, да се бара од него. Па мажите се чувствителни, ранливи, на сите им е тоа познато...

    Сето ова го пишувам не за да ги навредам мажите и да ги пофалам жените.Тука не се работи за разјаснувањето «кој е подобар»? Ниту за префрлувањето на кривицата на спротивниот пол. Туку затоа што без отфрлувањето на митовите кои ја искривуваат стварноста, нема да сфатиме како да се избавиме од нив. Поаѓајќи од лажи основи, нема да дојдеш до правилни заклучоци. Ниту до целта нема да дојдеш, ако скиташ во маглата на некоја друга страна. Нашата цел, поради која го наведовме сиот претходен разговор, се состои во тоа да сфатиме како во современите услови да ги воспитуваме момчињата. Што да се прави? Од каде да се почне?

    Ќе се сложите, постои огромна разлика помеѓу претставата за мажите како начално чувствителни, ранливи ствренија и тврдењето дека машката природа сама по себе не е таква, туку несогласувањето на таа природа со особеностите на т.н. постиндустриско, постмодерно опшетство го предизвикува очигледно слабеењето на мажите. Во првиот случај, чувствителните створенија треба да се негуваат, да се лулаат, ако го јакнете, тоа треба да биде многу внимателно, инаку нежната билка нема да издржи и ќе загине. Во вториот случај притисокот треба да се врши на промените на условите, преусмерувањето на микро и макро опкружувањето. Односно, на тоа, од животот на детето да се отклонат сите фактори кои му го попречуваат нормалниот развој на неговото машко начело.
    
Секако, сега тоа е потешко да се направи. Поелсно е да се негува, лула и ништо да не се бара. Но, ние немаме друг излез, ако сакаме да преживееме елементарно. Футуролошките размислувања за некое постчовештво во кое сѐ ќе биде поинаку, се бесрамен блеф.
Во крајна мера, во нашта земја, на која толку векови по ред ѝ отвораа челуст сите кои не ги мрзеше, додатното слабеење на машкото начело носи со себе е само губиток на животното пространство туку и  на самиот живот. Наивно е да се мисли дека народот на «излишната држава»-така без стегање ја нарекуваа Русија 1990-тите години западните политичари-нема да биде излишен на гозбата на победниците.


ШТО ПРЕЧИ ЗА ВОСТАНОВУВАЊЕ НА МАШКОТО НАЧЕЛО


    Што конкретно пречи во современото општество на востановување на машкото начело? Мене ми се чини дека тоа пред сè е усмерувањето на хедонизам. Основното усмерување на потрошувачкото општество. Ако општеството има потреба од «идеален потрошувач», ако жедта за наслада е во главата на аголот, тогаш во склад со тоа, во човекот со бујни бои расцветува егоизмот, индивидуализмот и инфантилизмот. Тој не расне, не се развива како личност. Се менуваат објектите на желбите: наместо детски играчки се појавуваат играчки за возрасни. Но, суштината останува иста. Човекот не управува со своите желби туку тие го потопуваат, претплавуваат и го влечат по себе како во  надодјден поток мало, лесно гранче. А кога човекот неможе да се спротистави на своите страсти, за каква снага на вољата ние тука говориме?

    Не е тешко да се забележи дека сето тоа помага на успехот на противникот во инфомациско-психолошката борба, чија цел е да се ослабат можните заштитници на Татковината (т.е.мажите). Така да, ако тоа го погледнеме од точка на гледиште на современото «проблематично дете»,ќе видиме дека таа цел е постигната во значајна мера. Потпирајќи се на сопствените увиди, а исто така и на жалбите на родителите и педагозите, кои еднодушно сведочат дека тешки деца (првенствено момчиња) последните години има се повеќе и повеќе, овде наведуваме портрет на такво дете.

    Тој лесно се возбудува, лошо го концентрира вниманието, брзо се уморува, површен е, често нема изразени творечки, сознателни интереси, додека се стреми кон разоноди, лесно се подава на лошо влијание, не знае да ги претпостави последиците (прво работи, а потоа размислува), недисциплиниран е. Истовремено е амбициозен, конкурентен, има зголемени барања, претензии за водство при отсуство на потенцијал за така сложена задача. Тој е често вознемирен, дури и кукавица но, сеедно се труди да го замаскира својот кукавичлак така што се фали со храброст. Чувствувајќи се себеси неказнет, такво дете пројавува демонстративност и самоволие. Тој е емотивно неразвиен, не е способен за длабоки чувства, се однесува кон околината, па дури и кон блиските луѓе потрошувачки, како со објекти за манипулирање, не го допираат страдањата на другите луѓе, во случај кога има некоја корист за себе, лесно може да излаже, им се качувана луѓето на глава, не ги признава своите грешки, не доживува вистинско покајание (бессовесен е). Токму такви луѓе влегуваат во група на ризик за алкохолизам и наркоманија, кои се само многу дејствителини начини на уништување на жителството во фазата на «ладна војна».

    При премин вистински боеви дејства, војската која се состои од мажи со сличен профил на однесување, нема шанси за победа. Дел од нив брзо ќе ги убијат, а останатиот дел ќе се разбега или ќе прејде на противничката страна.
Совршено е очигледно дека културно-историски, не само во нашата земја, туку и во останантиот свет, таков тип на маж бил знак на изродување (дегенерација),  доколку не одговарал на основните задачи на појакиот пол: да се биде заштитиник, изградувач, хранител, глава на семејството и родот, потпора на општеството и државата. Создавањето на услови при кои се развиваат сите наведени особини на штета на позитините, неизбежно води кон тоа машката психа да се изопачи, духот и телото да ослабнат, животот да се скрати. Тоа е впрограмирано.

    Постои уште еден важен фактор. Современото потрошувачко општество се стреми да ја извлече од животот на човекот сета виша смисла. Суштината е во потрошувачката и насладувањето. Што уште да се прави? Што поприземен си, попримитивен, тоа си «пожежок». Да се измева сѐ што човекот го чини човек. Средствата за јавно информирање и другите на канали на влијание на општественото мислење вложуваат титански напори за да ги разводнат, а во иднина  и потполно да ги испразнат традиционалните сфаќања за долг и чест, родољубие, љубов и верност. Во Бог, современиот либерал, кој дава тон во постројката на «отвореното глобално општество», секако, не верува. А ако верува, во таков кому одговара Содом во сите негови пројави (т.е. не во Бог, туку во ѓавол). Но, меѓу простите  луѓе, кои особено отворените идеологии и не ги нарекуваат луѓе туку «биомаса», упорно се пропагира атеизам: разговорите за спасението на душата се смешни, тоа е завчерашен ден, фанатизам, мракобесие, и потвторно, во перспектива, религиозен екстремизам.

    Во нашата земја, која веќе во 20-от век преживеала период на воинствен атезиам, притоа не во ладна туку во горешта фаза, со уништување на храмови и убиство на милиони православни христијани, делата стојат малку поинаку. Тука се борат две струи кои се исклучуваат една со друга. Од една страна се повеќе луѓе приоѓаат кон Христос. Од друга, либералите ги зајакнуваат нападите на Црквата, трудејќи се да ја ослабнат, како однадвор така и одвнатре. Исходот на борбата ќе зависи од тоа, дали Русија ќе најде снаги да задобие суверенитет и тргне по сопствениот пат на развојот, раѓајќи христијански вредности и одлучно отфрлајќи сѐ што сака да ги раслаби и уништи. Но, сам  по себе суверенитетот (самовластието) нема да ни падне на глава. Дали ќе го стекнеме или не, зависи од секој од нас. Меѓу другото, и од тоа како луѓето ќе ги воспитуваат своите деца.


НА ШТО ДА СЕ ИСТРАЈУВА ПРИ ВОСПИТАНИЕТО НА МОМЧЕТО

    Едно од најважните својства, соединети со полот (оние без кои мажот тешко можеш да го нарeчеш маж) е храброста. Развивањето на таа особина на најактивен начин се поттикнувала кај сите народи во сите времиња. Денес со тоа имаме проблем. Многу семејства (не само половичните, туку и оние кај што има татко) страдаат од претерана грижа. А уште и средствата за јавно информирање го зголемуваат стравот. Јувеналците (работници на социјална заштита на децата-заб. на прев.) кои примаат пари од западните фондови, се повикуваат да се забрани оставањето на деца до 14 години, без надзор. Веќе имаше доста случаи кога гребнатинката или модринката, кои воспитувачката ќе ги примети кај детето, а уште повеќе обраќањето  во ургентен центар, со сомнеж на потрес на мозокот или скршеница на коска!,-се претвораа во тежок доказ за «грубо постапување дома». Така мајката морала да се оправдува пред полицаецот, докажувајќи дека таа не е чудовиште кое му посакува на детето зло. Доколку таа пракса се вкорени и родителите, не без причина плашејќи се од непријатности, почнат да се тресат над децата уште повеќе, штитејќи го секој нивни чекор-на воспитание на храброста може конечно да се заборави. Тоа не смее да се дозволи.

