Старец Ефрем Филотејски: Совеста и послушанието
Невозможно е човекот да чекори по овој пат, а да не се сопне некаде зашто ѓаволот од една страна, а светот и телото од друга, непрестајно поставуваат пречки во неговиот живот и тој на нив се сопнува, сразмерно на своето невнимание. Затоа, за човекот е полезно кога ќе падне, веднаш да стане и да побара прошка.