Монах - тоа е оној, чија вредност е во неговата ноќна молитва
- Монах- тоа е оној, кој не само што се труди да се моли нерасеано, но и живее нерасеано.
- Монах- тоа е оној, во кого Божестевената Љубов го најде своето живеалиште и кој стана непобедлив и непристапен за непријателот.
- Монах- тоа е оној, чија непрестајна молитва стана непрестајна Љубов кон Бога.























Оној кој нема молитва чиста од помисли, нема оружје за одбрана. Зборувам за молитвата што постојано дејствува во внатрешноста на душата, за молитвата во која со повикување на Христос се поразува и се спалува непријателот кој тајно војува.



























