Живи затрупани на депонија од заблуди
Гледам: штом напишам колумна за тоа што треба секој човек да поправи кај себе, читаноста ми паѓа. Штом напишам идеолошки калорична колумна, читаноста расте. Ама тоа не ме радува: тоа значи дека народов е навикнат на идеолошки фаст фуд, а не на здрава човечка, морална и антрополошка храна. И интересно, многу повеќе сака заблуди, одошто вистини. И многу заблуди прогласува за вистини, зашто така му е полесно. Алибито да не се слушне вистината е болест на нашата доба. Јас си продолжувам, па кој чита – чита.