Архимандрит Андреј Конанос: Покајанието – слатка тага на душата (I дел)
„Покајание“ – колку убав збор! Измена на мојот ум (грчкиот збор μετὰνοια), го менувам својот поглед на работите, го менувам своето мислење, своето настроение, срцето, односот кон животот, поинаку гледам на светот, на животот, станувам нов човек. Покајанието означува повторно раѓање, обновување на мојата душа, јас буквално се враќам назад во времето и ставам нов почеток, и станувајќи нов човек,