Иконата „Сладок бакнеж’’ (грчки Гликофилуса) се прослави во времето на грчкиот император- иконоборец Теофил (829-842). Еден од блиските на императорот, Симеон, го поддржа својот господар во омразата кон иконите. Тогаш неговата сопруга Викторија, во тајност ги почитуваше иконите и имаше кај себе во внатрешните одаи икона на Богородица, на која и` се поклонуваше.
Тогаш тие се вратија во Ерусалим од планината, наречена Елеон, која се наоѓа близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење. И кога дојдоа, се искачија во горната одаја, каде што живееја Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов. Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење со некои жени и со Марија, мајката на Исуса, и со браќата Негови.
Овој славен и победоносен светител беше роден во Кападокија од богати и благочестиви родители. Татко му пострада за Христа, а мајка му се пресели во Палестина. Кога порасна, Георгиј отиде во војска и во својата дваесетта година го стекна чинот трибун и како таков служеше при царот Диоклецијан. Кога овој цар започна страшно гонење на христијаните, Георгиј истапи пред него и одважно исповеда дека е христијанин.
глас 4
Како ослободител на плениците
и заштитник на сиромасите,
лекар на немоќните, помошник на владетелите,
победоносче, великомачениче Георгие,
Ангелите што Јаков ги видел
како се искачуваат и слегнуваат по небесната лествица,
сега одат по земјата како весници
на Синот Човечки, Кој господари на небесата.“
Секој влегува во овој живот низ мајкината утроба, секој заминува од овој живот низ смрт и гроб. Тоа е правило. Само што за нас кои веруваме во Христа смртта повеќе не претставува мрачна бездна, туку раѓање за нов живот и враќање во својот дом. Гробот за нас повеќе не е вечен мрак, туку само една врата на која нè чекаат сјајни ангели Божји.
Со Своето Воскресение Господ го извел родот човечки од пеколот и го вознесол во Рајот. Господ го извлекол од смртта родот човечки и го вознесол во Бесмртноста. Господ од ништо, од небитие го воскреснал човечкото битие во Живот Вечен. Господ му го одзел човекот на ѓаволот и го дал во прегратката на Бог. Тоа е Воскресение!
Секогаш на Пасха, оние кои се наоѓаат во и близу до храмот, стануваат сведоци на слегувањето од Благодатниот Оган. Благодатниот Оган не го палат луѓе, туку слегува од Господа и притоа на поклониците им носи чувство на духовно исцелување, а на болните и немоќните им дарува телесно исцелување и со тоа се потврдуваат голем број настани кои ни се добро познати од Библијата.
. Кога измина саботата, на осамнување во првиот ден на седмицата, дојдоа Марија Магдалина и другата Марија да го видат гробот.
2. И ете, стана голем потрес: ангел Господов слезе од небото, пристапи, го отстрани каменот од гробната врата и седна на него;
3. лицето му беше како молња, а алиштата – бели како снег;
Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика сабота е исполнета со исчекување на благодатта на Неговото Воскресение. Смртта на Господ веќе ги воскреснала упокоените праведници во Ерусалим кои им се јавиле на мнозина, а први што трепереле пред можноста да се објави како воскреснат биле непријателите Негови
Икос: Оној што држи сѐ, на крст се вознесе, и сета твар плаче, гледајќи Го како виси на дрвото; сонцето зраците свои ги скри, ѕвездите ја загубија светлината, а земјата со голем страв се затресе, и морето побегна, и камењата се распаднаа, многу гробови се отворија, и тела на свети луѓе станаа; адот долу стенка, а Јудеите се советуваат да го затајат Христовото воскресение;
Адот царува над родот човечки, но неговата власт не е вечна. А кога легна во гробот, Сесилен, со Твојата животворна рака, си ги скршил клучевите на смртта, и на оние што од вечноста таму спиеле, Ти им го проповедаше вистинското избавување, Спасителе, Кој си првенец од мртвите.
Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста.
Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој.
Овој е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените