Светскиот дух е болест – Св. Пајсиј Светогорец
На ист начин и светот има свои мамки и ги уловува луѓето. Тие се привлекуваат од светскиот дух и паѓаат на неговата измама.
Светското мислење е болест. Како што човекот избегнува некоја болест, така треба да го избегнува и светското мислење во сите негови манифестации. Да се оттуѓи од духот на светскиот прогрес, за да напредува духовно, да биде здрав духовно и да се радува со ангелска радост.







Насекаде е неопходна побожноста. Бог ги создава луѓето без претходно да ги определи како успешни или неуспешни во нивниот живот, но оној, што нема побожност, каков живот и да живее, тој ќе претрпи неуспех. Додека, побожниот човек напредува, каде и да се наоѓа, бидејќи Божјата благодат е со него.
Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците и Божјите угодници, односно го започнал својот подвижнички живот на планината Синај во Египет. Како послушник Јован поминал речиси 20 години со својот духовен учител, а по смртта на мудриот старец, се повлекол во потполна самотија на Синајската планина.
Ако не сакаш да страдаш, не барај НИ ДА СЕ ИСКАЧУВАШ! Ако не сакаш да тагуваш, НИ БЛАГОДАТ НЕ БАРАЈ!… Зошто унинствуваш, се обезнадежуваш, зошто се изнемоштуваш? Толку ли бргу се откажуваш од борбата? Еве гледај. Бог им допушти на демоните да вршат влијание за да видиш каде се наоѓаш, за да се појави твојата гордост, за потоа да се смири твоето срце, за да осознаеш дека си
Прашањето не е за тоа што го пишуваме, туку главно за тоа што не го пишуваме затоа што се плашиме. Се плашиме дека ќе го прочитаат и разберат, дека ќе не изобличат, дека погрешно ќе не разберат, дека нема да ја видат длабочината на нашата болка, на нашата мисла, на нашето срце. Затоа претпочитаме да напишеме нешто полесно, поедноставно и подостапно, нешто плитко и банално.
И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во животот на светителите коишто иако имаат стигнато многу блиску до Бога, сепак имаат едно вистинско покајание, еден покаен дух кој нѐ изненадува, зашто ние ја гледаме светоста на нивниот живот, но и крајното смирение и големото покајание нивно.
Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му се приклонува на гревот, толку Божјата благодат отстапува од него.
Злопамтливоста е последица на гневот,
Кога ни задават рани со тоа што нѐ изобличуваат, да си спомнуваме за нашите гревови, сѐ додека Господ, гледајќи ја нашата мака, како и злото што ние самите си го правиме, не ги избрише нашите гревови и маките, што го нагризуваат нашето срце и не ги претвори во радост, како што вели за тоа светиот пророк и псалмопеачот Давидː „Кога се намножуваа тешкотиите и во срцето..
Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста, најнапред треба да го уништиме нејзиниот внатрешен причинител, а тоа е гревот. Господ Исус Христос како Бог ја знаел причината за болеста на фатениот, па затоа најнапред ја излекувал неговата душа, опростувајќи му ги гревовите.

Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во Црквата) поради воплотувањето на Синот Божји од Дева Марија и Светиот Дух, Кој стана и Човек – Богочовек, како и поради сето она што Он го направи за нас и нашето спасение. При сето ова,
Св. Архангел Гавриил е служител на Божјата сила и семоќност и известител на најдлабоките спасителни Божји тајни. Неговто име значи „сила Божја“. Имено, на архангел Гавриил му се припишува учеството во настаните од видението на Јоаким до возвестувањето на добрата вест на Ана. Подоцна, откако светата Дева на четиригодишна возраст била одведена во храмот, архангел Гавриил ја поучувај и секојдневно и’ носел храна во деветиот час, во продолжение на 12 години.
Во животот неизбежно ќе страдаме и ќе носиме крст, сакале или не, и ќе бидеме распнати, сакале или не, и ќе умреме на него, сакале или не, но на крстот на овој живот, и само во овој живот, имаме единствена можност да Го препознаеме Оној Кој се распна заради нас и да Го исповедаме за Господ преку волевиот подвиг на послушанието кон духовниот отец, и во свое време од Него Самиот да слушнеме во срцето:
Покажи ме како Твое живеалиште на единиот Дух, а никогаш живеалиште на гревот. Та како од Твој дом по примањето на светата Причест да бега од мене секој злотвор, секоја страст. за молитвеници Ти ги приведувам сите светии, чиноначалствата на бесплотните сили, Твојот Претеча, мудрите Апостоли, а со нив, и Твојата Непорочна, чиста Мајка, со чии молби, милосрден, прими ме, Христе мој, и син на светлината,
























