Статии на Велики Петок (29.04.2016)
На 29.04.2016 година, Вечерта на Велики Петок, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Tетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Утрена и беа отпеани Статиите на ОПЛАКУВАЊЕТО ХРИСТОВО, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово. Во милозвучното пеењето на статиите учествуваше и градскиот хор „Менада“ од Тетово под раководство на маестро Ивица Зориќ.









На Велики Четврток, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан чиноначалствуваше на Вечерната Василиевата Литургија во црквата Св. вмч. Димитриј Солунски во Скопје. По отслужената Литургија се изврши Светата тајна Елеосвештение (Маслосвет).





































