доц. д-р Милан Ѓорѓевиќ - За справувањето со простотијата
Неспорно е дека сме некултурни, невоспитани, необразовани, дека се восхитуваме на секаков евтин (но и скап) кич, дека турските сапуници ни стануваат мерка за стварноста и вредностите, дека во кафаните ечи турбо-фолк, дека на празниците и свеченостите го оставаме зад себе и она малку достоинство што го имаме. Сето тоа е премногу очигледно. Прашањето што ме мачи е: дали ако тоа се промени ќе станеме навистина подобри?