ЗА СВ. ГЕОРГИЈ И ВОСПИТАНИЕТО НА ДЕЦАТА
Ако мајката го прекорува таткото, а таткото ја игнорира мајката, на децата ќе им биде многу тешко да го следат Христос. Секако, има светители кои потекнуваат од растурени семејства, од разделени семејства без родители и кои сè постигнале сами. Меѓутоа, сега не зборувам за децата, туку за обврските на родителите. Затоа што не создаваме деца само за да се забавуваме. Тоа е голема одговорност. И токму за тоа зборувам.