логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


o.partenij8.jpg

1. Отец Партениј , што според вас претставува наркоманијата?

o.partenij14.jpg

Наркоманијата не е едноставно само соматска болест. Таа е воедно болест и на душата и на духот. Во духовна димензија, односно дефинирана од аспект на духовната состојба на човекот, наркоманијата пред сè е она особено тешко страдање на душата кое го именуваме како страст. Со други зборови речено, тоа е уште едно од многуте искушенија во човечкиот род, порок што расте врз темелите на бездуховноста, или попрецизно, врз желба да се најде мир без духовен напор. Но тоа е и проблем кој повлекува зависност, која е и психичка и физичка, при што се доаѓа до целосно заробување на личноста. Слободно би рекол дека наркоманијата не е толку физиолошко и психичко ропство, колку што е сатанско - доведува до демонизираност на личноста.
 Она што не смее да се занемари е фактот дека наркоманијата станува начин на живот, бидејќи ако не е така, не ќе сме во можност да пружиме помош, нема да можеме правилно да пристапиме кон лекување на болниот, а со самото тоа нема ни да постигнеме резултати.

2. Кои се причините поради кои некое лице употребува дроги?

  Со раѓањето на хуманизмот како филозофско гледиште, кое го постави човекот во средиштето на просторот, човекот беше издигнат до идеализирана величина. Развивањето на оваа филозофија и нејзиниот  замав на запад, доведе до истиснување на Бога и длабоко втемелување на атеизмот во христијанските општества. Се отиде до таму што науката и филозофијата одеднаш го сведоа човекот на една машина, со што идејата за личната слобода беше лишена од својата смисла.
 Гледајќи ретроспективно, човекот се развенча со откровението Божјо и обидувајќи се да се претвори во нешто индивидуално и независно, го следеше патот трасиран од неговиот горд хуманизам, при што дојде до сознанието дека не е ништо повеќе од случаен збир на молекули - вистинска спротивност на она што хуманистички го замислуваше.
 Ако е тоа вистина, тогаш филозофите, како на пример французинот Сартр, имаат право кога велат дека животот е апсурд, бидејки кога го нема Апсолутот, ако го нема универзалното, тогаш ништо нема вистинска смисла. Многу православни теолози ваквото општество, именувано денес како постхристијанско, кое се изгради на темелите на хуманизмот и се претвори во паганско и атеистичко, го нарекуваат - филозофија на очајот.
 Враќајќи се на прашањето за причините за оваа духовна и демонска епидемија, ќе подвлечам дека тие лежат токму во светогледот на младите луѓе. Тие, барајќи излез од бесмисленоста што им ја нуди современиот светоглед, т.е атеистичкиот, за кој денес сме сведоци дека се бори против сите морални христијански вредности, посегнуваат по наркотиците. На таков начин тие бегаат од суровата реалност преминувајќи во еден фантазерски, имагинарен свет и со тоа стануваат синови на таткото на лагата и фантазијата - ѓаволот.

3. Ако направите градација, редослед, според тежината на различните страсти, каде би ја сместиле наркоманијата?

