На 11-12-2005г, на денот на Светите Петнаесет Тивериополски маченици, соборниот храм "Свети Климент Охридски" во Скопје стана место на свет собор на православните христијански верници собрани по милоста и промислата Господова од цела Македонија. Овој богоуден собир се случи по благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан, а започна со боженствената архиерејски Литургија на која чиноначалствуваше Неговото всокопреосвештенство, митрополитот г. Агатангел. Тој за време на проповедта, пред примањето на светата тајна причес, проповедаше пред мноштвото народ за значењето на љубовта кон Бога и кон ближниот, за силата на молитвата, но и за силата на соборната заедничка молитва од која се зацврстнува црковното и националното единство на МПЦ и македонскиот народ. По тоа, верниците кои претходно се беа подготвиле преку постот и исповедта да ја примат светата причес, се соединија со Телото и Крвта Господови, покажувајки дека колку повеќе се во единство со Бога Создателот, толку се поблиски и со браќата и сестрите од целата библиска земја- Македонија. Семакедонската православна духовна средба продолжи со предавањето на протојерејот Драги Костадиновски кој зборувасе пред верниците на темата" Светиот Дух во животот на современите христијани". Костадиновски мегу другото рече дека Светиот Дух е испратен во Црквата за да не поучи и упати на секоја Божја вистина, дека Тој е нашиот Утешител преку Кој се случува секое добро дело, молитва, воздишка... Потоа во духот на првобитната црковна заедница започна т.н. Трпеза на љубовта која за момент не пренесе во настаните опишани во новозаветната книга "Дела на светите Апостоли" и каде се сведочи дека христијаните делеле се што имааат помеѓу себе. Пред се својата, љубов, но и храната, материјаните добра итн. Така повторно се остварија литургиските зборови дека на Бога му го принесуваме Неговото, за сите и за се што прави за нас и нашите ближни. Верните покрај духовната радост, молитвената атмосфера и прекрасната проповед на владиката, со себе имаа прилика да понесат и ЦД збогатено со црковни текстови и црковна музика кое организаторите (вероучителите и верниците од скопкста епархија) го подговија како печат на оваа средба која по Божјото благоволение и ветувањето на г. Агатангел, ќе премине во традиција, во празник кои ќе продолжи во царството Божјо. |
Александар Ивановски
Посети: {moshits}