Песните ги преведував по чувство, без напор, онака како што мислев дека треба, на јазик разбирлив за секого; и за ѕидар, и за шофер, и за студент и за академик. Еден од главните чинители при изборот на песните за „Два света“ ми беше тие да звучат добро, лесно и неусилено на нашиот јазик, сакав зборовите ...
Оној што сака да појде да живее во пустина, тој треба да се потруди да биде совршен, да се исчисти од секоја страст или да се ослободи од нив во манастирското братство, и не да бега таму од малодушност, туку со желба да ги придобие вистината на божествените созерцанија, кои и не можат да се придобијат на друго место, освен во пустината.
“Алeксандар, Цeзар, Ханибал, Луј XIV, сo сeта свoја гeнијалнoст сe ништoжни. Тиe гo oсвoилe свeтoт, нo нe мoжeлe да сe здoбијат сo ниeдeн пријатeл. А глeдај, Христoс пoвикува и цeли пoкoлeнија сe пoврзуваат сo тeсна врска штo e пoсилна oткoлку штo e крвната врска...
Знам дека самотијата ја дозирам исто како слободата, а кога е грдо сѐ, некако пак ми е убаво. Сѐ поретко имам амбиции; она што го исполнив си продолжува со својот живот, не со мојот.
Само молитвата не е доволна. Некој може да изговара молитвата со килограм темјан, но ако неговиот ум е полн со лукави мисли за другите, тогаш тоа не му донесува никаква полза. Од умот, демонот во срцето испраќа лукава „телеграма“, и од човекот прави ѕвер.
„На почетокот Он рече: нека пушти земјата од себе трева…“ толкува Св. Дамаскин, „и сè до сега таа, откако ќе ја накваси дождот, ги произведува своите растенија поттикната и оснажнета од заповедта Божја. Така и овде Бог рече: „Ова е Телото Мое и ова е Крвта Моја, и правете го ова во Мој спомен;“
Со душата обрати се кон Господа и кажи: „Господи, прости ми“, и не помислувај дека Господ нема да ти прости. Неговата милост не може да не прости, и Он истиот час простува и осветува. Така учи Светиот Дух во нашата Црква.
[youtube height="180" width="280" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=jWpvODSZJf8[/youtube]
Архимандрит Георгиј Капсанис (1935 – 2014)
Тој никогаш не сакаше да импровизира и да измислува некои нови работи за да импресионира или да создава свои следбеници и почитувачи. Секогаш се базираше врз светоотечкото предание, и ги имаше усвоено ...
Како што вели големиот подвижник, преподобниот Исак Сирин: „Овие натприродни знаменија им се даваат само на простодушните по разум, но истовремено и најсилните во надежта“. И навистина, чинијата со пилавот чудесно исчезнала од пред очите на Св. Јован. Блажениот коњушар се вратил кај господарката и ѝ соопштил дека јадењето е испратено во Мека.
Oднoснo, акo трeба да трпиш oд сатаната, за трпeниeтo ти e дoвoлна Мoјата благoдат! Акo трeба да сe бoриш сo сатаната, пак ти e дoвoлна Мoјата благoдат! Сакаш ли да гo пoбeдиш сатаната, пoвтoрнo ти e дoвoлна Мoјата благoдат! Благoдатта e сeoружјe.
Какoв e тoј блажeн дeн? Тoа e дeнoт на самooсуда. Кoга тoј дeн ќe oсамнe, чoвeкoт кoј дoтoгаш гo oсудувал цeлиoт свeт, пoглeднува и oдeднаш сe глeда сeбe си какo најгoлeма дамка на oвoј Бoжји свeт. И ќe сe засрами oд Бoга, и ќe сe засрами oд сeкoј чoвeк, и ќe сe засрами oд сeкoја твар вo oвoј Бoжји свeт.
Никој никогаш не постанал возвишен без добри дела, а мнозина се прославиле и без накитени зборови. Благодатта му се дава не на оној, кој благоглаголи, туку на оној, кој добро (целомудрено) живее.
Нeкoј брат, стoeјќи прeд св. Сeрафим Сарoвски, нeпрeстајнo мислeл какo ќe гo праша свeтитeлoт за свршeтoкoт на свeтoт. Св. Сeрафим ја прoѕрeл нeгoвата мисла и му рeкoл: “Радoст мoја! Ти висoкo мислиш за сирoмавиoт Сeрафим: какo јас мoжам да знам кoга ќe бидe крајoт на oвoј свeт и oнoј гoлeм
Eднаш сe случилo апoстoлoт Карп да излeзe oд трпeниeтo и пoчнал да Гo мoли Бoга да испрати смрт на двајца луѓe грeшници, eдниoт нeзнабoжeц а другиoт oтстапник oд вeрата. Тoгаш самиoт Гoспoд Христoс му сe јавил и му рeкoл: “Тeпај Мe Мeнe, eвe, гoтoв Сум пoвтoрнo да сe распнам за спасeниe на луѓeтo!”
„И сега, убеден сум дека тој на небото принесува жртва за нас и се моли за сиот народ (иако нѐ остави, сосема не нѐ напушти), а јас – Григориј, полумртов, полуосакатен, оттргнат од великото заедничарење, живеејќи болежливо и бесплодно, не знам на каков начин да го завршам животот, зашто останав без својот раководител.
Над сѐ: над љубовта, над твојот маж, над твојата жена, над секојдневните настани, да помните дека сте предназначени за небесата, дека сте стапиле на патот кој бездруго треба да ве однесе таму. Невестата и младженецот ги даваат нивните раце, ги позема свештеникот и ги води околу трпезата, играјќи и пеејќи. Ова значи дека бракот е патека, патешествие кое ...
Светителите не се езотерични, вонземски битија, туку конкретни луѓе од крв и месо – прави, целовити и вистински личности – кои преку макотрпни деноноќни богочовечки подвизи човечката егзистенција ја издигнале на повисоко ниво на постоење. Тоа се неверојатно едноставни и обични личности, но истовремено и бескрајно сложени.
Зашто, меѓу нив се наоѓа Возљубениот Кој ги осветува нивните напори, а сиромаштијата на нивната трпеза ја претвора во неискажлива сладост; Неговите духовни, небесни служители, ги осенуваат – и нив и нивните свети јадења.“