Веќе ќе настапи патувањето (постот) кон царството Божјо внатре во нас, нека е придружено со молитва и литургиското единство во Христа преку Неговото Тело и Крв, Кој за нас и заради нашето спасение го помина и четириесетдневниот Пост, покажувајќи ни како да благодариме и оддолееме на искушенијата, како да го земеме крстот во нашиот живот и да земеме учество во Неговите страдања и смрт, та да бидеме сведоци и на нашето воскресение во Неговото Воскресение, паметејќи ги Неговите зборови, Без Мене не можете да направите ништо!
„Да го започнеме светлото време на постот!
Да се подготвиме за духовен подвиг.
Да си ја очистиме душата, да си го очистиме телото.
Да се воздржиме, како од храна, така и од секоја страст со добредетели насладувајќи си го духот.
Та, усовршувајќи се во љубовта да се удостоиме сите да ги видиме сечесните страданија на Христа Бога и светата Пасха духовно радувајќи се!„
13-ти март, лето Господово 2016