Архимандрит Партениј: Што значи тоа љубов?
Лесно е да кажеш - љубов. Но, колку само подвиг треба за да ја стекнеш вистинската љубов. Таа нѐ завидува, нѐ суди, не се срди, на сѐ се надева, во сѐ верува. Таква е љубовта. Оти ако завидуваш, ако сѐ срдиш, како можеш да имаш нешто заедничко со Бога? Ако постојано судиш или завидуваш, како ќе живееш во просторот на љубовта? Таа ќе те гори, ќе те пече, ќе те измачува!