Александар Шмеман- РАДОСНА ТАГА

За многумина, ако не и за мнозинството парвославни христијани, постот се состои од ограничено количество формални, претежно негативни правила и прописи: воздржување од извесна храна, игранки и, можеби, од кино. Ние сме оддалечени од вистинскиот живот на Црквата во толкав степен што ни е речиси невозможно да разбереме дека во постот има нешто друго,...






Вие се занимавате со добротворна дејност. Господ нека ви помогне. Тоа е многу тешка и вознемирувачка работа, иако секогаш следена со длабока утеха. За некоја боја велат дека таа толку длабоко и цврсто влегува во материјалот кој се обојува, што останува засекогаш на него... Така и доброчинството ја обојува душата!..

Даровите кои отец Серафим ги стекнал со долготрајното и значајно подвижништво, со долгото пустинство и со строгото затвореништво, не се појавиле само преку поучување, наѕидување и раководење на ближните, преку упатување на патот на спасение, туку и во големата проникливост и помош кон сите, кои барајќи исцеление од разни телесни и душевни болести, му се обраќале со топла вера во Бога и со искрено смирение.
Јас отскогаш сум бил на мислење дека за умрените не треба дасе облекува црнина, туку празнична облека и дека не треба да се пеат тажни песни, туку да се служи благодарствен молебен.
Слава, и сега: Алилуја (Три пати). Господи помилуј (Три пати).


Во Страсниот понеделник Црквата ни ја дава за размислување темата за бесплодната смоква, осудена од Христа. Вторник е посветен на темата за Мудрите девојки кои, за разлика од своите неразумни сестри, биле спремни за Господовото доаѓање. Во среда нашето внимание е свртено кон покаената блудница. Службата ја нагласува разликата помеѓу спасената грешна жена и погинатиот Јуда, избран како апостол: првата го дава своето богатство на Христа и ги бакнува Неговите нозе, а другиот пак, за пари го предава со бакнеж.
Светите апостоли Петар и Јован Богослов од почеток проповедале во околината на Ерусалим. Кога биле во гратчето Лида, обрнале многумина кон Христа и основале црква, посветена на Пресвета Богородица. Во тоа време за црквата настапил мир, што било поволно за градењето на храмот. А кога се вратиле во Ерусалим, апостолите ја помолиле Пречистата да ја посети Лида,
