Според учењето на Православната Црква, најтешката состојба во која би можел да се доведе човекот поради неговото богоотстапништво е демоноопседнатоста. Во тој поглед, наркоманијата ги надминува и станува мајка на сите страсти и поради тоа би ја споредил токму со демоноопседнатоста. Секако дека поимот наркоманија е релативно нов и како таков го нема кај светите отци, но тој нераскинливо и генетски е поврзан со поимот пијанство (страста кон пиење вино). А размислувања и идеи во однос на таа страст можеме да најдеме во многу книги и проповеди на светите отци. Во тој контекст би истакнал еден пример од светите отци, поточно расудувањето на преподобниот Нил Синајски кој за состојбата на пијанство говори вака:
 "Кога демоните ќе завладеат со душата, со неа се однесуваат толку гнасно и уништувачки, што во неа предизвикуваат наплив за нејзино посрамување и погубување. Соблекувајќи ја од неа сета облека на добродетелта и облекувајќи ја во парталите на порочните страсти... и полнејќи ја со секаква нечистота, што им е подобна, ја наведуваат на самофалење $ нанесуваат крајно исмејување. Демоните не знаат за наситка од тоа гнасно и валкано однесување со човечката душа. Затоа и оној што е роб на алкохолот, колку повеќе пие, толку повеќе се разгорува за пиењето. А злите духови настојчиво, силно и свирепо ја напаѓаат душата, со цел уште подлабоко да ја повредат. Тие ја рануваат и победуваат од сите страни и на тој начин во неа го влеваат својот отров. И не се одделуваат од неа сè додека не ја доведат до истата состојба во која се наоѓаат и тие, или додека не видат дека таа веќе се одделила од телото."
 Со ваквата состојба, што ја опишува овој голем светител, може да се спореди секој човек кој употребува наркотици. Овој пример е всушност  светоотечка потврда на претходно посоченото мислење и на ставот на повеќето денешни теолози кои се занимаваат со оваа проблематика.

4. Кој е ставот на Православната Црква во однос на зависниците од дрогата?

Најголемиот проблем на човекот дојде преку гревот на непослушанието, а со тоа настапи и смртта. Но воплотениот Син Божји, земајќи ја на Себе човечката смртна природа, ја исцели и $ подари бесмртност. Така во Христа, човекот е должен не само да прави добри дела и да биде пожртвуван за своите ближни, туку и да се обожи. Со тоа Христос е целта и смислата на секој човек. Црквата Негова пак, е  духовно лечилиште за сите оние кои се облекле во Христа преку крштението и со тоа во себе го носат залогот за бесмртност и вечност.
 Христос дојде на земјата да го спаси токму грешниот човек. Во една прекрасна православна молитва се вели: "Тој не ја сака смртта на грешникот туку да се спаси и да биде жив."
 Значи, Црквата преку нејзините, устроени од Бога, свети тајни е насочена кон целосно исцеление на секој човек кој ќе го прифати таквиот светотаински и богоугоден живот. Секој грев е причина за смрт, а наркоманијата е грев кој ги надминува сите други и поттикнувајќи ги сите други гревови во човекот, забрзано и неосетно го втурнува кон вечната смрт.
 Црквата мора да ги отвори ширум своите врати и да се бори со оваа страшна гревовна епидемија, бидејки таа, како Богочовечки организам, е најголема учителка во борбата против страстите и гревот.

5. Од кои причини човекот станува роб на страстите и кој е мотивот за ослободување од нив?

Оддалечувањето на човекот од Бога доведува до негова духовна сиромаштија, одвраќање од неговата цел за уподобување на Бога и негово претворање во роб на сопствените страсти. Овде како поука би ја поместил параболата на Спасителот за блудниот син. Опишувајќи ја состојбата на човекот - синот, додека бил во заедница со својот татко, Господ ни го претставува него како човек кој живее во изобилие и богатство. Тоа се однесува на имотот подарен од неговиот татко. Светоотечки, имотот ги претставуваат сите оние духовни богатства кои човекот ги поседува како дар Божји, и тоа: верата, надежта, љубовта, просветленоста и  мудроста. Но човекот - синот во параболата, поттикнат од себељубие, смета дека веќе не му е потребно општењето со неговиот татко, го бара наследството што веќе го имал и заминува во далечна и туѓа земја. Таму тој расипнички го троши имотот од својот татко и накрај, лишен од своето богатство, принуден е да стане наемник кај господарот на таа земја. Овде Спасителот јасно ни открива што се случува со човекот кој се оддалечува од Бога. Тој, живеејќи во земјата на гревот, потполно духовно ослабува и осиромашува и таму, во областа на гревот, единственото нешто што му преостанува е да се оддаде и да му служи на поттикнувачот на гревовите и нивниот господар - ѓаволот. И на крајот, оддалечен од својот татко, тој од богат човек станува наемник кој пасе свињи, а тоа симболично се страстите во кои тој бедно се валка.
 Но има надеж - враќање при небесниот Отец, Кој со раширени раце го дочекува грешникот и во Својот дом, Црквата, приготвува изобилна трпеза за својот син.

