логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

МОНАХ МАКАРИЈ, НОВИОТ ХРИСТОВ СТРАДАЛНИК

Господ ги повикува оние најдобрите кај Себе, а оние кои Тој ги украсува со маченички венци, често, со подбуцнување од ѓаволот, опаѓаат и за време на животот и после смртта. Една работа е судот човечки, а друга судот Божји.
Смртта на монахот Макариј, жителот на Курско-Корениот манастир посветен на Рождеството на Пресвета Богородица, кој се наоѓа на 30 км северно од Курск, стана камен на сопнување, не само за оние кои се „надвор", туку и за многу православни кои го познаваат. Неодамна, во обителта почина старецот јеросхимонах Јован (Бузов). Сега дојде времето да се раскаже и за неговиот духовен син, маченикот за Христа, монахот Макариј, кој замина во вечноста пред својот духовен отец.
Неговото световно име е Анатолиј Јосифович Мјакота. Анатолиј се родил на 24 јануари 1955 година. Цели 20 години ги поминал во затвор - по занимање бил крадец. Но, со жива душа. Дури и се молел кога крадел. Еднаш во една вообичаена кражба на стан, ги слушнал чекорите на службениците на полицијата, кои се качувале по скалите кон станот, и сфатил дека овој пат нема да им избега. Со уште една трошка надеж се помолил, ветувајќи му на Бога: „Ако по некое чудо не ме одведат, ќе престанам да крадам." Кога полицијата влегла во станот, тој се сокрил зад влезната врата која полицијата ја отворила, дочекал погоден момент, се спуштил по скалите и избегал, и никој не го забележал – како на филм. Меѓутоа, се покажало дека не е толку лесно да се исполни тоа што го ветил на Бога. Кариерата на крадец продолжила...
Наскоро Анатолиј бил осуден на долга затворска казна. Тамошните „авторитети" го прифатиле, и пред крајот на казната тој се подготвувал да стане еден од нив. Во тоа вре-ме до селото Кошиново во Курската област, каде Анатолиј ја отслужувал казната, дошла и перестројката, кај затворениците дошле свештеници.
Средбата со архиепископот Курски и Белгородски (сега митрополит Курски и Рилски) Јувеналиј со затворениците на Кошиновскиот затвор, течела без претходно подготвено сценарио. Авторот на овој текст многупати имал прилика заедно со владиката Јувеналиј да посетува „места не толку далеку" и да гледа како архиерејот не само што им го привлекува вниманието, туку и ги поттикнува на длабоко размислување: „да се влезе во себе си", како што самиот тој кажува. Така било и овој пат. Потресени од зборовите на архипастирот, затворениците останале без зборови - во салата молк, на лицата зачуденост. Монахот Макариј подоцна им раскажувал на своите пријатели како во таа тишина можеби за прв пат го почувствувал струењето на Божјата Благодат.
Најверојатно не бил единствен. Тогаш некој од затворениците му се обратил на архиерејот со неочекувано прашање: „Владико, кажете ни дали е точно дека секоја власт е од Бога?" Архиепископот не ја почувствувал замката, и смирено одговорил: „Да, така е..." Одненадеж во тивката сала одекнала громогласна смеа. Затворениците никогаш и од никого не би прифатиле дека власта која ги „ставила под клуч" - е од Бога, а секој кој тврдел такво нешто според нивното сфаќање, се припоју-вал со таа власт. Впечатокот од таа средба повеќе не бил ист. Но, Анатолиј не се смеел, ја разбрал смислата на ѓаволскиот предизвик, а благата вест за Царството Небесно во душата, не му потемнела од сатанското шегување.


Анатолиј почнал да се моли. Во затворот повеќепати се причестувал со светите Хри-стови Тајни. Кога свештеникот на Курско-Белогородската епархија, протојерејот Михаил Гојенко (сега веќе покоен), влегол во неговата затворска ќелија со Светите Дарови, Анатолиј се молел во аголот. Пред него немало икони, тој си ги замислувал. Свештеникот морал да го вразуми почетникот, да го одврати од тоа за да не падне во прелест. Полетот на душата на Анатолиј кон Христа бил искрен и длабок. Сфатил дека целиот негов изминат животен пат - целиот, од почеток до крај - е тешка и кобна грешка, и дека враќањето е невозможно. Но, како сега да ја поправи таа грешка? Последните месеци во затворот ги поминал барајќи одговор на тоа мачно прашање.
Во првиот ден на слобода, Анатолиј дошол во храмот кај отец Михаил, а протојерејот со своето богато искуство, не размислувал долго, туку со својот автомобил го однел во Курско-Корената обител, посветена на Рождеството на Пресвета Богородица, заедно со мачорот кој Анатолиј го чувал и во затворот. Во манастирот Анатолиј наскоро станал монах Макариј. Во пустината на Пресвета Богородица ги поминал последните години од својот живот на земјата.


