Манастир на св. Прохор Пчински - Преждеосвештена Литургија – Тримир

Во средата, 25.02.2015, кога се слави споменот на Свети Мелетиј, архиепископ Антиохиски; Свети Алексиј, митрополит Московски;Преподобна Марија; Свети Антониј, патријарх Цариградски и Света Калија, во манастирот на Свети Прохор Пчински се отслужи Литургија на Претходноосветени дарови, на која верните, кои го понесоа подвигот на тримирот од тридневното лишување од вода и храна, се причестија со претходноосветените Христови Дарови.








Библијата воопшто нема за цел да укаже на начинот како е создаден светот и човекот, туку дека овој свет има свој Творец, тоа е главната цел. Бог твори од љубов, а „љубовта е самиот живот на Света Троица„, вели свети Григориј Ниски. Бог љуби и твори, останува на нас дали ние таа љубов ќе ја возвратиме во Христа или ќе ја одбиеме во себе. Да бидеме ли сотворители во љубовта Божја или сотворители во гордоста човечка? Првата пресоздава и сè ново создава и созданието е украс (космос), а второто, го троши создаденото и од созданието прави хаос.







































