Митрополит Лимасолски Атанасиј: Да се види Бога во лицето на другиот
Ако детето научи да ги понижува луѓето, тогаш кога ќе порасне, во него нема да има ништо достоинствено. Тоа е докажано. Јас сега имам 42 години и имам многу пријатели кои се во брак, кои ги знам уште од детството и ги гледам како живеат во своите семејства. Што гледам во нивните семејства? Јас гледам копија на нивните родители, која и сега се повторува, односно меѓусебно се расправаат и караат. Кога одам кај нив, на ум ми доаѓаат нивната мајка и татко.