Недела на простувањето, Велес (13.03.2016)

Во Неделата на простувањето - Прочка, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на голем број свештеници од епархијата отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На Литургијата присуствуваа голем број верници од Велес, кои молитвено побараа прошка од Бога.




















Христовото учење не подразбира буквално влечење големи дрвени крстови како Неговиот, туку подразбира мирно прифаќање на искушенијата, вели отецот и додава дека секој човек со чисто срце и искрена вера неговите зборови ќе ги сфати како повик на разумност и толеранција. Презаситени сме веќе од патриотски и националистички прикаски и крв, вели владиката. И навистина сме презаситени.



























