Протоереј Алексеј Уминскиј: Зошто заминав од социјалните мрежи
Ми се чини дека потребата да се ‘‘живее виртуелно’’ на социјалните мрежи во голема мера се должи на можноста да се говори од ‘‘говорница’’, не сносувајќи одговорност за своите зборови. Човекот на интернет станува невидлив. Тој може да настапи од никаде. Психолошки тоа е многу удобно. На социјалните мрежи соговорникот не ги гледа твоите очи, изрази на лицето, твоите вистински емоции.