Скоро по доаѓањето во Корената обител, Макариј имал видение во сон: во ќелијата во која бил заедно со другите затвореници, влегува стражарот и чита долг список на осудени на смрт. Чита полека, со паузи, со непопустлива безчувствителност во гласот го изговара секое име. Оние чии имиња веќе се прочитани, во очај стануваат, паѓаат на колена пред стражарот и го молат да ги поштеди, иако сите во ќелијата знаат дека помилување нема да има за никого. Анатолиј слуша како стражарот го изговара и неговото име. Знае дека смртта нема да одмине покрај него, но знае и дека мора нешто да стори. Почнува да се моли. Времето поминува и стражарот повторно влегува во ќелијата да ги однесе на стрелање осудените на смрт; исто е онака непопустлив, и изговара само една реченица: „Работ Божји Анатолиј е помилуван по застапништво на Мајката." Старецот, јеросхимонахот Јован Бузов, кој му беше духовен отец на Макариј, му објаснил дека тој, кој беше осуден на вечна смрт, бил помилуван по застапништво на Божјата Мајка. Старецот многу го сакал својот Макарко, како што милувал да го вика...
Животот на инокот Макариј многу малку нликувал на обичните житија на светиите, маченици за верата. Но и времето во кое ние живееме, според силината на делувањето на злите духови, се разликува од оние времиња во кои во светот победувала благата вест за Воскресението Христово. „Да се пробиеш" до Христа денес, веројатно е потешко од било кога. Далеку од тоа дека на сите им успева да ја изберат дури и исправната насока за „пробивање". Ѓаволот толку многу ги збунил луѓето, толку мазно ги поплочил „добрите намери" - во удобен пат кон пеколот! За да се скршне од таа разгазена патека, многупати треба да се падне и многупати да се стане.