    Се разбира, воспитувањето на храброста се извршува имајќи го предвид карактерот на детето, не пренаглувајќи во рана возраст, за да се избегне невротизацијата. Но, да се поттикнува таа особина кај момчињата е совршено неопходно. Додека денес не многу ретко се случува ни самите родители да не сфаќаат колку е важно тоа. Нив повеќе ги интересира развојот на интелектот, истрајноста, работливоста, творечките способности-сето тоа што е неоходно за добро учење и понатамошно усмерување на високо платена работа во некоја институција и слично на тоа. Но, прво, далеку е од фактот дека животот во удобност ќе продолжи во  недоглед. Колку и да сакаме, највероатно, тивкиот и мирен живот нема да мине без искушенија. Второ, и во сегашниот, доволно спокоен живот, луѓето не се осигурани од непријатности од различен вид, од  типот: напад од хулиган. И трето, (а всушност прво) ако храброста е едно од најважните машки особини, на неа, како на основа, во значајна мера се заснова машката личност. Расудете сами.

    Храбар човек-тоа е човек мажествен (зборот сам за себе говори!). А мажественоста подразбира  и постојаност и издржливост и «смелост момчешка» и тежнеење да се надминуваат тешкотиите. Се разбира и снагата на вољата без која неможе да се искова машкиот карактер. Животот во современиот град суштински го ограничува развојот на сите овие особини. Не е случајно што толку момчиња се «навлекуваат» на компјутерски игри. Не се работи само за тоа што тоа е «мода» и «начин на однесување» во детско-момчешката возраст. Многу поважен е фактот што компјутерските игри даваат можност на момчето да излезе од стварноста и да се претвори во вистински маж, не развивајќи во себе машки особини туку заменувајќи го со привидот на играта. Во животот треба да се оди во сала за вежби, секој ден да се вежба гимнастика, вежби, кои не ти се задолжително лесни, да се трпат критиките на тренерот и ударите по самољубието, кога некој друг е подобар. А тука-се затворил во соба, седнал што поудобно, влучил «комп» кликнал неколку пати со «глувчето»- и ти си херој, добиваш сила, моќ.... Ефтино и гневно! Не случајно слабоволните немажествени момчиња (иако, можеби го криајт својот кукавичлак) така често стануваат зависници од компјутер.

    Храброто момче, со јака воља, нема да го губи своето време на таа бесмислица. Тој, секако, може да заигра но, нему му е многу поинтересно да се бави со некоја активна делатност, творештво, да осознае нешто ново, да тргне во поход со кану, да се качи на гора и да се бори со некој, не на екран туку на ринг... Тешкотиите, невољите, него само го поттикнуваат. Тој не се бои од животот, не бега од него како полжав во мијалник, нема хистерични реакции, така карактерстични за залудените со компјутерски игри, не глуми обидувајќи се го сокрие кукавичлукот и слабоволноста со лажно расфрлање и самозадоволство. Со други зборови, нормално момче, не се однесува како нежна, разгалена, свилена госпоѓица, коа од несфатливи причини, сака да ја превеме улогата на заповедник во семејството.
 
    Други, не помалку важни, машки особини се благородството и великодушноста. Тие не дозволуваат на животинската свирепост и суровост да надвладеат, не дозволуваат да се подсмева на слабите, ставаат забрана на плиткоста и цинизмот. Современата масована култура се труди да ги фрли тие највредни машки особини во ѓубре. Засилено се рекламира извештаченото, хистерично «она», кое се украсува со ланчиња и обетки, кое ја негува кожата на лицето по сите правила на козметологијата на XXI век и кое не е срами да прошета, се уште навистина на подиум, а не на улица, во здолниште. За оние кои сепак не сакаат да бидат   женскасти, се предлага друга можност: тупав, груб дечко, кој одвнатре и однадвор малку по што се разликува од орангутан. Нема да се вдлабочувам во таа тема но, колку што можам да видам по оценките на стручњаците, тоа се двата пола на «културата на Содом». Ниту едното, ниту другото немаат врска со вистинската машкост.

