Митрополит Методиј: Божиќно послание (2018)
Иако Творец на универзумот, Христос не одбра да се роди во Ерусалим или Рим, туку во малото местенце Витлеем. Тој не одбра да дојде во познато или општествено влијателно семејство, туку во семејството на дрводелецот Јосиф и девојката Марија. Богомладенецот не одбра рождество во удобна палата опкружен со лекари и медицински помагала, туку во скромна и неудобна штала.