Инокот Макариј паѓал и станувал. Секој свој пад го исповедал пред свештеникот, му ги откривал на старецот длабините на срцето. Вонредно ја завршува Курската духовна богословија, се подготвувал за ракополагање во свештенички чин. Сепак, ѓаволот толку се беше зафатил за покајаниот поранешен престапник, така што буквално почнал да го турка во гроб. Непријателот на човековиот род го наклеветил кај свештеноначалниците и почнал систематски да го „истиснува" од манастирот. Дошло до ова: што и да правел Макариј, што и да зборувал - се се вртело против него. Во такви тешки услови на духовно живеење, ракополагањето во свештенички чин се одложувало на неопределено време. Монахот се одржувал исклучиво од молитвите на старецот. Еднаш во присуство на Макариј, јеросхимонахот Јован ја спомнал смртта. Инокот за тоа му раскажал на еден жител на Корената обител, и заклучиле дека старецот зборувал за својата смрт. Дури подоцна станало јасно, дека схимникот го подготвувал инокот Макариј за смртта, кој го примил маченичкиот венец половина година по предупредувањето од старецот.
Вечерта на 24 декември 1999 година, ѓаволот го намамил инокот Макариј надвор од обителта во еден стан, во една зграда која се наоѓала во непосредна близина на манастирот. Тука дошле локалните „криминалци", кои претходно се плашеле од Макариј, сеќавајќи се на неговиот некогашен „авторитет". Но овој пат биле многумина, а Макариј бил сам, па таа ноќ немало од што да се плашат. Во разговорот тие потполно го исфрлиле инокот од духовната рамнотежа, ги навредувале монасите со најпогрдни зборови, хулеле на Бога. Макариј не го издржал психичкиот притисок, но не можел туку така да си замине. Збор по збор, го вовеле во „отворен разговор", кој завршил со многубројни убодни рани во телото на монахот. Ниедна од раните не била смртоносна. Го пронашле утрото во снегот, кај што искрварил и замрзнал од студот. Враната на друга врана не и ги копа очите. Го убиле само затоа што тој одамна веќе не беше „криминалец", туку монах, затоа што не можел да го поднесе исмејувањето на Христовата Црква. Тоа мислење го потврдуваат и луѓето со духовен авторитет. Тој повеќе не бил со ист дух како оние со кои некогаш имал заедничко минато... Неговиот живот по малку наликува на животот на главниот јунак од филмот „Убавата Калина", од Јегор Прокудин (со „подземен" прекар - Горје), чија улога извонредно ја одиграл Василиј Макаро тојвич Шушкин. Тука, низ целата драма станува збор за враќањето во нормалниот живот, земјата, татковината, како и на покајанието исто така, а потоа се стасува до смртта... Не случајно во завршните кадри од филмот, кој се снимал во едно глуво атеистичко време, се појавува Белиот Храм! Ѓаволот се надевал дека ќе му се одмазди на инокот Макариј за тоа што бил посрамотен, но повторно тој самиот се посрамотил. „Со светиите упокој го!" - му запеале манастирските браќа на погребот. Да се упокоиш со светиите, значи самиот да бидеш свет.
Господ не ја посакува смртта на грешникот. Тој не гледа на „капата", туку на срцето. А срцето на инокот Макариј, спрема општото уверување на оние православни кои го познавале и се однесувале кон него без предрасуди, било сосема туѓо за лукавство, за „квасот фарисејски" од кој во Светото Евангелие Господ не повикува да се чуваме. „Фарисеи, лицемери, лицемери" - Неговото разобличување на проклетиот грев на дволичноста се провлекува низ целото Свето Писмо како црвена нишка. Се чини дека ниту еден друг порок не му е толку противен на Бога како што е лицемерието, кое се вовлекува во душата како крадец во ноќта и те принудува да се докажуваш, а не ти дозволува да бидеш...
Господ ги зема најдобрите кај Себе. Врз крвта на мачениците се гради духовниот живот. Се гради и во Корената обител на Рождеството на Пресвета Богородица - и на крвта на монахот маченик за Христа, Макариј, по молитвите на упокоените и се уште живите старци на земјата, по молитвите на Божјата Мајка.


„Ќе ги претепам сите монаси!", викаше таткото на 20-годишниот младич кој судот го прогласи виновен за убиството на монахот и го осуди на 12 години затвор, по убиството на монахот Макариј. А слугинката Божја Ирина, го сонувала Макариј како оди кон манастирот говорејќи: „Наскоро јас овде ќе бидам началник". Началник не е само раководител, туку и оној кој го дава начелото на животот. „Многу добар, учтив, полн со почитување, човек со прекрасна душа", се сеќава на инокот Макариј пензионерката, жителка на селото Корен, Валентина Јаковљевна Горобец. „Знаевме дека цели 20 години ги помина во затворот, имаше неколку обвиненија за кражби, но кон него не можевме да се однесуваме со помалку љубов. Како целиот да светеше одвнатре, беше многу радосен, може да се каже и среќен. Со многу почит се однесуваше кон татко му и мајка му кои во селото Корен ги донесе од Твер. Неговиот татко го отпуштиле од тверската онколошка болница во последниот стадиум на ракот - пред да почине. Сметале дека подолго од една недела нема да преживее. Макариј се грижеше за татко му како за дете: го носеше на светите извори, на причест, на елеосветување, и татко му во Корен поживеа уште половина година, и за тоа време престана да пуши и веројатно се избави и од многу други пороци. Во целост, тој својот татко христијански го подготви за смртта. А мајка му ја преживеа смртта на синот, но само за кратко...Поранешниот намесник на манастирот, игуменот Григориј (Кренчев), се однесувал со многу љубов кон монахот почетник. Владиката Јувеналиј тогаш донел во манастирот две телиња, а Макариј се грижел за нив како за деца. Трчал во шталата, ги молзел, ги напојувал. Местото таму е чудесно, насекаде зеленило... Макариј мене многу ми помагаше, ми носеше вода, цепеше дрва, што се не правеше, понекогаш ќе зготвеше некоја тестенина или нешто ќе подгрееше, јас бев изнемоштена, а мојот маж Константин Иванович почина пред Макариј. Понекогаш Макариј ќе дотрчаше кај мене во 10 наутро: Што треба, Валентина Јаковљевна, има ли нешто за работа? И помагаше, постојано помагаше. На кого во селото Корен не му беше помошник! Такви како мене, осаме-ни старици, тука живеат многу".
„Новиот намесник на манастирот, архимандритот Јован (Рудаков), не го засака инокот Макариј" - ја продолжува својата приказна Валентина Јаковљевна Горобец. „Веројатно затоа што не можат сите да ги сакаат отворените личности каков што беше Макариј. Иако старецот Јован секогаш го оправдуваше Макариј пред намесникот. Макариј многу сакаше да добие потстрип многу сакаше да биде свештеник, а архимандритот Јован секогаш беше против тоа. Макариј поради тоа многу страдаше. Мегутоа, не настојуваше да премине во друг манастир, во Корен му се допаѓаше; не беше лесно ниту доселувањето на неговите родители овде, тука и својот татко го по-греба. Дури не беше спомнал ниту збор дека сака да се пресели на друго место. Во него имаше толку многу душа, добрина, уважување, внимание кон ближните, така што тој на тоа никогаш, според моето мислење, не ни помислуваше. Се сеќавам кога неговата мајка ми раскажуваше со каква вознемиреност ги примил зборовите на старецот за својата скорешна смрт: „Подготвувај се, подготви се... “ Прво мислел дека старецот тоа го рекол за себе, а потоа кога сфати се - колку само страдаше! Со Константин Иванович секогаш се трудевме добро да го нахраниме, бидејќи што има тој јадено, што има тој воопшто видено во животот, освен затворот? Би се рекло дека за 20 години од животот човекот мора потполно да пропадне, атој... Влегуваше во куќата, а ние чувствувавме радост, како се да се осветуваше со неговата појава, и секогаш говореше: 'Моето почитување, што треба да се работи? Има ли водичка?'- 'Нема Макариј.'- 'Сега ќе има.' И така секое утро. Кога мојот Константин Иванович почина, Макариј за неговиот покој и сам го читаше псалтирот и другите ги молеше за тоа, а по четириесет дена отиде кај својот старец да го праша: 'На кое место отиде Константин Иванович?', како тоа да му беше нему потребно, а тој толку се грижеше за нас, а не за себе."
„Се запознавме во манастирот во 1992 година", се сеќава поранешниот жител на Курско-Корениот манастир, Сергеј Мусорин (кој сега живее во светот). „Дојдов во обителта неколку месеци по него. А нашето пријателство започна кога јас бев ѕвонар, а тој требаше да го превземе тоа место. Се учеше од мене како треба да ѕвони. Потоа тој почна да ѕвони така што сите се восхитуваа. Неговото ѕвонење стана главна знаменитост на Корениот манастир, сите го сакаа, дури и оние кои за прв пат доаѓаа во обителта посебно обрнуваа внимание на бруењето на Макариевите ѕвона. За чудење беше тоа што тој претходно не учел да ѕвони освен тука, и немаше никакво музичко образование. Потоа основавме хор, и Макариј пееше. Кога беше болен, и кога тем-пературата му се качуваше до 40, тој повторно, во зима, шибан од сите ветрови, брзаше во камбанаријата и никогаш не се случи да не заѕвонат ѕвоната во определеното време според типикот. Последните неколку месеци за се му беше потребно посебна сила, присилување, го чувствуваше приближувањето на смртта. Не му ги простуваа неговите немоќи, иако тој совесно го исполнуваше тешкото послушание да ѕвони, но тој на сите им простуваше, на сите им помагаше, многу често ги утешуваше, и во манастирот многумина од нив ги помири. По неговиот совет многу парови од локалното население се венчале. Со него никој никогаш не беше тажен, секогаш знаеше да охрабри, да утеши."
Своите гревови инокот Макариј ги измил со маченичка крв. На опелото во Корениот манастир, со благослов на митрополитот Курски и Рилски Јувеналиј, кое го извршуваше јеромонахот Роман (Архипов), жителите на манастирот плачеа клечејќи на колена. Инокот Макариј е погребан во скитот на Преподобниот Серафим Саровски, на манастирските гробишта. Вечнаја памјат!
Евгениј Мурављов, град Курск


Превод: Ѓакон Константин Донев

 

Извор:

 13.09.2018 лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7615
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная