Отец д-р Ацо Гиревски: ОТПРАЗНУВАН СВЕТИ НИКОЛАЈ МИРЛИКИЈСКИ ЧУДОТВОРЕЦ ВО КАШИШТЕЦ, СКОПЈЕ (19.12.2016)

Воочливо е дека на денешниот свет му е потребно милосрдие и сочуство, односно способност за емпатија. Ете, по тој повод нашата Помесна Црква преку цела година потсетуваше на примери и конкретни личности, кои во животот ја имале за цел старозаветната порака: „Клони се од зло и прави добро“ (Пс 36, 27).






Со прсти, дење и ноќе, монахињите допираат камен: студен е, како што е студен и манастирскиот двор, додека низ него одекнуваат грубите удари на чеканот што го дроби студенилото камено, за мозаик. Студен камен? Зар не е и тоа привид, зашто во сè што е дело на рецете Негови мора да спие Божјиот оган?



На 





Душата човекова е жедна за благодат и близина со Бога возљубени и скапоцени мои браќа и сестри, но единствено примерот може да ја приведе душата на секој човек по патот на вистината или по патот на погибелта, во зависност од делата кои секој од нас ги твори, а за кои неодложно ќе го добиеме заслуженото.



Понекогаш, кога љубовта Христова нe допира, ја чувствуваме вечноста. Тоа не можеме да го сфатиме со разумот. Бог дејствува на Негов, својствен начин, кој е недофатлив за логиката. Во нашиот христијански живот не треба единствено да се потпираме на својот разум.

