    Размислувајќи за разликите помеѓу момчињата и девојчињата, психолозите приметуваат дека момчињата имаат развиено «чувство за стадо», волно ја признаваат општествената хиерархија. Тие се натпреварувачи, со борат за водство. Девојчињата се почувствителни по прашањето на меѓучовечките односи. Нивното општење е поповерливо, секоја обично има своја другарка, со која ги дели тајните. Секако и меѓу девојчињата постојат послаби и појаки личности но, тежнеењето да станат «водач на стадото», не им е својствено како правилно. Впрочем тоа е и потполно разбирливо. Предназначувањето на жената е да биде жена и мајка, да дарува на ближните љубов и нежност. На мажот пак, од Бог му е назначена улогата на началник раководител. Некому мала, некому голема, тоа зависи од можностите и од тоа како тие можности ќе успеат да се остварат, како ќе се устрои животот.

    Но, не смее да се губи од вид кај воспитувањето на момчињата таа најважна улога. Инаку обликувањето на машкиот карактер ќе биде изобличено. Оние кои се послаби ќе бидат скршени, ќе станат пасивини и малодушни. Појаките природи ќе почнат да упорстуваат, да се бунат. Се разбира, родителите не треба да дозволат на синот да им наредува (денес неретко се сретнува тоа, затоа што на родителите им е полесно да се повлечат одошто да ги трпат скандалите на својот потомок). Но, бидејќи момчињата се многу чувствтелни на сочувување на хиерархијата, тие ќе престанат да ги почитуваат возрасните кои ќе им дозволат да им седнат на вратот. Исто така, брзо испаѓаат од контрола, се разгалуваат, не се учат на дисциплина, на работа и одговорност.

    Без развојот на горенаведените особини: храборост, постојаност, издржливост, снага на вољата, иницијативност и самосталност, великодушност и благородство, не е возможно да се биде нормален раководител. Ниту во семејството, ниту во општеството, ниту во државата. Доколку пак, не го исполнува своето основно предназначување, мажот нема да се чувствува среќен и ќе се обидува да се утеши со замени и неретко на крајот затупува, залудно трошејќи ги своите најдобри години. Родителите на момчето, отпочеток треба да постават пред себе исправна цел. Но, за тоа многумина ќе се сетат премногу доцна, кога веќе и на слепиот му е јасно дека момчето не е подготвено за улога на маж. Што тогаш да се прави со тоа, е големо прашање.
(крај на првиот дел)

Татјана Шишова, Член на Сојузот на писателите на Русија, мајка на три деца



Извадок од «Родителскиот прирачник»-издание на Православана породица-Београд 2014 лето Господово
http://православнајапородица.срб


подготви: М.Б.

 

30 -ти март 2018 лето Господово

Друго:

 

Воспитание на девојче-Татјана Шишова

ПОЛЕЗНА ЛИ Е ПОФАЛБАТА ЗА ДЕЦАТА? (10.07.2015)

Архимандрит Андреј Конанос: БАРАЈТЕ ГО БОГ ВО СЕ ШТО ПРАВИТЕ(2)

С. Магдалена- ЗА ДУХОВНИЦИТЕ И ИСПОВЕСТА

КОГА ПРАВИШ ДОБРО, ПРАВИ ГО НА ДОБАР НАЧИН

Протопрезвитер Николај Лудовикос - Со силата низ која Тој може да покорува на Себеси сè

Харалампиј Пападопулос: Во Црквата бериќетен е оној кој загубил (23.06.2017)

Maja-Beleva-4-casot.jpg

  Маја Белева - Четири часот попладне ...

Дивокози во кланецот-Мирсини Вигипулу

 Весна Никчевиќ- Повест за Раѓањето Христово

  Мирисини Вигипулу- ЕДЕН МАЛ ЖИТЕЛ НА ГРАДОТ

Ефрем Дикеј на скитот свети Андреј: БОРБАТА СО ПОМИСЛИТЕ (21.01.2016)

Протопрезвитер Николај Лудовикос - Со силата низ која Тој може да покорува на Себеси сè

 p.p

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная