За гревот и покајанието (01.04.2016)

Грешиме „со дело“ кога правиме нешто противно на заповедта Божја. Ако човекот се предава на прејадување, пијанство, лакомство, тој греши против заповедта Божја. Крадењето, грабежот, убиството и другите слични постапки се исто така гревови со дело.
✤✣✤









Светиот Дух нè учи да ги љубиме непријателите, така што душата ќе ги сожалува како родени деца. Има луѓе кои на своите непријатели или на непријателите на Црквата им сакаат погибел и маки во пламенот на пеколот. Тие мислат така затоа што Светиот Дух не ги научил на љубовта Божја, оти тој кој е научен на таа љубов, ќе пролева солзи за целиот свет.


07. април (четврток, Благовештение), 09:00 Света литургија;





































