Не очајувајте во неволјите и не кревајте раце од сè. Почесто читајте го Евангелието. Исус Христос им проштавал на сите кои се каеле, но и предупредувал: „Оди си и не греши повеќе“. Почесто прибегнувајте кон Него, бидете свесни за своите недела, молете за помош, принудете се секогаш, како гласно, така и во себе, да ја повторувате Исусовата молитва.
Божествена Литургија во храмот на св.пророк Илија, Скопје (25.12.2018)
Во триесеттата недела по Педесетница, на денот кога Светата Христова Црква молитвено го прослави споменот на свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски , во храмот на св.пророк Илија, во скопската населба Аеродром, отец Златко Малинов во сослужение на ѓаконот Александар Брајановски отслужи Божествена Литургија.