6. Што всушност претставува духовниот раководител и духовното раководство?

o.partenij7.jpgДуховникот зазема важна улога во црковниот живот уште од апостолско време. Тоа е човек кој по благодатта Божја, остварена во љубовта Христова, пожртвувано се самозаборава себеси и севкупно го предава своето духовно искуство на своите чеда, кои духовно ги раѓа, за што ни зборува и апостолот Павле: " Чеда мои, кои пак со мака ве раѓам, додека не се изобрази во вас Исус Христос..." (Галат. 4, 19).
 Добриот пастир е подготвен да го жртвува и своето спасение за спасението на ближниот. Во неговиот подвиг за раѓање на душите и пламениот стремеж да се роди по Бога нов живот во човекот, слабее или целосно исчезнува интересот за себе и за своите потреби. Тој го дава својот живот за да се роди нов живот. Пролевајки крв од срцето, тој ја сведочи Христовата крв.
 Во тоа сведоштво за жртвата Христова лежи суштината на необичната моќ, која духовникот ја има над душата на ученикот и необичната чудодејствителна сила, со која духовникот ја воскреснува во вечен живот  душата која му е поверена. Тој со невидлива сила ја разрешува од врските на гревот и ја изведува на слобода, пред лицето на живиот Бог.

7. Која е Вашата улога како духовен раководител во лекувањето?

Љубовта, грижата и молитвите на духовникот се насушна потреба за животот на секој православен христијанин. Конкретно, во случаите на зависност од дроги, поточно при работата со апстинентите, љубовта и пожртвуваноста на духовникот се повеќе од потребни. Духовникот прави сè за да ја пронајде "загубената драхма". Да, да ја најде дезориентираната и загубена личност, да ја врати и да ја упати на вистинскиот пат. Во тој поглед и јас, последниот од сите духовници, се трудам според дарот даден од Бога, да им го доближам Христос на сите оние што искрено ќе ми го отворат своето срце.

8. Кој е вашиот метод, пристап, во процесот на лекување на наркоманијата?

Сите методи за лекување се од духовна природа. Тука спаѓаат индивидуални или заеднички разговори на духовникот со зависниците, задолжително присуство на богослужбите, секојдневното слушање на Евангелието и поуките за време на трпезите, или кажано со еден збор целото устројство, богослужбениот ред, трпезите, послушанијата, сè служи како духовен метод за насочување кон еден вистински христијански живот. Токму затоа Бигорскиот манастир е посетуван од многу луѓе од разни профили на општеството. Тие тука се запознаваат со вистинскиот светотаински христијански живот, така што се создава една света христијанска заедница, во рамките на која луѓето и надвор од манастирот црквуваат, взаемно и пожртвувано си помагаат, одејќи по патот на спасението.
 Овде најважно е да се истакне дека вистинското светотаинско живеење во црквата е оној духовен лек кој е најпотребен, насушен за сите луѓе, без разлика дали паднале во искушение со дрога или не.

