БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА И СИНАКСИС ВО МАНАСТИРОТ СВ. БОГОРОДИЦА ВО БЕРОВО (21.07.2019)
Затоа и секој од нас треба да се преиспита – дали како Евреите го бркаме Исуса Христа од себе со своето однесување ?
Односот кон Христос зависи од тоа како ги усмеруваме страстите – кон љубов или омраза. Отецот критикуваше: веднаш по Литургијата место да останете на синаксисот се извинувате дека имате работа и си одите. Во секојдневното однесување се свртуваме кон другите и ги озборуваме. Во расправии со ближните страстите се будат и ни даваат сила за завист, клетви, блуд.