Арх. Карелин: ЗА ОСУМТЕ ОСНОВНИ СТРАСТИ ПРОТИВ КОИ ХРИСТИЈАНИНОТ МОРА ДА СЕ БОРИ
Во нашата душа е и светлината на Рајот и пеколниот пламен.
Нашата душа е налик на прекрасен небесен цвет, но цвет кој е покриен со отровни пајаци.
Нашата душа личи на преубав неракотворен храм во слава на Бога Севишниот, но по скалилата на овој храм ползат страшни змии.