9. Што претставува послушанието и колку е тоа значајно во процесот на лекувањето?

 o.partenij5.jpgСветите отци послушанието го ставиле над постот и молитвата, затоа што тоа ја одржува заедницата со Бога. Во тесна врска со смирението, послушанието го утврдува во човекот стравот Господен, кој е почеток на спасението. Човекот кој е послушен на својот духовен отец, својот живот го управува според волјата Божја и со сигурни чекори оди по патот на спасението.
 "Дојдете чеда послушајте ме, јас ќе ве научам да се боите од Господа -  се вели во псалмите на цар Давид. Значи, прво  послушанието, а другото ќе го добиеме од Бога на дар.
 Со апстинентите почнуваме најнапред со послушанието. Уште од самиот момент кога ќе влезат во манастирот, тие се среќаваат со еден необичен поредок, типикот на манастирот. Значи, мораат да прават послушание на самиот типик. Послушанија се наречени и сите работни задачи што понатаму ќе ги добиваат. Конкретно, кај нив послушанието ја зајакнува ослабената волја, ги прави исполнителни, при што тие, согледувајќи ја и самите духовната полза од послушанието, почнуваат да ги прават послушанијата со љубов, а не од обврска.

10. Што претставува покајанието и колку е тоа значајно во процесот на лекувањето?

 Поимот покајание се изразува со грчкиот збор "метанија", што во буквална смисла значи - промена на својот ум, на своето мислење, преумување. Со други зборови, покајанието е промена на настроението, менување на човекот, внатре во него самиот. Покајанието е преиспитување на своите гледишта, преобразба на сопствениот живот. Свети Јован Лествичник вели дека тоа е обнова на крштението, очистување на совеста, помирување со Бога преку вршење на добри дела, кои ги заменуваат претходно правените лоши дела - гревовите.
 Без покајание просто е невозможно човек да го исправи својот живот. Така и апстинентите мора да се доведат до состојба на покајание, кое ги просветлува, ги облагородува, им го менува начинот на живот и воопшто, нивниот однос кон сè што ги опкружува. Со покајанието тие веќе светот го гледаат со поинакви очи. По нивното покајание за сите станува очигледна нивната промена. Нивните очи светат од радост, исполнети се со благодат Божја, која им се дава на дар токму заради покајанието. Со покајанието, тие се трудат да го умртват стариот човек, кој се распаѓа во лажни похоти, и да живеат како нови луѓе, обновени од Христос, нашиот Создател.

11. Дали и колку често вршите исповеди и причестувања на зависниците? Какво е нивното значење?

Исповедта е од огромно духовно значење за лекувањето, бидејќи таа во духовна смисла е болница толку делотворна што веднаш го уништува секој отров, ја истребува секоја невидлива болест, ја враќа душата во првобитната состојба и благодат. Таа е болница каде што делуваат натприродни лекови, што ги надминуваат сите дела на природата заедно, бидејќи оправдувањето, кое се дарува на душата на грешникот, е дело неспоредливо поважно дури и од можност Господ да посака да создаде друг, нов свет.
 Епитрахилот што духовникот го носи за време на светата тајна исповед е испружена рака Христова, која го милува грешникот, му простува, го разрешува и воведува во нов живот. Тој е врска помеѓу Бога и човекот, повторно восиновување, враќање на блудниот син во прегратките на Отецот.
 Откако при исповедта ќе се отворат раните на прегрешенијата за да бидат очистени, на светата Евхаристија се дава лекот - причеста, која доведува до целосно соединување на човекот со Бога. Таму, на светата Евхаристија, Лебот небесен, 'Кој се разделува и никогаш не е разделен", кој Е постојано јаден и секогаш Го има, ги осветува тие што се причестуваат.
 Токму затоа во манастирот е застапено честото исповедање и причестување. Тоа е нешто што ја обновува и собира црквата. Истото го практикуваме и кај апстинентите. Без честа и искрена исповед и причест не може да има духовен напредок и вистински православен живот. 

12. Каква е улогата на Литургијата во лекувањето на зависниците?

