Божиќно послание на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
Нека годината којашто доаѓа биде време на победа над злото и над непријателствата коишто владеат со светот, да биде време благопријатно за изобилни духовни плодови и време во кое ќе заврши страдањето од подмолната болест; нека биде и време на благодарност до здравствените работници, чија саможртва треба да биде за пример.
На сиот наш народ, овде во Татковината и насекаде по светот, им ги честитаме божикните празнувања, поздравувајќи ги со серадосниот поздрав:
– Х Р И С Т О С С Е Р О Д И !
Честито и од Бога благословено новото лето Господово!