,,Ние не го примивме духот од овој свет,туку Духот Кој иде од Бога“
Духот на овој свет од овци прави волци, додека Духот што иде од Бога од волци прави овци.
Апостолот уште додава дека сме примиле Дух Божји затоа ,,за да знаеме што ни е дарувано од Бога“.
Значи да дознаеме што е во нас од Бога и што не е од Бога,и да ја осетиме радоста од она што е од Бога и горчината од она што не е од Бога туку од духот на овој свет.