 Преку воплотувањето и жртвата Христова на крстот, конечно е излекувана човечката природа. Литургијата, благодатно содржејќи ги во себе тајната на воплотувањето, крсната жртва и Воскресението, реално го оприсутнува во овоземниот живот Царството Божјо, овозможувајќи ни наполно соединување со Христа, преку Неговото тело и крв, кое реално ни се дава на Светата Евхаристија. Литургијата ја сочинува сржта на нашиот живот и на самосознанието. Таа го одржува единството на личноста на секој поединец и единството на целата наша литургиска заедница.
 Божествената Литургија не е собир на луѓе соединети околу некој тесен интерес, сфаќање или мисија. За нас луѓето Литургијата е слобода со која Христос нè ослободи. Во Светата литургија учиме да живееме, сами себе да се принесуваме. Учествувајќи во неа се учиме да љубиме. Тука се раѓа вистински слободен живот, иден живот, кој веќе ни е даден.
 Чувствувајќи ја и живеејќи ја на овој начин Литургијата, христијанинот тргнал по патот кон обожувањето, и кога, во случајов апстинентот, ќе почне вака литургиски да живее, тој е наполно излекуван.

13. Дали користите посебни или можеби некои лични молитви за лекување/исцелување на зависникот? Што всушност претставува молитвата?

Самиот манастир е создаден за молитва. И животот во него треба да биде молитва, така што сè во него постои и се движи за молитвата и Литургијата. Тој е вистинско училиште за молитва. Светите отци велат дека ако монахот се моли само кога е во црква, тој воопшто не се моли. Апостол Павле кажал: "Молете се непрестајно". Овие зборови се упатени кон сите христијани воопшто.
 Во духот на оваа непрестајна молитва, ние ја практикуваме кратката, но многу значајна исихастичка молитва: Господи Исусе Христе помилуј ме мене грешниот... На неа ги учиме и оние што бараат помош од нас. Мислам дека тоа е молитвата која најмногу им помага. Апстинентите ја практикуваат во текот на нивното лекување, а понатаму, во текот на нивниот живот, таа им станува насушна потреба.
 Молитвата е разговор на човечката душа со Бога. Вистинската молитва е целосно соединување со Бога, средба со љубениот Господ, длабоко внатре во човечкото срце.

14. Дали зависниците Ви кажале дека користат некои свои, посебни молитви? Според нивните кажувања, колку им е тоа од полза?

Децата што доаѓаа да се лекуваат во манастирот верувале во Бога, но на некој нивни начин, не знаејќи ништо за молитвата и за православниот светотаински живот, иако на прашањата на која вероисповед припаѓаат, тие цврсто одговараа - православна. А што значи тоа? Тие , всушност, на православие се научија во манастирот. Никој од нив не знаел де се послужи со некоја православна молитва, но можеме да кажеме дека молитва е и крикот на нивната душа за помош од Бога. Обично тоа било нивната молитва, искажана со сопствени и едноставни зборови. И секако, Господ ги услишал таквиот молитвен крик и таквата вера, и ги упатил на прав пат.

15. Дали им е тешко на зависниците да присуствуваат на Литургиите, на утринските и вечерните служби, повечеријата?

 На почетокот, кога с¢ уште се непокајани и се во незнаење, тие не  ги чувствуваат службите и за нив тие претставуваат тешкотија. Но откако ќе ја почувствуваат благодатната сила на богослужбата, со еден збор речено, на молитвата, тие со радост доаѓаат на заедничките молитви, учествуваат во нив, а оние што имаат слух и глас го изучуваат и црковното пеење.

16. Што се тоа духовни добродетели и како Вие ги стимулиравте нив кај зависниците?

o.partenij12.jpgДобрите дела или христијанската добродетел е плод што се раѓа од верата, како од доброродно дрво, оти Спасителот вели: "По нивните плодови ќе ги познаете" (Мат. 7,16). И на друго место вели: "По тоа ќе ве познаат дека сте мои ученици: ако имате љубов помеѓу себе" (Јов. 13,35). А во првото Јованово послание се вели: "По тоа познаваме дека сме го познале, кога ги пазиме Неговите заповеди"(И Јов. 2,3).
 Значи, за да може секој полесно да разбере што се духовни добродетели, ќе кажам дека добрите дела или добродетелите се исполнување на Божјите заповеди, кои човек доброволно ги пази со Божја помош, при содејство на својот разум и волја, од љубов кон Бога и ближниот. Најосновните, без кои никој не би можел да се спаси, се верата надежта и љубовта. Нив ги набројува и апостолот Павле кога вели: "А сега остануваат овие три работи: верата надежта и љубовта. Најголема од нив е љубовта."
 Верата е зракот, надежта светлина, а љубовта сончевиот круг. Сите заедно сочинуваат еден блесок, еден сјај. Апостол Павле вели дека најголема од трите добродетели е љубовта, затоа што таа е уподобување на Бога, до степен достапен за луѓето. Светите отци велат дека љубовта е извор на вера, бездна на долготрпение, море на смирение. Таа е извор на благодатен оган - колку повеќе пламти, толку повеќе ја распалува жедта на жедниот. Љубовта е живот на ангелите.
 Од овие три добродетели понатаму се раѓаат сите преостанати, кои би требало да ја украсуваат секоја христијанска душа. Тоа се молитвата, постот, милосрдноста, а од нив понатаму: мудроста, справедливоста, храброста, воздржливоста и др.
 Нашето братство, трудејќи се да живее според вечните евангелски вредности и поттикнато од христијанските добродетели за постојана служба на ближниот, е стимул и пример за сите оние што доаѓаат во манастирот.

17. Кои се предусловите зависникот да биде примен на лекување во  манастирот?

Од особена важност за зависникот е неговата подготвеност и доброволна одлука да биде лекуван во нашиот манастир. Тоа е првиот услов. За таа цел, пред неговото доаѓање, остваруваме неколку телефонски разговори, во кои му укажуваме на манастирскиот ред и условите за живеење во манастирот. Второ, доколку е на метадонска терапија, слегување на минимум во дозирањето со неа и целосно откажување од неа, ако е тоа можно, уште пред неговото доаѓање во манастирот. Ако не е можно, откажување од истата во рок од една седмица по доаѓањето. Доколку не е на таква терапија, пристапуваме веднаш кон апстиненција, тука ќе се изразам со нивниот жаргон "на суво", секако со примање на лекарства, како на пр. дијазепам, тродон, кои ги даваме во консултација со медицински лица, и тоа во зависност од апстиненцијалните кризи.

18. Дали треба да биде верник?

Бидејќи се работи за манастир, уште со првите контакти тие изјавуваат дека се верници. Но имајки предвид дека во Македонија сознанијата за верата се многу сиромашни, дека веронауката е сведена на минимум и се извршува само во неколку храмови, а не се практикува во повеќето од семејствата, младите луѓе немаат можност да се запознаат со верата, ни со Бог  како Личност. Па така, за еден млад човек, кој подлегнал на искушението со наркотиците, не може да се каже дека е вистински верник, туку неговата вера е нешто неодредено и релативно. Бидејќи човекот кој го запознал Бога и Го живее светотаински во Црквата никогаш не би останал во ваква страст. Верник, во вистинска смисла на зборот, ќе стане по успешното лекување и излегување од манастирот.

19. Доколку станува збор за атеист или за лице од друга вероисповед, дали и тогаш ќе го примите за лекување, ако имало такви случаи дали сте ги лекувале во вашиот манастир? Дали можеби е потребно негово преобреќање?

Христос рече: "Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал; и ете Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот. Амин! " (Мат. 28, 19-20).
 Со тоа Црквата стана мајка, која со раширени раце ги прима сите што ќе побараат помош од неа, бидејќи нејзината цел е да ги просвети сите народи.
 Секој што ќе ги прифати предусловите за живеење во манастирската заедница, ќе има понатаму можност да се запознае со Божјото откровение и целиот Негов домострој за спасение на светот и на крајот, по слободна волја, да го избере својот пат.

(продолжува)

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная