Митрополит Николај Месогејски: Како да влеземе во Божјата логика – V дел
Така Он започнува: „Блажени се бедните по дух, зошто нивно е Царството небесно.“ Еве на што современиот рационален свет би можел да се потсмева… Блажени се „неугледните“. Но оваа фраза „бедните по дух“ значи нешто друго – значи скромните, смирените. Блажени се скромните, оние кои се скрушени. Ова не е лесно прифатливо, ни во современата секуларна логика, ни во природната логика.