Избор од фејсбук страната на о. Горан Стојчевски (27.07.2015)

Сите по било која основа доаѓаме до некаков заклучок, ама никако да признаеме дека клучот е кај Господ. Се додека не побараме да ни го отклучи срцето ќе си останеме заклучени во гревот. п.с. Жал не фаќало, допрва ќе не фаќа жал, само барем да биде по Бога.






Aмериканец од грчко потекло, семеен човек, ја здогледал несоздадената светлина – „ несоздадената светлина“ се нарекува така, затоа што не е создадена, т.е. без почеток е, таа е Божествена енергија, самиот Бог; највисоките духовни подвижници живеат во неа; таа е цел по која копнеат сите кои се подвизуваат и се смета за искуство на обожението, за учество на човекот во Божествената енергија, „…на заедничарите на Божествената природа...“.









































