Евангелисти
ев.Лукажиро сметка: 300000001932567 МПЦ Манастир Свети Никола, село Љубанци, Скопско
Бескрајна е радоста во срцето на верникот кога во животот ќе му биде понудена можноста да дарува за изградбата или за фрескописот на нова црква. Таа радост ја расплатува во неговото срце благодатта на Светиот Дух, без која никој нема да почувствува силна желба да дарува за црквата. Нему му станува јасно дека кога дарува во слава на Бога и од љубов и благодарност кон Светителите, всушност, тој е оној што е бескрајно даруван.
По објавувањето на веста за чудната појава во црквата Свети Димитрија во Скопје во вчерашните вести на Канал 5, денеска голем број граѓани гледаа во чудото Божјо.
Почнувајќи од утринските часови, па во текот на целиот ден, свештениците во храмот како и мноштвото граѓани беа сведоци на необјаснивото, за рацоиналниот човечки разум, заживување на фреските кои што небаре само што беа реставрирани, а сепак човечка рака ги нема допрено. Особено беа впечатливи чистите и јасни бои на ореолите на светиите, како и блескавите крилја на ангелите на фреските.Дури и многуте новински и ТВ екипи кои веднаш по првичната вест за самообновувањето на фреските беа во храмот.
За многумина, ако не и за мнозинството парвославни христијани, постот се состои од ограничено количество формални, претежно негативни правила и прописи: воздржување од извесна храна, игранки и, можеби, од кино. Ние сме оддалечени од вистинскиот живот на Црквата во толкав степен што ни е речиси невозможно да разбереме дека во постот има нешто друго,...
Деца, овојпат сакам да споделам со вас некои мои сознанија, доживеани како одредени случувања, кои ги чувствувам како клучни во мојот духовен живот, а се надевам многу ќе ви помогнат и на вас. Примете ги како проста исповед (без многу објаснување) и помолете се за мене бидејќи, иако знаев, многу потфрлив во исполнувањето. ...
Книгите со својата вечна убавина насекаде во светот, па и кај нас се основа на националната култура и богатство која ни ги отвора животните хоризонти, која ни го доближува светот на непознатото и не облагородува со духовни вредности и знаење, истакна премиерот Никола Груевски вечерва на отворањето на 23. Меѓународен саем на книгата.
Вие се занимавате со добротворна дејност. Господ нека ви помогне. Тоа е многу тешка и вознемирувачка работа, иако секогаш следена со длабока утеха. За некоја боја велат дека таа толку длабоко и цврсто влегува во материјалот кој се обојува, што останува засекогаш на него... Така и доброчинството ја обојува душата!..
(Од архивата на Преминпортал)
Свети Климент Охридски делувал во особено тешки историски, општествено културни, верски и политички прилики. Во верски поглед Македонија во тоа време се нашла вклештена помеѓу западното папско, римско влијание и јужноисточното притискање од Византија. Во земјата владеела неписменост и непросветеност.
Даровите кои отец Серафим ги стекнал со долготрајното и значајно подвижништво, со долгото пустинство и со строгото затвореништво, не се појавиле само преку поучување, наѕидување и раководење на ближните, преку упатување на патот на спасение, туку и во големата проникливост и помош кон сите, кои барајќи исцеление од разни телесни и душевни болести, му се обраќале со топла вера во Бога и со искрено смирение.
Јас отскогаш сум бил на мислење дека за умрените не треба дасе облекува црнина, туку празнична облека и дека не треба да се пеат тажни песни, туку да се служи благодарствен молебен.
Тоа не е неочекувана несреќа, туку заедничка судбина на сите нас. Разделувањето е тажно, но тоа не е без крај... Денес-утре и ние ќе отудеме таму.
Слава, и сега: Алилуја (Три пати). Господи помилуј (Три пати).
Потоа: Спаси ги Господи, и помилуј ги сите православни христијани и на секое место од Својето владеење оние кои православно живеат. Подај им, Господи, душевен мир и телесно здравје и прости им го секое прегрешение, волно и неволно, и со нивните свети молитви, мене покаениот, помилуј ме.