Одговори на вашите прашања (19.03.2019)
Според светите Отци човекот е создаден со разумна душа и прекрасно тело, според образот Божји, според Христа, и со сета свое битие како личност создадена според Бога, во сѐ се уподобува на Христос, совршениот Бог и совршениот Човек. Сѐ му служи на Бога, и умот и разумот, и душата и телото, сите подеднакво достоинство имаат во однос на Бога. Инаку, самиот ум има две функции, примарна која се храни со Бога преку молитвен заедница со Него, и секако крвна заедница преку причеста.