Старец Јосиф Спилеот - Неправичен или за осуда сум кога ќе речам: зошто не размислуваат...
Значи, целта на досега напишаното е една: да ја загреам вашата душа, да ве поттикнам на ревност и да ви побудам желба за најслаткиот наш Исус, како што во војската генералите им раскажуваат за подвизите на храбрите војници така што ги поттикнуваат да се борат бестрашно. Но, и тие што пишуваа за животот на Светиите и ги објавија нивните слова, го сторија тоа со таа цел.